Македонија

Бројот на туристите е намален за 59 отсто во периодот јануари ‒ август 2020 година, во однос на истиот период од претходната година

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2020 година изнесува 133 704, а бројот на ноќевањата изнесува 684 719.Бројот на туристите во август 2020 година, во однос на август 2019 година, е намален за 38.2 %, а бројот на ноќевањата е намален за 24.3 %.

Бројот на домашните туристи во август 2020 година, во однос на август 2019 година, е зголемен за 8.9 %, а бројот на странските туристи е намален за 92.8 %.Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2020 година, во однос на август 2019 година, е зголемен за  1.1 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 91.3 %.

Во периодот јануари ‒ август 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 59.9 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 25.3 %, а кај странските има намалување за  82.2 %.Во периодот јануари ‒ август 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 45.0 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 16.3 %, а кај странските има намалување за 82.8 %. 

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

6 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago