Connect with us

Македонија

Скопјани ги одложуваат старите печки, откако претходно се пријавиле на јавниот повик за добивање субвенции за набавка на инвертери

Media Press

Published

on

Премиерот Зоран Заев денеска заедно со градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, генералниот директор на АД „Електрани “ (ЕСМ) Васко Ковачевски, и  директорот на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје, извршија обиколка и увид на претоварната станица во Карпош-Скопје, каде што граѓани ги одложуваат старите печки на нееколошки горива, дрво,  јаглен и фосилни горива, откако претходно се пријавиле на јавниот повик за добивање субвенции за набавка на инвертер клима уреди, кои се еколошко и далеку поевтино греење.

„Сето ова се финализира пред почетокот на новата грејна сезона, со што, следејќи ги сите анализи кои покажуваат дека нееколошкото греење е најголемиот загадувач на амбиенталниот воздух, со замената на греењето со еколошки системи, драстично ќе се намали загадувањето“, рече премиерот Заев.

Посочувајќи дека имплементирањето на оваа мерка за намалување на загадувањето е при крај, како дел од реализирањето на Планот за чист воздух како стратешки приоритет,  премиерот Заев, ја искористи приликата да изрази благодарност кон АД „ЕСМ“ за обезбедувањето на средства во висина од 10 милиони евра, односно 618 милиони за реализација на мерката субвенционирање на високоефикасни инвертери, како и до јавното претпријатие „Комунална хигиена“ и вработените во депонијата „Дрисла“ за финализирање на мерката.

Премиерот Заев подвлече дека вратените печки, покажуваат дека толку домаќинства годинава нема да бидат извор на концентрации од загадувачки супстанци.

„Ние како Влада, продолжуваме со преземање на мерки за целосно справување со загадениот воздух. Покрај соочувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД-19, продолжуваме со активностите за заштита на здравјето на сите граѓани и за обезбедување на здрава животна средина за нас и нашите деца“, истакна премиерот Заев.

Градоначалникот Шилегов  информираше дека јавниот повик за субвенционирање на инвертер клими е најголем што досега го има реализирано Град Скопје, објаснувајќи  дека секој граѓанин кој аплицирал за набавка на вакви уреди, а притоа ја вратил старата печка, добива можност да му биде вратен целиот износ за набавка на уредот најмногу во висина до 62.000 денари.

„Град Скопје досега има примено околу 4.060 апликации од кои досега околу 1.000 печки се вратени само во општините Сарај и Шуто Оризари. На оваа локација согласно примените апликации се очекува да бидат вратени околу 1.300 печки од општините Ѓорче Петров, Карпош и Центар. Пред 20-тина дена повикот беше стопиран, со цел да се провери уште колку средства остануваат за доделување, имајќи во предвид дека различните уреди кои ги набавуваат граѓаните имаат различни цени, а согласно тоа потребно е време прецизно да се пресметаат преостанатите средства“, рече Шилегов кој најави дека повикот повторно ќе продолжи и за тоа ќе бидат информирани граѓаните.

Градоначалникот Шилегов нагласи дека оваа мерка за намалување на загадувањето на воздухот во Скопје, со враќање на старите печки кои користат нееколошки енергенси, во Скопје, ќе има околу 4.000-5.000 оџаци помалку и изрази уверување дека тоа ќе биде забележано и од мерните станици за мерење на аерозагадувањето во градот.

„Ги повикуваме граѓаните да се вклучат во овој проект, да обезбедат почисто, поевтино и поеколошко греење за себе и за своите семејства, а со тоа да инвестираат во зачувување на чистиот воздух. Сите кои имаат дилема околу потрошувачката на електрична енергија, сакам да ги информирам дека, инвертерите  трошат малку струја, а во секој случај, по сите пресметки, штетата за околината од производството на струјата потребна за греење на домовите преку  инвертери, е далеку помала од штетата која настанува од греењето на тие домови со печки на дрва или јаглен“, рече директорот Ковачевски кој упати благодарност до премиерот Заев и до Владата за, како што рече, слухот кој го покажува за енергетиката и особено за инвестициите во обновливи извори на енергија.

За време на обиколката на претоварната станица, при што премиерот Заев беше запознаен со процесот на складирање на кабаст отпад, пластика и старите грејни тела, повеќе граѓани кои аплицирале за субвенционирање на замена на сопственото греење со инвертер клими ги одложуваа своите стари шпорети и ја завршуваа процедурата околу добивање на повратните средства за набавените еколошки грејни тела, односно инвертер клима уреди.

