Connect with us

Македонија

Турската агенција за соработка и координација –ТИКА донираше бесконтактни термометри и дезифициенти за детските градинки

Media Press

Published

on

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и заменик- министерот Енвер Хусејин  денеска присуствуваа  на предавање на донацијата од страна на Турската агенција за соработка и координација –ТИКА наменета за Јавните установи за згрижување и воспитание на деца на ниво на држава.

„Почитувањето на протоколите во институциите, во случајов, Јавните установи за згрижување на деца, се многу значајни за поголема безбедност и заштита од вирусот. 

Секоја помош која доаѓа во услови на пандемија, е добредојдена. Во името на Министерството за труд и социјална политика  изразувам  благодарност до нашиот долгогодишен соработник  Турската агенција за соработка и координација –ТИКА, за помошта која денес ја примаме, тоа се бесконтактните термометри и дезинфекциски средства за детските градинки во државава“, истакна министерката Шахпаска.

Турската агенција за соработка и координација –ТИКА, изминативе години  со проектите кои ги реализира,помага онаму каде е најпотребно, најранливите категории на граѓани, децата, болните и сиромашните. Од почетокот на своите активности во Република Северна Македонија има  реализирано  околу 1.000 проекти.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ на некои патни правци поради врнежи од снег

Media Press

Published

on

ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ НА ТМВ: На патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за движење на тешки товарни возила, а се препорачува задолжителна употреба на зимска опрема за лесни моторни возила и автобуси на истиот патен правец.

Поради интензивни врнежи од снег од 12:30 часот е воведена забрана за движење на тешки моторни возила на патниот правец К.Паланка – граничен премин Деве Баир.

Од 13:00 часот поради интензивни врнежи од снег е воведена забрана за движење на тешки моторни возила на патниот правец Гостивар – Маврово.

 Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

 Од 15.11.2020 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година. Повеќе детали за зимската опрема ќе најдете ТУКА.

 Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

МУТИРАНИОТ БРИТАНСКИ ВИРУС СЕ ПОЈАВИ И ВО МАКЕДОНИЈА. Станува збор за 46 годишен маж кој веќе е оздравен

Media Press

Published

on

Британскиот сој на вирусот детектиран во приватната лабораторија на клиниката Жан Митрев во Скопје, при анализа на примероци од јануари. Станува збор за 46 годишен маж кој веќе е оздравен, односно во базата на податоци на Инстистутот за јавно здравје пациентот од 22 јануари 2021 се води како оздравен.

Според информациите од ИЈЗ, пациентот првпат на 29 декември 2020 година, поради покачена температура и отежнато дишење, направил брз тест. Тестот е со позитивен резултат. По неколку дена, односно на 4 јануари 2021 година се јавува на преглед во приватната болница Жан Митрев каде му е направен ПЦР тест кој е позитивен, а пациентот е веднаш хоспитализиран во приватната болница. На 15 јануари во болницата му е направен уште еден тест кој повторно е позитивен.

Во епидемиолошката анкета пациетот нема пријавено контакти ниту пак навел дека патувал надвор од државата. Лабараторијата во болницата Жан Митрев со посебна ПЦР метода е утврдено дека пациентот е суспектен на некоја мутација на вирусот, а потоа е направено секвенционирање на изолатот.

„Според информацијата која ја проследија до Министерството за здравство, сите мутации кои го дефинираат британскиот сој се утврдени кај изолатот од овој пациент. Кај останатите примероци кои се анализирани во приватната лабараторија не е детектиран британскиот сој на СарсКов2“, објави министерот за здравство Венко Филипче.

Continue Reading

Македонија

Новиот Национален регистар на вистински сопственици, квалитетна алатка во борбата против перењето пари

Media Press

Published

on

Новиот Национален регистар на вистински сопственици, ќе биде квалитетна алатка во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам.

Воспоставувањето на Националниот регистар за вистински сопственици ќе даде дополнителен квалитет во однос на транспарентноста на домашниот пазар но, e и алатка во борбата со перење на пари и финансирање на тероризам. Регистарот има за цел евидентирање и обезбедување точни и ажурни податоци за вистинските сопственици на правните субјекти. Регистарот претставува најсовремено технолошко решение, со бројни логички контроли и силен фокус на позитивното корисничко искуство“, истакна заменикот на Претседателот на Владата, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, на денешната прес конференција.

Регистарот претставува најсовремено технолошко решение, со бројни контроли и силен фокус на позитивното корисничко искуство и со него во периодот што следува, институциите во државата добиваат уште една квалитетна алатка во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам. Вицепремиерот Николовски посочи дека целта на регистарот е да навлезе длабоко во сопственичката структура на правните субјекти за транспарентно  да објави кој е тој што реално профитира од работата на компаниите во нашата земја, скриен зад комплексна слоевита правна структура.

„Доколку органите на истрагата и на прогонот немаат можност за јасна идентификација на сторителите на кривични дела, тие остануваат немоќни во процесот на нивното гонење и изведување пред правдата, што придонесува овие криминални шеми дополнително да се продлабочуваат. Токму во овој контекст, една од главните алатки за справување со овој ризик е овозможување на транспарентност на ниво на вистински сопственици на правните лица. Тоа подразбира идентификување на физичките лица кои директно или индиректно остваруваат управувачка или контролна улога во едно правно лице, односно на било каков начин имаат крајно и ефективно влијание во работењето и управувањето на истото“, изјави вицепремиерот Николовски.

Continue Reading