Радовиш

Радовиш добива енергетски ефикасно јавно осветлување

Стартуваше проектот за енергетски ефикасно јавно осветлување во Радовиш. Деновиве започна замената на старите улични светилки со нови енергетски ефикасни ЛЕД светилки. Вкупно ќе будат инсталирани околу 4300 еколошки висококвалитетни ЛЕД светилки од англиско производство, на местото на сите стари електрични светилки на територијата на општината.

Станува збор за инвестивија во вредност  од 1.6 милиони евра поддржана од ЕБОР преку ЕСКО модел на јавно-приватно партнерство.

Новиот ЕСКО МОДЕЛ обезбедува подобри услови за граѓаните со примена на мерки за енергетска ефикасност и враќање на инвестицијата исклучиво преку заштеда на енергија. Проектот предвидува; Одржлив модел за општински развој; Модерна ЛЕД технологија; Штедливи светилки; Централно дигитално управување со мрежа; Одржување на опремата од страна на ЕСКО компанијата и опремата останува кај крајниот корисник, односно на општината.

Со реализацијата на овој проект Радовиш ќе добие енергетски ефикасно јавно осветлување, односно подобро осветлување, а поголема заштеда на енергија.

Отплатата на инвестицијата ќе се врши исклучиво преку оставрената заштеда на енергија во следните осум години, при што Општината нема да има дополнителни трошоци и оптоварување на општинскио буџет.

После 8 години  инвестицијата останува во трајна сопственост на општината и благодетите ќе ги уживаат сите граѓани. Проектот го реалзира компанијата Интеренерго со која градоначалникот Герасим Конзулов пред три месеци потпиша договор за реализација.

Генералниот директор на компанијата, Мохор Врховник денеска беше во посета на Општината при што заедно со градоначалникот Герасим Конзулов извршија увид во почетокот на работните активности.

„Во склоп на посетата, разговаравме и за продлабочување на соработката на полето на енергетската ефикасност и можноста да се изгради централен систем за греење кој би ги опфатил училиштата, општинската зграда, СРЦ 25 Мај и други објекти“ изјави градоначалникот Конзулов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago