Connect with us

Економија

Владата донесе одлука за бескаматна кредитна линија со грант компонента за микро и мали претпријатија

Александар | Media Press

Published

on

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за воспоставување на бескаматна кредитна линија со грант компонента наменета за микро и мали претпријатија погодени од КОВИД-19 (Ковид 3), и го задолжи Министерството за финансии, во име на Владата да потпише договор за администрирање на средствата со Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.

Во врска со оваа точка Владата го задолжи Министерството за економија да достави Предлог-одлука за префрлање на средствата од програма П1 во вкупен износ од 60.000.000 денари на посебна сметка на Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје како буџетски придонес во реализација на мерката, по што банката треба да ги преземе сите активности неопходни за операционализација на мерката и воспоставување на третата бескаматна кредитна линија за поддршка на микро и мали претпријатија.

Владата го задолжи Министерството за финансии, во соработка со Секретаријатот за европски прашања, да ја известат Делегацијата на ЕУ во земјата дека мерката е усвоена од Владата на Република Северна Македонија и дека Министерството за финансии, Министерството за економија и Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје преземаат активности за операционализација на истата

Финансиските средства за бескаматна кредитна линија со грант компонента наменета за микро и мали претпријатија погодени од КОВИД-19 (Ковид 3) се повлечени од 50-те милиони евра награда за успешност заради целокупниот напредок во процесот на Европска интеграција на Северна Македонија, за кои Владата со официјален допис се обрати до Европската комисија дека овие средства ќе се користат за опоравување на земјата од последиците предизвикани од пандемијата со КОВИД-19.

На оваа седница Владата го усвои Извештајот за работата на Комисијата за разгледување на поднесени барања од страна на основачот на училиштето за организирање на настава со физичко присуство, поднесени во периодот од 5 до 6 октомври 2020 година.

Според извештајот, Комисијата разгледала вкупно 39 барања од основни училишта и даде согласност за започнување на настава со физичко присуство на 13 основни училишта, додека барањата на 25 основни училишта не се прифатени.

Комисијата даде делумна согласност на едно основно училиште за настава со физичко присуство за практичната настава со оглед дека станува збор за музичко училиште.

Целиот извештај на Комисијата за барањата поднесени од 5 до 6 октомври 2020 година може да се види на следниот линк.

Работата на оваа редовна седница на Владата ќе продолжи и утре со разгледување и одобрување на пристигнатите барања за склучување на Договор за доделување на финансиска поддршка на инвестициите пристигнати преку Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

прикажи повеќе
Advertisement

Економија

Рестораните и кафе баровите од денеска ќе работат до 23 часот

Виолета | Media Press

Published

on

Угостителските објекти ќе работат до 23 часот, државната администрација треба да го организира работењето од дома или во смени, а капацитетот на јавниот превоз ќе се ограничи за 50 отсто. Ова се дел од препораките на Комисијата за заразни болести со цел заштита од Ковид-19, кои Владата вчера ги усвои и истите од денеска стапуваат на сила.

Сите угостителски објекти ќе работат до 23 часот, освен оние кои вршат испорака, а целата државна и јавна администрација, општините и судовите треба да ја организираат работата во смени, онлајн од дома или пак редуцирано со систем на ротации.

Овие предлози Владата ги прифати од Комисијата за заразни болести со цел заштита на јавното здравје и намалување на бројот на заболени од Ковид-19

Врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, Владата го одобри Протоколот за постапување при полагање на стручен испит за наставници и стручни соработници во тек на пандемијата со КОВИД-19.

Исто така на владината седица бил утврден и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за градење со кој се предвидува изградба на посебен вид на градби односно модуларни градби за здравствена дејност, чија изградба е финансирана со средства од Буџетот на РС Македонија или со средства од Европската Унија односно друга меѓународна организација, заради зголемување на ефикасноста на здравствениот систем при справувањето со коронавирусот КОВИД-19.

Continue Reading

Економија

СДСМ: 5.726 самохрани родители ќе добијат платежни картички

Александар | Media Press

Published

on

Владата предводена од СДСМ во текот на пандемијата со коронавирусот континуирано им помага на сите, на коишто им е потребна помош на граѓаните и на компаниите за ублажување на негативните последици.

Со ребалансот на Буџетот за 2020 година, се обезбедуваат 470 милиони евра за реализација на мерките од четвртиот пакет за помош и поддршка, кој обезбедува значајни средства за поддршка на економијата, за спас на работни места, за зајакнување на приватната потрошувачка.

Измените и дополнувањата на Буџетот за 2020 година треба да бидат усвоени во Собранието за да можат 283.000 граѓани да добијат домашни платежни картички во вредност од по 6.000 денари.

Домашни платежни картички ќе добијат 5.726 самохрани родители, како поддршка во справувањето со последиците од економската криза. Тоа ќе значи зајакнување на семејните буџети на над 5.700 семејства и поттикнување на приватната потрошувачка.

„Платежни картички ќе добијат и пензионерите со пензии пониски од 15.000 денари, пасивните баратели на работа, самостојни уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници, како и 540 студенти, но и граѓаните кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи.“ – пишува во соопштението од СДСМ

СДСМ како одговорна партија продолжува со креирање и спроведување на мерки и политики за помош и поддршка на погодените со пандемијата, продолжува со вистинска грижа за сите.

Continue Reading

Економија

Над 550 милиони денари промет е остварен за Викенд без ДДВ

Александар | Media Press

Published

on

Управата за јавни приходи го заокружи првиот Викенд без ДДВ преку кој граѓаните можеа да остварат враќање на целосниот износ на ДДВ за купените македонски производи и услуги и компјутерска опрема.

Во деновите 10, 11 и 12 октомври 2020 година, вкупно 204.088 граѓани купиле македонски производи и услуги како и компјутерска опрема и издадените фискални сметки ги скенирале преку апликацијата МојДДВ.

Во Викендот без ДДВ остварен е промет од 558 176 715 денари со што граѓаните ќе остварат враќање на ДДВ во износ од 66 853 929 денари.

Управата за јавни приходи ќе им ги исплати парите на граѓаните на нивните трансакциски сметки во рок од 15 дена од последниот ден на скенирање на фискалните сметки.“ – соопштуваат од УЈП

Од анализите и споредбите што ги направи Управата за јавни приходи потрошувачката на македонски производи во овој Викенд без ДДВ во споредба со потрошувачката на истите производи во претходните викенди во истиот месец е за 2.2 пати зголемена.
Дополнително скенирани се 3 пати повеќе фискални сметки и остварен е и 9,5 пати поголем промет од македонски прозиводи овој викенд во однос на истиот од минатата година.

Првата мерка од 4 – сет на антикризни мерки што ги донесе Владата на Република Северна Македонија стартуваше токму со мерката ,,Викенд без ДДВ“ кој целосно ја спроведе Управата за јавни приходи.

Резултатите од оваа мерка се повеќе од успешни бидејќи значат повеќе пари назад кај граѓаните, зајакнување на домашниот буџет и истовремено зголемена потрошувачка на македонски производи и услуги. Поттикнување на промет кај македонските компании е поддршка во услови на криза, која влијае и на подобрување на ликвидноста на компаниите.

Continue Reading