Македонија
Заедничко ко-претседавање со Берлинскиот процес меѓу Република Сверна Македонија и Република Бугарија

Published
3 months agoon
By
Media Press
Министерот Османи со денешната прес-конференција го означи почетокот на активностите поврзани со заедничкото ко-претседавање со Берлинскиот процес на Република Северна Македонија и Република Бугарија.
На почетокот на прес конференцијата Османи потсети дека Берлинскиот процес беше инициран во 2014-та, под покровителство на Германската канцеларка Меркел, претседавањето со Процесот следствено го презедоа Франција потоа Австрија, Италија, Британија и Полска, за да за прв пат се донесе одлука за заедничко претседавање на Република Бугарија како членка на ЕУ и Република Северна Македонија како земја кандидат. Тоа беше признание за двете земји, прво за Бугарија под чие претседавање со Европската Унија се зацврсти Европската перспектива на Регионот со Софискиот Самит во 2018-та и Софиската декларација, но секако и признание за Северна Македонија која ја прероди европската идеја во регионот преку потпишување и имплементација на трите договори, информираше Османи.
Османи ги брифираше новинарите и за неодманешната посета на Софија кадешто покрај останатите теми кои беа разговарани со неговата колешка, Екатерина Захариева, значаен дел од разговорот беше посветен на предизвиците и активностите во рамките на заедничкото претседавање со Берлинскиот процес и претстојниот Софиски самит.
„За нас, дополнително оваа година, заедничкото ко-претседавање со Република Бугарија, остава можност да ја демонстрираме блискоста, соработката и меѓусебната поддршка на двата соседи, како клучен дел од аспирацијата за европската перспектива на целиот регион. Влогот ни е голем, резултатите и успехот на иницијативите од Берлинскиот процес се заедничка определба, имаме иста цел, а тоа е зајакната регионална кохезија и изградба на мостови на соработка. Овие последните знам дека многу често ги спомнувам, но дипломатијата ја има токму таа улога, да поврзува и обединува. Тоа е основната цел на Берлинскиот процес, и тоа во моментов ни е најпотребно“, заклучи Османи.
Поврзани содржини
(Во живо)Прес-конференција на ЗПВ Николовски и директорката на Централниот регистар, Бошковска Јанковски и германскиот заменик-амбасадор
Србија да и даде на Македонија 8.000 вакцини од производителот Фајзер
Македонија со пораз во првиот меч на Ракометното Светско Првенство
Санкционирани 319 лица за неносење заштитна маска
Нема промена на цените на горивата на бензинските станици
Од тестирани 591 лице, регистрирани се 129 нови случаи на ковид-19
Македонија
ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ на некои патни правци поради врнежи од снег

Published
8 hours agoon
January 27, 2021By
Media Press
ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ НА ТМВ: На патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за движење на тешки товарни возила, а се препорачува задолжителна употреба на зимска опрема за лесни моторни возила и автобуси на истиот патен правец.
Поради интензивни врнежи од снег од 12:30 часот е воведена забрана за движење на тешки моторни возила на патниот правец К.Паланка – граничен премин Деве Баир.
Од 13:00 часот поради интензивни врнежи од снег е воведена забрана за движење на тешки моторни возила на патниот правец Гостивар – Маврово.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.
Од 15.11.2020 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година. Повеќе детали за зимската опрема ќе најдете ТУКА.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
МУТИРАНИОТ БРИТАНСКИ ВИРУС СЕ ПОЈАВИ И ВО МАКЕДОНИЈА. Станува збор за 46 годишен маж кој веќе е оздравен

Published
8 hours agoon
January 27, 2021By
Media Press
Британскиот сој на вирусот детектиран во приватната лабораторија на клиниката Жан Митрев во Скопје, при анализа на примероци од јануари. Станува збор за 46 годишен маж кој веќе е оздравен, односно во базата на податоци на Инстистутот за јавно здравје пациентот од 22 јануари 2021 се води како оздравен.
Според информациите од ИЈЗ, пациентот првпат на 29 декември 2020 година, поради покачена температура и отежнато дишење, направил брз тест. Тестот е со позитивен резултат. По неколку дена, односно на 4 јануари 2021 година се јавува на преглед во приватната болница Жан Митрев каде му е направен ПЦР тест кој е позитивен, а пациентот е веднаш хоспитализиран во приватната болница. На 15 јануари во болницата му е направен уште еден тест кој повторно е позитивен.
Во епидемиолошката анкета пациетот нема пријавено контакти ниту пак навел дека патувал надвор од државата. Лабараторијата во болницата Жан Митрев со посебна ПЦР метода е утврдено дека пациентот е суспектен на некоја мутација на вирусот, а потоа е направено секвенционирање на изолатот.
„Според информацијата која ја проследија до Министерството за здравство, сите мутации кои го дефинираат британскиот сој се утврдени кај изолатот од овој пациент. Кај останатите примероци кои се анализирани во приватната лабараторија не е детектиран британскиот сој на СарсКов2“, објави министерот за здравство Венко Филипче.
Македонија
Новиот Национален регистар на вистински сопственици, квалитетна алатка во борбата против перењето пари

Published
9 hours agoon
January 27, 2021By
Media Press
Новиот Национален регистар на вистински сопственици, ќе биде квалитетна алатка во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам.
Воспоставувањето на Националниот регистар за вистински сопственици ќе даде дополнителен квалитет во однос на транспарентноста на домашниот пазар но, e и алатка во борбата со перење на пари и финансирање на тероризам. Регистарот има за цел евидентирање и обезбедување точни и ажурни податоци за вистинските сопственици на правните субјекти. Регистарот претставува најсовремено технолошко решение, со бројни логички контроли и силен фокус на позитивното корисничко искуство“, истакна заменикот на Претседателот на Владата, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, на денешната прес конференција.
Регистарот претставува најсовремено технолошко решение, со бројни контроли и силен фокус на позитивното корисничко искуство и со него во периодот што следува, институциите во државата добиваат уште една квалитетна алатка во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам. Вицепремиерот Николовски посочи дека целта на регистарот е да навлезе длабоко во сопственичката структура на правните субјекти за транспарентно да објави кој е тој што реално профитира од работата на компаниите во нашата земја, скриен зад комплексна слоевита правна структура.
„Доколку органите на истрагата и на прогонот немаат можност за јасна идентификација на сторителите на кривични дела, тие остануваат немоќни во процесот на нивното гонење и изведување пред правдата, што придонесува овие криминални шеми дополнително да се продлабочуваат. Токму во овој контекст, една од главните алатки за справување со овој ризик е овозможување на транспарентност на ниво на вистински сопственици на правните лица. Тоа подразбира идентификување на физичките лица кои директно или индиректно остваруваат управувачка или контролна улога во едно правно лице, односно на било каков начин имаат крајно и ефективно влијание во работењето и управувањето на истото“, изјави вицепремиерот Николовски.

ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ на некои патни правци поради врнежи од снег

МУТИРАНИОТ БРИТАНСКИ ВИРУС СЕ ПОЈАВИ И ВО МАКЕДОНИЈА. Станува збор за 46 годишен маж кој веќе е оздравен

Новиот Национален регистар на вистински сопственици, квалитетна алатка во борбата против перењето пари

40 таблети за потребите на учениците доби ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш
