Connect with us

Македонија

Царовска: Растот на бројот на заразени зависи од одговорноста на сите нас

Александар | Media Press

Published

on

Министерката за образование и наука Мила Царовска  при посетата на новото училиште во Ѓопчели, во општина Дојран, апелираше на доследно почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид -19.

„Јас од тука, како министерка но и како мајка, сакам да испратам порака до сите училишта во државата, до сите наставници во државата, до сите ученици во државата, дека Ковид-19 е навистина прашање за кое сите сме одговорни. Дали ќе имаме зголемен раст на случаи, дали ќе имаме зголемен број на починати лица од Ковид-19, зависи од секој од нас“, рече Царовска.

Според неа, фактот што за само една недела има 53 деца и 8 наставници во изолација покажува дека сите треба да покажеме поголема одговорност во спроведувањето на мерките за заштита.

„Со цел превенција на здравјето и на наставниците и на учениците, ние направивме и ги преземавме сите мерки заедно со здравствениот систем, но навистина на сечија одговорност е ова да го запреме заедно и на сечија одговорност е мерките, препораките, протоколите, алгоритмите да се почитуваат доследно, за да може да продолжи наставата во нашата држава на начин на којшто сега сме ја започнале. Да бидеме одговорни“, побара Царовска. 

Македонија

Арсовски: Недостојни и недолични се изјавите на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов

Виолета | Media Press

Published

on

Недостојни и недолични се изјавите на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов и ние ги осудуваме, соопшти денеска портпаролот на македонската Влада, Душко Арсовски, кој го изрази оптимизмот на Владата дека ова не е став на мнозинството во Бугарија

На прес-конференцијата одговарајќи на новинарско прашање за несоодветната и провокативна изјава на министерот за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов, дека е подготвен да испрати инженерски полк и ги отстрани спомениците и спомен-плочите на кои пишува фашистички окупатор, портпаролот Арсовски го наведе ставот на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и истакна дека ваквите изјави се недостојни и недолични, како и дека претставници на две земји членки на НАТО не може на ваков начин да комуницираат меѓу себе.

Воедно портпаролот Арсовски изрази убеденост дека Бугарија како земја-сосед која прва ја призна независноста на Северна Македонија и која беше прв промотор на нашата интеграција кон НАТО и ЕУ нема да помисли да го оспорува правото на идентитетско самоопределување на  пријателскиот македонски народ.

Тој го изрази оптимизмот на Владата дека ова не е став на мнозинството во Бугарија и дека ќе се изнајде решение со кое ќе се надмине ова недоразбирање со нашиот сосед.

Continue Reading

Македонија

777 прекршоци на територијата на цела Македонија, 77 се во регионов

Александар | Media Press

Published

on

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, според статистиката на МВР по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 777 прекршоци.

На ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 77 лица не ја почитувале, од кои 33 во Струмица,  29 во Радовиш, 8 во Гевгелија и 7 во Валандово.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19. 

Continue Reading

Македонија

Армијата се подмладува – нови питомци на Воената академија, нови офицери во единиците

Александар | Media Press

Published

on

Дваесет и седум потпоручници кои го завршија своето образование на Воената академија од денеска се новите офицери во Армијата на Република Северна Македонија и вооружените сили на Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово. Денеска на Воената академија освен промоцијата на потпоручниците, примени беа и нови 40 питомци, кои со давањето на свечената заклетва го започнаа своето четиригодишно воено образование.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на овие две класи им честиташе што одбрале професија која е високо ценета, угледна и благородна и изрази убеденост дека со својата работа овие сегашни и идни офицери ќе ја заслужат високата доверба која граѓаните ја имаат во Армијата.

„Дваесеттата класа питомци кои денеска го добиваат својот прв офицерски чин покажа колкава е вредноста на Воената академија не само за нас, туку и за нашиот регион, а преку нашиот регион и за НАТО – Алијансата. 30-тина проценти од оваа класа се школувани за потребите на вооружените сили на регионот“, рече министерката. Таа на потпоручниците им порача дека изминатиот период беа направени големи чекори напред и дека во нашата земја во тек се суштински процеси за опремување, трансформација и модернизација. „Ќе продолжиме да работиме, резултатите од вашата работа да бидат по видливи, вашиот стандард повисок, но се ова е возможно со заеднички напор. Дајте сè од себе, помогнете ни да бидеме подобри и поефикасни. Бидете целосно фокусирани, посветени и мотивирани во вашите задачи затоа што само така се достигнува врвот“, рече Шекеринска.

На свеченоста беа наградени тројцата прворангирани потпоручници, Биљана Дуловиќ од Црна Гора и Гоце Софески и Филип Младеновски од Северна Македонија, а плакета им беше доделена и на професорите на Воената академија кои годинава заминуваат во пензија.

Continue Reading