Connect with us

Македонија

(Видео) Претседателот Пендаровски го одликува Бигорскиот манастир со „Орден за заслуги за државата”

Media Press

Published

on

Претседателот Стево Пендаровски денеска го одликува Бигорскиoт манастир „Свети Јован Крстител“ со Орден за заслуги за Македонија,  за зачувувањето и за продолжувањето на илјадагодишната традиција и за придонесот во негувањето на духовното и на културно-историското наследство.

„Нашата генерација има извонредно ретка можност да биде сведок на еден импресивен јубилеј каков што е 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир Св. Јован Крстител. Честа за мене е уште поголема што како претседател имам привилегија на манастирот да му доделам високо државно признание.

Бигорскиот манастир, надвор од било какво сомнение, е едно од нашите најголеми духовни светилишта, кое низ вековите, и денес, во континуитет претставува извор на писменост, на култура и уметност.

Бигорски не е само православен манастир и христијанско светилиште, тој од секогаш бил прочуен како место каде што помош, поткрепа, човечки збор и утеха можеле да најдат сите, без разлика на нивната верска, етничка или било каква друга припадност. Историјата на манастирот, но, не помалку и неговата денешна, жива духовна и културна мисија и ангажман, лесно ги надминуваат државните граници и ги сплотуваат и обединуваат луѓето што е сигурно најблагородната можна кауза во светот од кој сме дел“, рече Пендаровски во својот говор.  

Епископот Партениј, игуменот на Бигорскиот манастир Свети Јован Крстител ја поздрави поддршката на државниот врв за признавање на Македонската православна црква Охридска архиепископија.

На свеченоста беше присутен и премиерот Зоран Заев, а свој настап имаше и бигорскиот монашки хор.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Филипче: Не постојат законски пречки за увоз на вакцини против КОВИД-19, интервентен увоз на лекови не е новина во нашата земја

Media Press

Published

on

Интервентниот увоз на лекови не е никаква новина и години наназад постапката се користела за увоз на вакцини и други препарати појасни денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања во врска со увозот на вакцините против КОВИД-19.

Измената во Законот за лекови доаѓа после специфичното барање на компанијата Фајзер, која ја донесоа на глобално ниво, а тоа е за конкретниот продукт – вакцината против КОВИД-19, да немаат обврска да прават никакви договори со локални компании, туку самите да аплицираат, во секоја од државите како претставништво од надвор, од странство за да направат регистрација на продуктот – појасни Филипче.

Не постојат законски пречки вакцините да стигнат во земјава. Што се однесува до договорот кој нашата земја го направи со Република Србија, од каде треба да добиеме 8000 вакцини, се чека Србија да добие дозвола од Фајзер за извозот на вакцините. И вакцините од Србија ќе бидат со интервентен увоз.“ – кажа министерот за здравство Венко Филипче

Не може да има регистрација во ниту една од земјите, затоа што продуктите се нови. Тоа не може да се очекува, ниту пак има потреба бидејќи, документите што се даваат за интервентен увоз се сосем доволни. Со тоа се обезбедуваме дека целата постапка на правење на вакцината, контролите во матичните земји каде се направени, контролите од меѓународните лаборатории, сертификатите за квалитет, со сето тоа се осигуруваме за квалитетот – изјави министерот.

Continue Reading

Македонија

Нафтените деривати се намалуваат за два денари

Media Press

Published

on

Од вечерва цените на нафтените деривати ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 денари за литар.

Регулаторна комисија донесе одлука за промена на цените на нафтените деривати со престанувањето на важност на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба.

Од вечерва ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 денари за литар и со тоа ЕУРОСУПЕР БС-95 од вечерва ќе изнесува 61,00 денар за литат, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 63,00 денари за литар, и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 52,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 13,00 денари за литар и ќе се продава по 41,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС не се променува и останува 30,823 денари за килограм

Continue Reading

Македонија

Во Македонија нема мутација на коронавирус покажуваат анализите

Media Press

Published

on

Резултатите од анализите направени во лабораторијата на МАНУ покажаа дека кај нас нема мутација на коронавирус, слична на таа која се појави во Велика Британија, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој истакна дека кај нас е присутен истиот вирус, но тоа не е сигнал да ги намалиме мерките. „И покрај тоа што опаѓа бројот на новозаразени, се уште треба да бидеме внимателни, бидејќи сега училиштата почнаа повторно да функционираат. Сите мерките за заштита остануваат и натаму. Следната недела ќе ја анализираме состојбата и врз основа на тоа ќе носиме други мерки и препораки“, рече Филипче.

Инаку од вчера угостителите се вратија на работното време до 21 часот, од која одлука не се целосно задоволни, бидејќи тие бараа да работат до 23 часот.

Continue Reading