Радовиш
JАВЕН КОНКУРС за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2020 година

Published
3 months agoon
By
Media Press
Општина Радовиш објави JАВЕН КОНКУРС за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2020 година
На конкурсот може да се јават сите заинтересирани правни и физички лица, организации од невладиниот сектор, образовни, спортски и културни установи и останати асоцијации на граѓани од општина Радовиш во сите сфери на општествениот и стопанскиот живот во општината кои што постигнале вонредни резултати и успеси во својата дејност во 2020 год.
Потребни документи за поднесување се :
– Лични податоци за предложеното физичко или правно лице;
– Образложение за предлогот по конкурсот;
-Список на добиени награди и признанија во тековната 2020 година и копија од добиените награди (ако ги има добиено);
Период за доставување на документите од 15.10.2020 год. заклучно со 27.10.2020 год.
Документите се поднесуваат на адреса : ЕЛС општина Радовиш Бул. „Александар Македонски“ Радовиш или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш
Со назнака : По конкурсот за 6 Ноември 2020 год.
Пријавите со нецелосна документација и ненавремено донесени, нема да бидат разгледувани информираат од општина Радовиш
Поврзани содржини
Радовиш
ОО Црвен крст Радовиш Ве поканува да учествувате на крводарителската акција

Published
2 weeks agoon
January 11, 2021By
Media Press
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Радовиш Ве поканува да земете учество на крводарителската акцијата која ќе се одржи на 12.01.2021 година (вторник) во просториите на Општинска организација Црвен крст Радовиш со почеток од: 09:00 до 14:30 часот.
Да напоменеме дека крводарувањето не е поврзано со Ковид-19 и е сосема безбедно.
Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј ЖИВОТ.
Факти за крводарувањето:
– Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно.
– Крводарител може да биде секоја здрава личност од 18-65 години.
– Жените можат да даруваат крв на секои 4 месеци, додека мажите на секои 3.
– Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот.
– Пред секое дарување крв се врши лекарски преглед.
– Дарувањето крв е корисно со тоа што ќе го проверите вашето здравје.
– На крводарителите како почитувани членови во општеството, Црвен крст им доделува признанија.
– Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослобооден од плаќање на сите видови болничка партиципаци
Радовиш
Годинава нема да се одржи традиционалната литија на дечињата, поради актулената ситуација со Ковид -19

Published
3 weeks agoon
January 5, 2021By
Media Press
Православната црква во Радовиш информира дека годинава нема да се одржи традиционалната литија на дечињата, која веќе долги години се одржува на Бадник, започнувајќи од црковниот хам Свети Пророк Илија преку плоштадот Свети Спасо Радовишки па се до црковниот храм Света Троица, поради актуелната состојба со корона вирусот.

„Оваа година заради пандемијата, околностите не дозволуваат да формираме Бадникови поворки, но ништо не нè спречува да ја пееме Божиќната песна, каде и да се наоѓаме, посилно од било кога!
“Вечниот Бог слезе и во Дева се всели: Свет, Свет, Свет Си и Пресвет Господи…” велат од православната црква во Радовиш
„Божиќната песна да нè сплоти во силна заедничка молитва за подобра година за сите.
Полни со вера и надеж, радосно да го најавиме ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ!“ додаваат од цркавата.

Радовиш
Приведенo 24 годишното момче кое со возило помина низ радовишкото шеталиште

Published
3 weeks agoon
January 4, 2021By
Media Press
Полицијата го приведе момчето кое помина низ плоштадот во Радовиш со своето возило и го објави видеото на социјалната мрежа „Тик-Ток“.
Од МВР известуваат дека вчера околу 15 часот ОВР Радовиш во полициска станица Радовиш го приведе Т.К.(24) од Радовиш.
Приведеното момче е идентификувано како возач на патничкото возило од снимката, на 30.12.2020 околу 22.00 часот на ул.„22 Октомври“, пред угостителски објект, со своето возило преминал преку површина наменета за пешаци (шеталиште) и постапил спротивно на поставен сообраќаен знак за ограничување на движење на возило.
По документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 124, став 3, како и член 187, став 6 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Филипче: Не постојат законски пречки за увоз на вакцини против КОВИД-19, интервентен увоз на лекови не е новина во нашата земја

УЈП ќе исплаќа ДДВ за последното тримесечје од 2020 година

Нафтените деривати се намалуваат за два денари

Во Македонија нема мутација на коронавирус покажуваат анализите
