Connect with us

Земјоделие

Дополнителни субвенции од 2 денари за произведено и предадено грозје

Media Press

Published

на

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа одржа повеќе конструктивни состаноци со лозарите по што Владата донесе сет мерки со кои ќе се поддржи овој многу значаен сектор, лозарството, информираат од МЗШВ.

Една од мерките е дополнителната мерка од 2 денари по килограм. Оваа мерка е од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година, која Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја изготви и истата е веќе излезена во Службен весник на РСМ.

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои се корисници на подмерката за оддржување на лозов насад од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година и оствареното производство од сортите: Смедеревка, Вранец, Бургундец Црн, Станушина, Кратошија, Жилавка, Кадарка од реколта 2020 година да е предадено во регистрирани капацитети за производство на вино во Македонија.

Дополнително ќе бидат донесени и сет на мерки кои ќе бидат од Ковид Програмата и нивната реализација ќе биде до крајот на 2020 година, велат од ресорното министерство.

Земјоделие

Земјоделците можат да аплицираат за финансиска поддршка до крајот на мај

Media Press

Published

на

Во тек е повикот за доделување на финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година. Сите заинтересирани, апликациите можат да ги поднесат електронски со пристапување на веб страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, односно на www.ipardpa.gov.mk во делот е-Барање.

Аплицирањето за добивање на финансиска поддршка во земјоделството започна на 5 април. Крајниот рок за доставување барања е 31 мај годинава.
Барањата за мерките за растително производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за парцели во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Барањата пак за сточарско производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за животни во ФАРМ регистарот со состојба на денот на поднесување на барањето.

Земјоделците пред да поднесат барања за субвенции потребно е да ги ажурираат податоците со цел да имаат точни и целосни информации во сите системи од каде Агенцијата ги презема податоците, а кои се важен сегмент за стекнување на право за добивање на субвенции. Потоа може преку пристапувње на веб-страницата на АФПЗРР, електронски да поднесат барања за субвенции со регистрација во системот, со клик на банерот „директни плакања“ – е-барање, информираат од  АФПЗРР.

Оние земјоделци кои не знаат сами да поднесат барања, или имаат потреба од помош при создавање на електронски барања, можат да се обратат во Подрачните единици на МЗШВ.“.

Според постапката за аплицирење, по електронското поднесување на барањето, апликантите треба да отпечатат 2 примерока и истите да ги потпишат своерачно, по што еден примерок треба да достават до АФПЗРР, а вработените во Подрачните,  се должни да им помогнат на апликантите ако тие побараат помош.
Доколку апликантите утврдат дека при поднесување на барањето направиле пропуст, впишале погрешни податоци или констатирале дека имаат потреба од измена заради несоодвествување со фактичката состојба, барањето може да го повлечат или да го изменат во рок од 30 дена од денот на поднесување на истото.

Инаку  за непречено извршување на тековните земјоделски активности, за земјоделците  е направен исклучок од воведената забрана и посебен режим на движење.

Прочитај повеќе

Земјоделие

Одговор на прес конференцијата на Трипуновски (Трипуновски: додека домашниот тутун скапува власта врши нелегален увоз на тутун)

Media Press

Published

на

Министерство за финасии, Царинска управа со одговор на прес конференцијата на Цветан Трипуновски, некогашниот директор на Државен инспекторат за земјоделство во времето на претходната власт.

Трипуновски на прес конференција рече: „Додека домашниот тутун скапува власта врши нелегален увоз на тутун! ЈО, Царинската управа и другите надлежни органи веднаш да реагираат и да отворат постапка, и да утврдат дали во Македoнија нелегално се прави увоз на тутун и кој се е вмешан во целата процедура. Одговорност мора да има, како кривична така и политичка!“

Царинска управа како одговор на прес конференцијата  на Трипуновски:

„Во врска со наводите изнесени на прес конференцијата одржана денес (10.03.2021 година) од страна на господин Цветан Трипуновски, Царинската управа ве известува дека  континуирано во изминатиот период од повеќе месеци презема засилени активности преку криминалистички истраги  во соработка со надлежното Јавно обвинителство, во насока на откривање и прогон на лица вклучени во нелегални дејствија во врска со промет на тутун.

Во таа смисла, во месец ноември 2020 и јануари 2021 се поднесени две кривични пријави во кои се опфатени три правни лица и три физички лица, а во таа насока истрагата е продолжена и во тек е прибирање на сознанија и докази за евентуални незаконски активности и на други физички и правни лица, меѓу кои и за споменатата Студенац. За конкретниот предмет надлежното јавно обвинителството – Куманово  е веќе известено и до него се доставени докази по кои се постапува. Царинската управа од страна на надлежното обвинителство има добиено конкретни насоки и задолженија  за понатомошно постапување.   

Во интерес на истрагата не може да дадеме подетални информации, но сметаме дека со изнесувањето на вакви информации во јавност,  кои се дел од официјална истрага се прави штета на напорите за сузбивање на криминалот и запазување на законитоста во работењето“ стои во одговорот од Министерство за финасии Царинска управа.

ЦветанТрипуновски од ВМРО -ДПМНЕ денеска повторно се јави со реакција до јавноста.

„Драго ми е што Царинска управа се одважи и призна дека луѓе блиски до Љупчо Николовски шверцале тутун. Но признанието не е доволно, очекувам ефективни казни за сите вклучени во нелегалната трговија и увоз на тутун. Не може тутунарите да немаат за леб, а некој да прави милиони на нивен грб. ЈО да ја испита вклученоста и евентуалната помош, која шверцерите ја добиле од функционери во власта“ стои во реакцијата на Трипуновски.

Прочитај повеќе

Земјоделие

Заев: Ја поддржуваме иницијативата Собранието да го продолжи рокот за откуп на тутунот за да се откупи целата годишна реколта

Media Press

Published

на

Премиерот Зоран Заев на вчерашната седница рече дека како Влада ја поддржуваат иницијативата Собранието да го продолжи рокот за откуп на тутунот за да се откупи целата годишна реколта.

„Ја поддржуваме иницијативата да се одржи итна седница на Собранието за да се продолжи рокот за откуп на тутунот и да биде откупена целата годишна реколта и со помош на дополнителните 5 милиони евра од Пакетот 5 да им помогнеме на тутунопроизводителите да постигнат просечна цена од 180 денари по килограм“, истакна премиерот Зоран Заев на седницата за пратенички прашања во Собранието.

Тој информираше дека до сега се откупени 24,5 милиони килограми тутун и дека за откуп за оваа реколта се обезбедени 4 милијарди денари, односно 70 милиони евра.

„Ако Собранието постигне согласност за итна седница на Собранието за да се продолжи рокот за откуп до крајот на март наместо до крајот на февруари, ќе добиеме можност за откуп на целата реколта и наместо сегашната просечна цена од 165 денари ќе се создадат услови за постигнување на 180 денари по килограм тутун“, рече Заев од собраниската говорница на седницата за пратенички прашања. 

Инаку законскиот рок за откуп на тутун завршува до крајот на февруари до недела, а се предлага истиот да продолжи до крајот на март.

Прочитај повеќе