Connect with us

Македонија

Истражување на СЕММ: Најчести прекршувања на новинарските стандарди за време на пандемијата

Виолета | Media Press

Published

on

Сензационалистичкото известување во медиумите, недоволната заштита на приватноста и личните податоци и отежнатиот пристап до информации се меѓу најчесто пријавуваните проблеми до советите за етика во медиумите во регионот на Балканот и Европа во периодот на пандемијата. Ова се дел од наодите од анализата што ја спроведе Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), во периодот јули – септември годинава, анализирајќи ги искуствата на медиумските саморегулаторни тела – членки или придружни членки на Алијансата за независни совети за етика во медиумите во Европа (АИПЦЕ), каде што полноправно членува и СЕММ.  

Истражувањето на СЕММ, коешто е прво од ваков вид во глобални рамки, денеска го објави и УНЕСКО.

„Задоволни сме што преку проектот финансиран од ЕУ го поддржавме објавувањето на ова истражување. Во УНЕСКО, силно веруваме дека советите за етика имаат критична улога во одбраната на слободата на изразување и во адресирањето на проблемот со дезинформациите. Ова особено се потврдува за време на криза. Сепак, зголемена е загриженоста за влијанието на пандемијата и последиците од проблемот што ќе го има финансиската криза во медиумите врз иднината на овие совети. Се надеваме дека со анализата на СЕММ ќе се зголеми свесноста за потребата од обезбедување финансиска стабилност“, истакна Аделин Хулин од канцеларијата на УНЕСКО во Брисел.  

Советите за етика периодов, неретко, добивале и жалби за известување во насока на теориите на заговор:„Коронавирусот е проект, не е неизлечив, имаме ‘лек’! Вирусот е патентиран во 2015 година“. „Кликбајт“ наслови од типот „Коронавирусот не може да преживее“, ,„Лек за коронавирусот почнува да се продава од утре“ се дел од новинарските текстови за коишто биле поднесени жалби до босанскиот Совет за етика.  

Со ширењето на пандемијата, се зголеми и загриженоста околу заштитата на приватноста и заштитата на податоците во медиумското известување. Случаи во кои биле нарушени овие принципи многу често се пријавувале до советите за етика во медиумите во повеќе држави. Во Советот за етика во Ирска биле пријавени случаи кога одредени весници објавиле имиња на лица заразени со ковид-19, што предизвикало негативни реакции во јавноста. „Сепак, весниците беа многу внимателни и ги идентификуваа само оние лица коишто се согласиле на тоа. Можеби секогаш постои аргументот за јавниот интерес, но идентификувањето на поединците е избрзан чекор“нагласуваат од ирскиот Совет за етика.  

Во одредени држави имало реакции и на објавувањето фотографии од медицински лица. Таков пример е регистриран во саморегулаторното тело во Велика Британија ИПСО. Самиот здравствен персонал укажал дека во услови кога се под екстремен притисок и поминуваат низ многу тешки времиња ваквото однесување е нападно. „За нас, како саморегулаторно тело, беше интересно прашање за тоа какви се правата на медицинските работници во овие околности, бидејќи во нормални услови би им објасниле дека се во фокус на јавноста и се претставени во професионално светло, а тоа не е во доменот на приватното“, нагласуваат од ИПСО. 

„Пристапот до информации беше клучниот проблем со кој се соочуваа медиумите и новинарите за време на пандемијата, што се рефлектираше и врз работата на советите за етика. Споделените искуства потврдуваат дека здравствените институции и властите го ограничувале протокот на информации, како и пристапот на новинарите до локациите, селектирале што може да се објавува или ги ограничувале прашањата кoи новинарите можеле да ги поставуваат, а притоа биле од јавен интерес. Некои институции во одредени држави го забранувале присуството или селектирале кои медиуми ќе бидат поканети, што го ограничува пристапот до информации, како за медиумите, така и за граѓаните. 

