Connect with us

Македонија

Шахпаска: Нема веќе деца под 18 години сместени во институции

Виолета | Media Press

Published

on

Министерката за труд и социјална политика денеска беше во посета на еден од седумте мали  групни  домови  при ЈУ за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје.

„Овој мал групен дом е показател за позитивните приказни кои произлегоа со носењето на Законот за социјална заштита и  ова е една успешна приказна на кој начин децата треба да излегуваат од гломазните институции  и да бидат сместени  во мали групни домови , затоа што тие се чекор поблиску до нормалните биолошки семејства. Тука децата се учат на основните вредности кои ги носи семејството. Почитувањето на возрасните и меѓусебното почитување како врсници,  основните елементарни и хигиенски навики, вклученоста во образовниот процес и се друго што е дел од секојдневното нормално живеење,“ истакна Шахпаска.

Министерката посочи дека токму овие мали групни домови се поддршката која ја добиваат децата кои се запуштени , на начин што со нив работат стручни лица, педагози, психолози, социјални работници со 24 часовна поддршка, она што навистина им е потребно на децата за да се изградат во вистински личности.

„Продолжуваме со процесот на деинституционализација. Изминатиот период деинституционализацијата беше завршена за децата под 18 години, но тој процес продолжува за останатите  гломазни институции како што се Заводот во  Демир Капија,  Бања Банско во Струмица, Заводот за рехабилитација, Скопје. Пред нас има уште работа, тоа се околу 270 штитеници кои сеуште се во институциите. До крајот на ноември , очекуваме отворање на уште четири куќи во кои ќе бидат сместени и останатите лица, кои ги вадиме од институциите,“ истакна Шахпаска.

Македонија

Филипче појаснува зошто мора да се носат маски и на отворено

Виолета | Media Press

Published

on

Министерот за здравство Венко Филипче појаснува, зошто треба да се носи заштитна маска и на отворено.

„Доаѓа период кога времето заладува, а воздухот ќе биде загаден. Многу е важно секој од нас да се грижи за сопственото здравје, па дури и од настинка и сезонски грип. Прекривката на устата и носот, маска, марама, шал овозможува да дишеме топол воздух, да не се најдеме во група во којашто има носител на вирусот. Притоа и да го избегнеме штетното влијание на ПМ 10 честичките за кои има докази дека му овозможуваат на вирусот да патува подалеку од вообичаениот пат на флигиовата капка за време на зборувањето. Ова се аргументите кои по дискусијата со стручните лица, виролози, инфектолози ни укажаа дека сепак маски на отворено мора да се носат“ вели Филипче.

Continue Reading

Македонија

Во тек е дополнителната исплата на образовниот додаток за ученици

Виолета | Media Press

Published

on

Во тек е дополнителната исплата на образовниот додаток, кој се исплаќа во случај ако има позитивно решени жалби и задоцнето известување од страна на училиштата, соопштува министерството за труд и социјална политика.

Исплатата  за правото на додаток за образование се врши до 31 октомври во тековната календарска година за претходната наставна година  предвидена со Закон за заштита на децата.

Висината на додатокот за образование изнесува 700 денари месечно за ученик во основно образование и 1.000 денари месечно за ученик во средно образование во текот на учебната година.

Годишниот износ на додатокот за образование за основно образование во учебна година по дете изнесува 8.400 денари, а за средно образование во учебна година по дете изнесува 12.000 дeнари.

„Исплатата на додатокот за образование се врши во четири еднакви износи од по 2.100 денари на корисникот на правото на додаток за образование за дете во основно образование, а од по 3.000 дeнари на корисникот на правото на додатокот за образование за дете во средно образование, по завршување на секој од мерните периоди, утврдени со овој закон“, стои во соопштението од МТСП.

Continue Reading

Македонија

Високи 862 нови случаи на Ковид – 19 покажува дневната статистика во вчерашниот извештај

Виолета | Media Press

Published

on

Во последните 24 часа се направени 2699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на ковид-19 од нив најголем број во Скопје 390

Од општините во Југоистокот повторно најголем број се од Струмица 27, во Гевгелија 12 , Радовиш 6 и Валандово 6.

Починати се 14 лица, пет пациенти од Скопје (35, 82, 62, 90 и 77г), еден од Прилеп (54г), еден од Тетово (88г), еден од Струга (66г), еден пациент од Велес (78г), еден од Битола (76г), двајца пациенти од Струмица (63 и 68г), еден од Радовиш (66г) и еден пациент од Ресен (83г).

Институтот за јавно здравје во текот на вчерашниот ден регистрира 223 оздравени пациенти од општините од Југоисточниот регион во Гевгелија 14 оздравени пациенти во Струмица 14 и во Радовиш 6 останатите се од другите општини во земјата. –

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 29558, бројката на оздравени пациенти е 19994, на починати е 977, а бројот на активни случаи изнесува 8587.

Continue Reading