Струмица
Општина Струмица денеска го одбележи 11 Октомври – Ден на Народното востание

Published
3 months agoon
By
Media Press
Со полагање свежо цвеќе пред Споменикот на револуцијата во градскиот парк, општина Струмица денеска го одбележи 11.Октомври – Ден на Народното востание на Македонија и Ден на борецот.
Свежо цвеќе положија повеќе делегации од Општина Струмица, од политички партии и од здруженија.
Единаесетти Октомври е ден од македонската историја кој не само што е симбол на нашата борба за слобода, туку е и ден кога е поставен еден од темелите на подоцнежната македонска државност. На овој ден им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание. Наша должност останува да го чуваме споменот за нив и за овој голем ден кој со пиетет го празнуваме. Тоа треба да не мотивира да чекориме напред и да веруваме во себе и во својата татковина, создавајќи нераскинлив јазол помеѓу минатото и иднината.

Поврзани содржини
Преку Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, се подобруват условите во училиштата во Струмица
Формирано Здружение „Обнова Глобал“ за санација на опожарениот Глобал во Струмица
Струмица доби уште едно прекрасно место за сите љубители на уметноста, Уметничка галерија под градскиот плоштад
До денеска треба да заврши расчистувањето на остатоците од пожарот во Глобал
Општинската комисија за проценка на штети се стави на располагање на сопствениците на деловните објекти кои претрпеа штети од пожарот во „Глобал“
Советот на Општина Радовиш донесе одлука да се одобрат средства за помош на соседна Струмица за опожарениот „Глобал“
Струмица
Струмичката болница доби нов директор

Published
22 hours agoon
January 22, 2021By
Media Press
Поради заминување во пензија, д-р Наќе Гогов заминува од функцијата директор на ЈЗУ „Општа болница“ во Струмица. Со одлука на министерот Венко Филипче за нов директор на струмичката болница е именувана д-р Катерина Кузмановска.
Доктор Катерина Кузмановска е специјалист по педијатрија од 2004 година. Родена е 1968 година во Струмица. Средно образование завршила во гимназијата „Јане Сандански“ во 1986 година. Медицински факултет во 1991 година, а од 1992 година работи во ЈЗУ „Општа Болница“ во Струмица.
Во претходниот парламентарен состав беше пратеник во Собранието од редовите на СДСМ.
Струмица
Санкционирани 137 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената

Published
3 days agoon
January 20, 2021By
Media Press
Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција санкционирла 137 возачи во регионот, кои возеле со брзина над дозволената, информира СВР Струмица.
„На 19.01.2021 година во времето од 09.00 до 16.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола над возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле откриени 171 прекршок, од кои 137 по акциската контрола и 34 останати прекршоци, кои се соодветно санкционирани“, стои во соопштението од СВР Струмица.
Струмица
Преку Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, се подобруват условите во училиштата во Струмица

Published
3 days agoon
January 20, 2021By
Media Press
Во рамките на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, преку компонентата за реновирање на училиштата, во ООУ „Никола Вапцаров“ од Струмица, во тек се градежни активности за промена на подовите во училниците, со поставување на нов ПВЦ под.
Целта на овој проект е да се подобри меѓуетничката интеграција преку позитивни интеракции помеѓу етнички мешана младина на ниво на училиштата и на ниво на заедницата и подобрување на содржините по граѓанско образование, вештини и однесувања и пракси на волонтирање кај младите. Имплементатор на овој проект е Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО) од Скопје, а како партнери се вклучени МОН, општините и училиштата во Република Македонија. Како стимул за училиштата да учествуваат во проектни активности за подобрување на меѓуетничката кохезија и развивање на демократските и граѓанските вредности помеѓу младите, проектот реновира училишта и ги подобрува условите за учење.
Со реновирањето е опфатен и објектот на подрачното основно училиште во населеното место Градско Балдовци, каде меѓу другото, за загревање на училниците, се поставени печки на пелети, со што се допринесува и за заштита од загадување на животната средина.
Општина Струмица, како долгогодишен партнер и учесник во проектите на УСАИД и МЦГО-Скопје, учествува со свои финансиски средства во износ од околу 300.000 денари, но и со секаква друга поддршка за успешна имплементација на проектните активности и подобрување на условите за учење и изведување на редовната воспитно-образовна работа во училиштето.

Филипче: Не постојат законски пречки за увоз на вакцини против КОВИД-19, интервентен увоз на лекови не е новина во нашата земја

УЈП ќе исплаќа ДДВ за последното тримесечје од 2020 година

Нафтените деривати се намалуваат за два денари

Во Македонија нема мутација на коронавирус покажуваат анализите