Македонија

ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ на некои патни правци поради врнежи од снег

Media Press

Published

on

ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ НА ТМВ: На патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за движење на тешки товарни возила, а се препорачува задолжителна употреба на зимска опрема за лесни моторни возила и автобуси на истиот патен правец.

Поради интензивни врнежи од снег од 12:30 часот е воведена забрана за движење на тешки моторни возила на патниот правец К.Паланка – граничен премин Деве Баир.

Од 13:00 часот поради интензивни врнежи од снег е воведена забрана за движење на тешки моторни возила на патниот правец Гостивар – Маврово.

 Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

 Од 15.11.2020 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година. Повеќе детали за зимската опрема ќе најдете ТУКА.

 Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

МУТИРАНИОТ БРИТАНСКИ ВИРУС СЕ ПОЈАВИ И ВО МАКЕДОНИЈА. Станува збор за 46 годишен маж кој веќе е оздравен

Media Press

Published

on

Британскиот сој на вирусот детектиран во приватната лабораторија на клиниката Жан Митрев во Скопје, при анализа на примероци од јануари. Станува збор за 46 годишен маж кој веќе е оздравен, односно во базата на податоци на Инстистутот за јавно здравје пациентот од 22 јануари 2021 се води како оздравен.

Според информациите од ИЈЗ, пациентот првпат на 29 декември 2020 година, поради покачена температура и отежнато дишење, направил брз тест. Тестот е со позитивен резултат. По неколку дена, односно на 4 јануари 2021 година се јавува на преглед во приватната болница Жан Митрев каде му е направен ПЦР тест кој е позитивен, а пациентот е веднаш хоспитализиран во приватната болница. На 15 јануари во болницата му е направен уште еден тест кој повторно е позитивен.

Во епидемиолошката анкета пациетот нема пријавено контакти ниту пак навел дека патувал надвор од државата. Лабараторијата во болницата Жан Митрев со посебна ПЦР метода е утврдено дека пациентот е суспектен на некоја мутација на вирусот, а потоа е направено секвенционирање на изолатот.

„Според информацијата која ја проследија до Министерството за здравство, сите мутации кои го дефинираат британскиот сој се утврдени кај изолатот од овој пациент. Кај останатите примероци кои се анализирани во приватната лабараторија не е детектиран британскиот сој на СарсКов2“, објави министерот за здравство Венко Филипче.

Continue Reading

Македонија

Новиот Национален регистар на вистински сопственици, квалитетна алатка во борбата против перењето пари

Media Press

Published

on

Новиот Национален регистар на вистински сопственици, ќе биде квалитетна алатка во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам.

Воспоставувањето на Националниот регистар за вистински сопственици ќе даде дополнителен квалитет во однос на транспарентноста на домашниот пазар но, e и алатка во борбата со перење на пари и финансирање на тероризам. Регистарот има за цел евидентирање и обезбедување точни и ажурни податоци за вистинските сопственици на правните субјекти. Регистарот претставува најсовремено технолошко решение, со бројни логички контроли и силен фокус на позитивното корисничко искуство“, истакна заменикот на Претседателот на Владата, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, на денешната прес конференција.

Регистарот претставува најсовремено технолошко решение, со бројни контроли и силен фокус на позитивното корисничко искуство и со него во периодот што следува, институциите во државата добиваат уште една квалитетна алатка во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам. Вицепремиерот Николовски посочи дека целта на регистарот е да навлезе длабоко во сопственичката структура на правните субјекти за транспарентно  да објави кој е тој што реално профитира од работата на компаниите во нашата земја, скриен зад комплексна слоевита правна структура.

„Доколку органите на истрагата и на прогонот немаат можност за јасна идентификација на сторителите на кривични дела, тие остануваат немоќни во процесот на нивното гонење и изведување пред правдата, што придонесува овие криминални шеми дополнително да се продлабочуваат. Токму во овој контекст, една од главните алатки за справување со овој ризик е овозможување на транспарентност на ниво на вистински сопственици на правните лица. Тоа подразбира идентификување на физичките лица кои директно или индиректно остваруваат управувачка или контролна улога во едно правно лице, односно на било каков начин имаат крајно и ефективно влијание во работењето и управувањето на истото“, изјави вицепремиерот Николовски.

Continue Reading