Радовиш
Уште на почетокот на 47 седница на Совет на Општина Радовиш, дел од советниците со процедурални забелешки

Published
4 months agoon
By
Media PressСоветот на Општина Радовиш вчера ја одржа 47 сеница за која беа предвидени околу 65 точки за расправа.
Уште на почетокот, дел од советниците имаа процедурални забелешки барајќи да се иземат одредени точки од дневниот ред, како што беше втората точка, Предлог Одлука за давање на согласност за измена и дополнување на Годишниот план за вработување во ЕЛС Општина Радовиш за 2020 година.
Советникот Ужевски побара објаснување зошто има барање за измена на оваа предлог одлука на три месеци пред крајот на годината, на што доби одредено објаснување од раководителот на секторто за човечки ресурси при ЕЛС Општина Радовиш, Перо Поплазаров, дека е потребна оваа измена за назначување на раководител на одделение за комунални работи и раководител на оделение за урбанизам. Ццелта на оваа имена е како што рече тој, преку унапредување на веќе вработените да се пополнат овие раководни работни места.
Советникот Горан Поцев рече дека опозицијата нема да ги поддржи сите годишни планови за вработување, бидејќи сметат дека ќе бидат вработуни партиски кадри.
Градоначалникот Герасим Конзулов образложи дека со тргнување на оваа Предлог одлука од дневниот ред, се кочи работата на општината и на градоначалникот, бидејќи нема кој да потпишува одлуки.
Една од забелешките на советниците од опозицијата беше и несоодветните услови за одржување на седница без говорница, на која би требало да се обраќаат кон советниците.
Поврзани содржини
Економско социјалниот совет на денешената седница го усвои Оперативниот план за вработување за 2021 година
Колку паушал земаат општинските советници
Советот на Општина Радовиш конечно го усвои Предлог – Буџетот за 2021 година на денешната седница
Советот на Општина Радовиш не го усвои Буџетот за 2021 година и на последната седница, дали институциите ќе останат блокирани
Донесен Буџетот на Општина Гевгелија за 2021 година
Дел од парите планирани за новогодишно украсување на Струмица ќе бидат донирани на болницата за справување со Ковид-19
Радовиш
40 таблети за потребите на учениците доби ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш

Published
10 hours agoon
January 27, 2021By
Media Press
Донација на уште 40 таблети за потребите на учениците доби ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш
„ Многу им благодариме на нашите соработници од МЦГО Проектот ,,Јакнење на мултиетничка интеграција меѓу општините” за оваа прекрасна донација. Со ова сите наши ученици имаат уреди за следење на online настава, а наставниците можност за успешно реализирање на образовните цели!“, вели директорката на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ Лујза Спасова.
Таа додава дека секое дете има право на образование! Секое дете мора да биде рамноправно со своето другарче! Иднината на општеството зависи од тоа колку вложуваме во образованието! Во ова новонастаната ситуација големината на човечките срца е од огромно значење.

Радовиш
Боров Дол отпочнува со подготовка за тестирање на новоизградената техничка опрема

Published
1 day agoon
January 26, 2021By
Media Press
Се врши подготовка за отпочнување на тестирање и приспособување на постојката за примарно дробење на рудата и транспортната трака.
Транспортна лента, долга 7 километри, претставува главна транспортна линија која што директно го поврзува дотурот на руда од склад на Боров Дол со објектот за складирање на руда на Бучим. Транспортниот систем на ленти е систем изработен според светски стандарди, со која што ќе се пренесува издробената руда од рудникот Боров Дол до преработувачките капацитети на Бучим.
“Транспортната лента за пренос на руда и погонот за примарно дробење на рудата наскоро ќе бидат пуштени во фаза на тестирање. Сите активности за скорото пуштање на работа на новиот рудник за бакар се во завршна фаза и интензивно работиме на претстојното започнување на работа на рудникот,” изјaви Павло Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол.
Во концесикиот простор на рудникот Боров Дол ќе се изведуваат активности за експлоатација на бакарна руда, а понатамошната преработка на рудата ќе се одвива во флотациониот погон на Бучим.
Радовиш
Доделени 13 таблет компјутери на ОУ “Никола Карев” во Радовиш

Published
1 day agoon
January 26, 2021By
Media Press
Доделени се 13 таблет компјутери на ОУ “Никола Карев” во Радовиш за потребите на онлајн наставата.
Таблетите се наменети за ученици од социјално-ранливи семејства кои се соочуваат со недостиг на соодветни услови за следење на далечинска настава и истите ги додели градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов.
Како што информираат од општината таблетите се донација од “Макпетрол” АД Скопје, која како општествено одговорна компанија ги донирала на Општина Радовиш од каде се доставени за потребите на училиштетото.


ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ на некои патни правци поради врнежи од снег

МУТИРАНИОТ БРИТАНСКИ ВИРУС СЕ ПОЈАВИ И ВО МАКЕДОНИЈА. Станува збор за 46 годишен маж кој веќе е оздравен

Новиот Национален регистар на вистински сопственици, квалитетна алатка во борбата против перењето пари

40 таблети за потребите на учениците доби ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш
