Македонија

Заедничко ко-претседавање со Берлинскиот процес меѓу Република Сверна Македонија и Република Бугарија

Министерот Османи со денешната прес-конференција го означи почетокот на активностите поврзани со заедничкото ко-претседавање со Берлинскиот процес на Република Северна Македонија и Република Бугарија.

На почетокот на прес конференцијата Османи потсети дека Берлинскиот процес беше инициран во 2014-та, под покровителство на Германската канцеларка Меркел, претседавањето со Процесот следствено го презедоа Франција потоа Австрија, Италија, Британија и Полска, за да за прв пат се донесе одлука за заедничко претседавање на Република Бугарија како членка на ЕУ и Република Северна Македонија како земја кандидат. Тоа беше признание за двете земји, прво за Бугарија под чие претседавање со Европската Унија се зацврсти Европската перспектива на Регионот со Софискиот Самит во 2018-та и Софиската декларација, но секако и признание за Северна Македонија која ја прероди европската идеја во регионот преку потпишување и имплементација на трите договори, информираше Османи.

Османи ги брифираше новинарите и за неодманешната посета на Софија кадешто покрај останатите теми кои беа разговарани со неговата колешка, Екатерина Захариева, значаен дел од разговорот беше посветен на предизвиците и активностите во рамките на заедничкото претседавање со Берлинскиот процес и претстојниот Софиски самит.

„За нас, дополнително оваа година, заедничкото ко-претседавање со Република Бугарија, остава можност да ја демонстрираме блискоста, соработката и меѓусебната поддршка на двата соседи, како клучен дел од аспирацијата за европската перспектива на целиот регион. Влогот ни е голем, резултатите и успехот на иницијативите од Берлинскиот процес се заедничка определба, имаме иста цел, а тоа е зајакната регионална кохезија и изградба на мостови на соработка. Овие последните знам дека многу често ги спомнувам, но дипломатијата ја има токму таа улога, да поврзува и обединува. Тоа е основната цел на Берлинскиот процес, и тоа во моментов ни е најпотребно“, заклучи Османи.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago