Connect with us

Македонија

Одбележана 1000-годишнината од основањето на Бигорскиoт манастир „Свети Јован Крстител“

Виолета | Media Press

Published

on

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше и се обрати на одбележувањето на 1000-годишнината од основањето на Бигорскиoт манастир „Свети Јован Крстител“, што се одржа под негово покровителство. 

Претседателот Пендаровски присуствуваше на Божествена архијерејска Литургија, со којашто чиноначалствуваше поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан, по што се обрати на присутните. 

Одбележувањето на 1000-годишнината од основањето на Бигорскиoт манастир „Свети Јован Крстител“ беше организирано согласно мерките и протоколите за заштита од Ковид-19.

„Пред три дена, во пресрет на овој голем ден, имав чест да го одликувам манастирот „Свети Јован Крстител“, со државен Орден за заслуги. Во име на македонските граѓани се заблагодарив за придонесот на ова култно место и тоа што тоа место го дава несебично низ вековите, во негувањето на духовното и културно-историското наследство на народот и земјата на која што припаѓа“ рече претседателот Пендаровски во своето обраќање.

Пендаровски меѓу другото рече: „Денешниов свечен ден е прекраток, за да ги опише, барем, главните настани од илјадагодишната историја на Бигорски. Но, кога, за момент,  на овие илјада години би гледале како на еден ден, тогаш би можеле да го видиме првиот Охридски архиепископ Јован Дебранин како го основа и осветува манастирот. Би биле сведоци на генерации верници, монаси и мирјани, како ја надградуваат и оддржуваат жива, бигорската обител. Би ги виделе македонските неимари како од варовник ги ѕидаат овие прекрасни градби, легендарните Мијаци – копаничари како трпеливо го резбаат бигорскиот иконостас, прочуените зографи како ги сликаат познатите фрески и икони.

Би биле сведоци на илјада празнувања на Христовото раѓање и воскресение. Би виделе како манастирот прераснува во извор на духовноста, писменоста, и преродбата, каде што дејствувале луѓе кои несомнено биле далеку пред своето време – Кирил Пејчиновиќ, Јоаким Крчовски, Анатолиј и Партениј Зографски и браќата Миладиновци.

Почитувани, за жал, би биле сведоци и на големи премрежија и несреќи. Низ вековите, Бигорскиот манастир преживеал прогони, пожари и војни,  но и надживеал империи, држави и идеологии. На моменти бил и затворан, но, никогаш, никогаш не бил заборавен и избришан од меморијата на луѓето. По секоја несреќа, монасите, заедно со народот, го обновувале ова светилиште, достигнувајќи нови духовни и уметнички височини.

Дури и ваквиот, сосема краток приказ на долгата манастирска историја, неминовно го наметнува прашањето: како овој храм на спокојот и на убавината, успеал да ги преброди сите овие бури?

Ова прашање, а уште повеќе одговорот на него се особено важни и за нашиот денешен, современ контекст. Економските, социјалните, безбедносните и еколошките кризи со кои се соочува човештвото многукратно се зголемија по интензитет, по својата сложеност и влијание. Пандемијата само ги умножи проблемите. Глобалните процеси и турбуленции влијаат и врз нашето секојдневие. Понекогаш овој вител на кризи прави да се чувствуваме како сѐ да се случува одеднаш, како илјада години да се збиени во само еден ден.

И токму во вакви моменти на растечка недоверба меѓу луѓето, страв и неизвесност од непознатото, многу наши сограѓани бараат мир, утеха и надеж токму на ова место. За многу страдалници од различни генерации, различни држави и различни идеологии и религии, Бигорскиот манастир претставува духовно засолниште од бурите на животот. Поделбите и предрасудите кои се толку присутни во нашето секојдневие немаат место во манастирот во кој луѓето се, пред се луѓе, независно од нивните лични особености. Ова е место за заздравување на душевните рани и рехабилитација на зависниците. Многу верници токму во овој манастир ја враќаат вербата во животот и го зацврстуваат својот духовен идентитет.

Овој илјадагодишен подвиг се должи на две нешта. Прво, Бигорскиот Манастир не е само материјална, туку и духовна градба соѕидана не само од бигорскиот варовник, туку и од постојаните молитви на генерации на луѓе од верата“. 

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Незначителни промени на цените на горивата кои важат од полноќ

Александар | Media Press

Published

on

Малопродажните цене на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со минатонеделната одлука и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,50 денари за литар, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,50 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,00 денари за литар, соопштува Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со минатонеделната одлука да се продава по 50,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,184 ден/кг во однос на одлуката од претходната недела и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,938 ден/кг

Continue Reading

Македонија

МТСП: Од утре почнува етапната исплата на октомвриските пензии

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

–           Во вторник, на 27.10.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

–           Во  среда , на 28.10.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

–           Во четврток , на 29.10.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

–           Во петок  , на 30.10. 2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Пензионерите кои користат платежна  картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од вторник  28октомври . Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми.

„Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.Потсетуваме на обврската за носење лична заштитна опрема којашто ги покрива пределот на носот и устата како и на држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките“, велат од МТСП.

Continue Reading

Македонија

Пресечен меѓународен транспорт на дрога, пронајдени околу 100 килограми хашиш

Виолета | Media Press

Published

on

 Во текот на вчерашниот ден Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во заедничка акција со полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции и СВР Охрид  пресече меѓународен транспорт на наркотична дрога – хашиш во количина од околу 100 килограми.

“Имено, околу 12.20 часот, во непосредна близина на градските гробишта во Охрид полициски службеници запреле товарно возило – комбе „цитроен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ч.Б.(53), државјанин на Р.Турција. При извршен преглед на комбето, во задниот багажен простор, пронајдени се три големи картонски кутии и една полиетиленска торба во кои биле сместени 114 пакувања хашиш. Од страна на крим-техника е извршена обработка на возилото и подигнати се материјални докази, а Ч.Б. е лишен од слобода и приведен во СВР Охрид.

По преземени мерки и активности е утврдено дека Ч.Б. пред околу две недели со авион пристигнал од Истанбул во Приштина, пa во Република Северна Македонија и во Скопје остварил средба со неколку лица за да го изврши транспортот на дрогата од нашата земја во Република Турција“, информират од МВР.

По комплетирање на целосната документација против Ч.Б. ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Охрид, со цел определување мерка притвор.  Покрај ова, во текот на вчерашниот ден извршени се претреси на подрачјето на Скопје, при што се лишени од слобода уште две лица и одземени се предмети за понатамошна постапка, а во консултација со Јавен обвинител кривичната пријава ќе биде проширена, додаваат од ресорното Министерство.

 

Continue Reading