Connect with us

Економија

Арјанит Хоџа: Потребно јакнење на економската соработка меѓу Северна Македонија и Унгарија

Media Press

Published

on

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа оствари средба со амбасадорот на Унгарија, Неговата Екселенција Ласло Дукс на која разговараа за можностите и потенцијалот за соработка во областа на земјоделството, кое е еден од најважните сектори во економијата на двете земји – соопштуваат од МЗШВ

Амбасадорот Дукс истакна дека Унгарија како пријателска земја на Република Северна Македонија, е заинтересирана да ја поддржи земјата во сите аспекти на евроинтеграцискиот процес, преку свои експерти кои би помогнале во прилагодувањето на легислативата со ЕУ и во јакнењето на институциите. Истовремено, се разговараше за можностите за јакнење на економската соработка меѓу двете земји, преку спроведување заеднички инвестициски проекти  и поврзување на унгарските и македонски компании за поголема трговска размена со земјоделски и прехранбени производи. 

Министерот Хоџа изрази благодарност за поддршката на образовните и научни институции на двете земји и за Програмата на Владата на Унгарија за доделување стипендии за македонските студенти на меѓународните универзитети за земјоделски науки, безбедност на храна и рурален развој во Унгарија.

Економија

Објавен јавен повик за проектот „Купи куќа, купи стан“

Media Press

Published

on

Министерството за финансии објави јавен повик на кој граѓаните годинава ќе можат да аплицираат за субвенција станбен кредит од државата преку проектот „Купи куќа, купи стан“. Јавниот повик трае до 31 декември 2021 година, за државна субвенција на учеството или на месечната рата за купување стан или куќа.

Субвенцијата се одобрува за станбен кредит до 50.000 евра, чиј рок на отплата не е пократок од 20 години и истата може да достигне и до 20.000 евра, согласно избраниот модел на субвенционирање и висината на кредитот. Согласно избраниот модел субвенционираниот период може да биде и до 11 години.

Граѓаните можат да аплицираат за 6 различни модели коишто нудат различни поволности согласно тоа дали сакаат да аплицираат за субвенционирање месечна рата на кредитот или за учество, во зависност од тоа дали аплицираат за купување стан или куќа и во зависност од возраста. Повеќе за моделите може да се види во прирачникот објавен на веб-страницата на Министерството за финансии.

За проектот може да аплицираат лица што се или не се во брак, a коишто ги исполнуваат следните услови: не смеат да имаат стан или куќа на свое име или на име на брачниот другар, месечните приходи не смеат да надминуваат 900 евра доколку не се во брак или 1.300 евра доколку се во брак, продажната цена на станбениот објект мора да биде до 900 евра за метар квадратен и станот или куќата што се купуваат или градат мора да бидат новоградба, односно да се купат од инвеститор или изведувач. Исто така, станбената површина не смее да надминува 150 м2.

Сите заинтересирани граѓани што ги исполнуваат овие услови и се кредитоспособни, согласно условите од банката, можат да аплицираат во една од осумте банки што учествуваат во проектот: Тутунска банка, Стопанска банка – Скопје, Шпаркасе банка, Стопанска банка – Битола, Силк Роуд банка, ТТК банка, Охридска банка и Прокредит банка.

Continue Reading

Економија

Од утре започнува предвременото етапно исплаќање на пензиите

Media Press

Published

on

Министерството за труд и социјална политика преку соопштение на нивната веб страница информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, започнувајќи од утре 26.01.2021 година се со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

  • Во вторник, на 26.01.2021 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
  • Во  среда на 27.01.2021 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
  • Во четврток на 28.01.2021 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
  • Во петок, на 29.01. 2021 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од вторник 26 јануари. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми.

Continue Reading

Економија

УЈП ќе исплаќа ДДВ за последното тримесечје од 2020 година

Media Press

Published

on

Управата за јавни приходи известува дека во текот на месец февруари 2021 година ќе се врши исплата на дел од ДДВ на граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата МојДДВ, во четвртото тримесечје од 2020 година односно за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.

Во ова последно тримесечје од 2020 година, граѓаните скенирале 67.272.456 фискални сметки, вкупниот промет е 33,398,562,346 денари, а на граѓаните ќе им се вратат околу 382 милиони денари или околу 6,1 милиони евра

При направената проверка и анализа, Управата за јавни приходи утврди дека 5 506 граѓани во апликацијата МојДДВ имаат внесено погрешна трансакциска сметка, а 334 граѓани немаат одобрен кориснички профил во e-ПДД што е услов за користење на апликацијата МојДДВ.

Заради навремена исплата на средствата за четвртото тримесечје за 2020 година, Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да внесат точна и лична трансакциска сметка, а оние кои немаат одобрен кориснички профил во e-ПДД истото да го сторат односно да појдат до најблиската даночна канцеларија со документ за лична идентификација со цел службено лице на УЈП да го одобри и активира профилот на e-ПДД.

Continue Reading