За справување со овие нови ситуации во едно комплексно време, имајќи предвид дека во некои држави корона-кризата се поклопи со одржување и на избори, како што е случајот со нашата држава, соработката и партнерството со граѓанскиот сектор, медиумите и нивните асоцијации, со институциите и граѓаните, се покажа како мошне значаен механизам за советите за етика. Мултисекторската соработка меѓу ситезасегнати страни е во согласност со некои од клучните препораки на меѓународните организации за заштита на слободата на изразувањето и информирањето во време на криза“ стои во известувањето од СЕММ.  

Интегралната анализа на СЕММ е достапна на следниов линк: https://semm.mk/pravna-ramka-4/publikacii/791-19 .

Македонија

Филипче појаснува зошто мора да се носат маски и на отворено

Виолета | Media Press

Published

on

Министерот за здравство Венко Филипче појаснува, зошто треба да се носи заштитна маска и на отворено.

„Доаѓа период кога времето заладува, а воздухот ќе биде загаден. Многу е важно секој од нас да се грижи за сопственото здравје, па дури и од настинка и сезонски грип. Прекривката на устата и носот, маска, марама, шал овозможува да дишеме топол воздух, да не се најдеме во група во којашто има носител на вирусот. Притоа и да го избегнеме штетното влијание на ПМ 10 честичките за кои има докази дека му овозможуваат на вирусот да патува подалеку од вообичаениот пат на флигиовата капка за време на зборувањето. Ова се аргументите кои по дискусијата со стручните лица, виролози, инфектолози ни укажаа дека сепак маски на отворено мора да се носат“ вели Филипче.

Continue Reading

Македонија

Во тек е дополнителната исплата на образовниот додаток за ученици

Виолета | Media Press

Published

on

Во тек е дополнителната исплата на образовниот додаток, кој се исплаќа во случај ако има позитивно решени жалби и задоцнето известување од страна на училиштата, соопштува министерството за труд и социјална политика.

Исплатата  за правото на додаток за образование се врши до 31 октомври во тековната календарска година за претходната наставна година  предвидена со Закон за заштита на децата.

Висината на додатокот за образование изнесува 700 денари месечно за ученик во основно образование и 1.000 денари месечно за ученик во средно образование во текот на учебната година.

Годишниот износ на додатокот за образование за основно образование во учебна година по дете изнесува 8.400 денари, а за средно образование во учебна година по дете изнесува 12.000 дeнари.

„Исплатата на додатокот за образование се врши во четири еднакви износи од по 2.100 денари на корисникот на правото на додаток за образование за дете во основно образование, а од по 3.000 дeнари на корисникот на правото на додатокот за образование за дете во средно образование, по завршување на секој од мерните периоди, утврдени со овој закон“, стои во соопштението од МТСП.

Continue Reading

Македонија

Високи 862 нови случаи на Ковид – 19 покажува дневната статистика во вчерашниот извештај

Виолета | Media Press

Published

on

Во последните 24 часа се направени 2699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на ковид-19 од нив најголем број во Скопје 390

Од општините во Југоистокот повторно најголем број се од Струмица 27, во Гевгелија 12 , Радовиш 6 и Валандово 6.

Починати се 14 лица, пет пациенти од Скопје (35, 82, 62, 90 и 77г), еден од Прилеп (54г), еден од Тетово (88г), еден од Струга (66г), еден пациент од Велес (78г), еден од Битола (76г), двајца пациенти од Струмица (63 и 68г), еден од Радовиш (66г) и еден пациент од Ресен (83г).

Институтот за јавно здравје во текот на вчерашниот ден регистрира 223 оздравени пациенти од општините од Југоисточниот регион во Гевгелија 14 оздравени пациенти во Струмица 14 и во Радовиш 6 останатите се од другите општини во земјата. –

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 29558, бројката на оздравени пациенти е 19994, на починати е 977, а бројот на активни случаи изнесува 8587.

Continue Reading