Откако за два дена се регистрирани околу 1000 нови случаи на заболени од корна вирус во Македонија, граѓаните се повеќе се сигурни дека мерките треба да се заострат. Ограничување на бројот на патници во јавниот превоз на 50 проценти, забрана за секакви настани и крај на работното време на сите субјекти во 23 часот, се новите дополнителни мерки за кои се размислува да бидат предложени до Владата овој понеделник, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче. Имајќи предвид дека бројот на заболени забрзано расте и се полнат болничките капацитети, граѓаните на Радовиш се посериозно почнаа да го сваќат овој вирус, па сметаат дека е потребно дури и задолжително носење на маска и на отворено.
Во Радовиш до денеска има регистрирано околу 70 активни случаи позитивни на
Ковид -19, во Струмица 303, Гевгелија 112 а на ниво на држава 4597.
Граѓаните сметаат дека можеби е потребно да се воведе повторно и полициски
час, бидејќи навечер има групирање на луѓе.
Инаку
според вчерашниот извештај Македонија бележи нов негативен рекорд во
КОВИД-статистиката – 535 заразени во 24 часа, од кои
над половината односно 277 се во Скопје. Вирусот е
потврден и кај 30 луѓе во Струмица, 24
во Гевгелија и 22 во Штип, во Радовиш
6 и во Валандово 5 нови случаи. Регистрирани беа и шест починати пациенти.
Еден пакет рестриктивни мерки е веќе предложен до Владата, потребно
е да се направат законски измени и Собранието идната недела да го изгласа. Тоа
е пакетот мерки за задолжително носење маски на отворено, забрана за групирање
по 22 часот и забрана за домашни посети на повеќе од четири лица.