Connect with us

Радовиш

Анкета: Што мислат радовишани за задолжително носење маски и на отворено и дали треба да се воведе нов полициски час

Media Press

Published

на

Откако за два дена се регистрирани околу 1000 нови случаи  на заболени од корна вирус во Македонија, граѓаните се повеќе се сигурни дека мерките треба да се заострат. Ограничување на бројот на патници во јавниот превоз на 50 проценти, забрана за секакви настани и крај на работното време на сите субјекти во 23 часот, се новите дополнителни мерки за кои се размислува да бидат предложени до Владата овој понеделник, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче. Имајќи предвид дека бројот на заболени забрзано расте и се полнат болничките капацитети, граѓаните на Радовиш се посериозно почнаа да го сваќат овој вирус, па сметаат дека е потребно дури и задолжително носење на маска и на отворено.  

Во Радовиш до денеска има регистрирано околу 70 активни случаи позитивни на Ковид -19,  во Струмица 303,  Гевгелија 112 а на ниво на држава 4597.

Граѓаните сметаат дека можеби е потребно да се воведе повторно и полициски час, бидејќи навечер има групирање на луѓе.

Инаку според вчерашниот извештај Македонија бележи нов негативен рекорд во КОВИД-статистиката – 535 заразени во 24 часа, од кои над половината односно 277 се во Скопје. Вирусот е потврден и кај 30 луѓе во Струмица,  24 во Гевгелија и 22 во Штип, во Радовиш 6 и во Валандово 5 нови случаи. Регистрирани беа и шест починати пациенти.

Еден пакет рестриктивни мерки е веќе предложен до Владата, потребно е да се направат законски измени и Собранието идната недела да го изгласа. Тоа е пакетот мерки за задолжително носење маски на отворено, забрана за групирање по 22 часот и забрана за домашни посети на повеќе од четири лица.

Радовиш

Од утре започнува асфалтирањето на делот од регионалниот пат од Радовиш кон планината Плачковица

Media Press

Published

на

Од утре започнува асфалтирањето на делот од регионалниот пат од Радовиш кон планината Плчаковица со што целосно завршува реконструкцијата на овој патен правец. Градоначалникот Герасим Конзулов заедно со раководителот на одделението за урбанизам Кирчо Сусинов, денеска изврши увид во работните активности.

Конзулов апелира до граѓаните да се воздржат од патување кон планината Плачковица овие денови бидејќи нема да е прооден за секаков вид на возила во време од 09.00 до 17.00 часот секој работен ден освен недела, се до завршувањето на асфалтирањето.   

Пред две години беа реконструирани 3 колометри на делот од Шумска куќичка кон градот Радовиш,  а минатата година уште  7 колометри.   Со оваа последна фаза од околу 8 километри целосно ќе биде завршена реконструкцијата на овој патен правец кој води кон атрактивната и примамлива за планинарите и туристите, планина Плчаковица.

Според Градоначалникот Конзулов со ова целосно ќе биде обновен регионалниот пат кон Плачковица после 42 години.

Прочитај повеќе

Радовиш

Лиле Стефанова од Радовиш е една од петте нови јавни обвинители во тимот Русковска

Media Press

Published

на

Лиле Стефанова е една од петте кандидати кои Советот на јавни обвинители со гласање ги избра, да преминат од основните јавни обвинителства каде работеле, во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција со кое раководи Вилма Русковска. Останатите четворица се Наташа Поп-Трајкова, Артан Ајро, Трајче Пеливанов и Катерина Коларевиќ

Според биографиите кои пред гласањето ги читаше претседателот на Советот на јавни обвинители, кандидатите имаат од 8 до 16 години искуство како јавни обвинители. Најголем стаж има Лиле Стефанова која веќе беше јавен обвинител во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, до пред да премине во Специјалното јавно обвинителство.

„Лиле Стефанова работела како основен јавен обвинител во основното јавно обвинителство во Радовиш во периодот од 2004 до 2010 година. Од 2010 година до 2015 година била јавен обвинител во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а потоа во СЈО. Има стаж како јавен обвинител од 16 години и добиено оценка од 25 поени. “, рече претседателот на Советот на јавните обвинители, Ацо Колевски кој читаше дел од биографиите на обвинителите.

На огласот, распишан пред 6 месеци, се пријавиле 14 кандидати.

Прочитај повеќе

Радовиш

Одбележан Денот на планетата Земја во Радовиш, со акција за чистење и уредување на градскиот парк на ридот

Media Press

Published

на

Денеска се одбележува Денот на планетата Земја, празник на единствениот дом на сите живи суштества. По тој повод во Радовиш екипата на ЈП Плаваја заедно со доброволците од Црвениот крст спроведоа акција за уредување на градскиот парк на ридот.

По тој повод градоначалникот Герасим Конзулов Заедно со младите активисти на Црвениот крст засади дрвце како симбол на обновата и заштитата на природата и упати апел до граѓаните да ја чуваат животната средина.

На градскиот парк исто така е поставена и нова урбана опрема, клупи и канти за отпадоци и нова фонтана. Конзулов апелира до граѓаните да ја чуваат урбаната опрема.

Во рамките на акцијата е предвидено да се чистат пешачките патеки и обраснатата вегетација, посадени се нови садници на дрвја, а старите клупи ќе бидат репарирани.

Голем проблем на општина Радовиш претставуваат и дивите депонии кои неконтролирано се прават на излезот од градот кон планината Плачковица, за кои како што рече градоначалникот Конзулов се поставуваат и прегради од земја но сепак пак се загадува.

Меѓународниот ден на планетата Земја на 22 Април секоја година се одбележува ширум светот со разни манифестации и акции, со цел да се сврти вниманието на јавноста на зачењето на зачувување на животната средина и да доведат до промена на еколошката свест.

Денот на Планетата Земја за првпат е одбележен на 22 април 1970 година во САД. Оваа дата е прифатена како Ден на планета Земја на Конференцијата на Обединетите нации за животна средина во 1992 година.

Прочитај повеќе