Connect with us

Македонија

383 нови случаи на Ковид -19, бројот на активни случаи во земјата се движи кон 4000

Виолета | Media Press

Published

on

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 383 нови случаи на корона вирус, а седум лица починаа, соопшти Министерството за здравство.

Направени се 1.648 тестирања, а најголем број случаи се потврдени во Скопје – 201, Штип – 21, Прилеп и Струмица по 20. Во Куманово 11, Тетово 8, Струга 5, Велес 9, Битола 12, Охрид 4, Кавадарци 7, Гостивар 6, Гевгелија 8, Крива Паланка 6, Радовиш 7, Кочани 7, Пробиштип 3, Берово 5, Валандово 4, Виница 1, Делчево 4, Свети Николе 5, Кичево 4, Ресен 2 и Неготино 3.

Во болнички услови починати се седум лица, пациенти од Куманово (63г), Тетово (69г), Гевгелија (67г), Скопје (51г), Кавадарци (60г) и двајца пациенти од Битола (60 и 79г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти од: Скопје-43, Куманово-6, Штип-3, Тетово-10, Битола-2, Охрид-2, Кавадарци-1, Гевгелија-3, Струмица-1, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Кочани-8, Берово-2, Валандово-3, Свети Николе-2 и Кичево-2.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 14 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 96 пациенти. На кислородна поддршка се 58 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се пет деца и пет мајки позитивни на ковид-19.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се четири пациенти, а вкупно хоспитализирани се 41 пациент. На респиратор се четири пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 27, а во болницата во Штип се 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 195, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 207.891 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20.937, бројката на оздравени пациенти е 16.194, на починати е 792, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.951.

Македонија

МВР: 879 прекршители на мерката за носење лична заштита на лице

Александар | Media Press

Published

on

Министерството за внатрешни работи известува дека за последните 24 часа на целата територија на државата се регистрирани 879 прекршувања на мерката за носење лична заштита на лице.

Од Министерството упатуваат апел до сите граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.

Continue Reading

Македонија

Бројот на нови случаи со Ковид -19 во државата, секојдневно расте, расте бројот и во Југоистокот

Виолета | Media Press

Published

on

Нови рекордни 870 случаи на ковид-19 беа регистрирани вчера, додека Собранието доцна синоќа го донесе Законот за заштита на населението од заразни болести, со кој стапуваат во сила мерките на Владата за носење маска на отворено и за групирање на отворен простор, како и за задолжителна самоизолација во период на тестирање.

Според информациите од Министерството за здравство, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 28.697, од кои оздравени се 19.771, починати 963, а бројот на активни случаи изнесува 7.963.

Речиси половина – 48 проценти од сите активни случаи се во Скопје – 3.828, потоа следува Струмица – 458 која е општина со најголем број на активни случаи во Југоистокот.  Потоа следува  Гевгелија  со 86, Радовиш со 79,  Богданци – 52, Валандово – 33 и Дојран 18 активни случаи со Ковид -19.

Во последните 24 часа оздравени се 292 пациенити и починати се 14 лица, од кои тројца пациенти на 51, 60 и 83-годишна возраст од Скопје, тројца на возраст од 53, 65 и 71 година од Куманово, еден 80-годишен пациент од Дебар, двајца на возраст од 55 и 56 годни од Прилеп, еден 63-годишен од Тетово, еден 65-годишен од Велес, еден 68-годишен од Струмица, еден 72-годишен од Радовиш и еден 75-годишен пациент од Кратово. Сите се починати во болнички услови.

Continue Reading

Македонија

Усвоен е Законот, маските задолжително и на отворено, забрането групирање после 22 часот

Виолета | Media Press

Published

on

Владата го усвои Законот за заштита на населението од заразни болести со која се предвидува, носење лична заштита на лицето при излегување надвор од домот односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип.

Исклучок од оваа мерка се лицата кои активно спортуваат, децата под шест години и лицата со посебни потреби. Носењето маска не е потребно, при возење во приватно патничко возило, ако возачот е сам или со лице со кое живее во заедницата, при престојување во двор во семејна куќа со лица од истата семејна заедница, или во угостителски објект каде се применуваат специфичните протоколи за заштита. За неносење маска казната е 20 евра.

Законот предвидува и забрана за групирање на јавен простор во одредени периоди од деноноќието и други мерки утврдени со закон. Што значи од денеска забрането е групирање на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот, а казната за непочитување на оваа мерка е 500 евра.

Со законот се регулира и самоизолацијата, односно таа е задолжителна при тестирање за КОВИД-19, од закажување на тестот или самото тестирање до добивање на резултатот, а самоизолацијата продолжува доколку резултатот е позитивен.

За прекршителите на членот од Законот кој ја регулира самоизолација предвидена е казна од 50 евра.

Со законските измени се зголемуваат ингеренциите на инспекциските служби, во однос на контролата на спроведувањето на новите мерки, кои вклучуваат и затворање на угостителски објекти доколку не ги почитуваат ковид протоколите.

Со новите мерки е уреден и начинот на лекување на лица заболени од ковид во приватни установи

Continue Reading