Македонија

Неконтролирано расте бројот на нови случаи, за 24 часа 364 позитивни на Ковид -19, расте бројот и во Југоистокот

Во последните 24 часа се направени 2.140 тестирања, а регистрирани се 364 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-184, Куманово-13, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-12, Тетово-19, Струга-6, Велес-4, Битола-10, Охрид-4, Кавадарци-5, Гостивар-4, Гевгелија-5, Струмица-21, Крива Паланка-5, Радовиш-11, Кочани-17,  Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-3, Виница-2, Делчево-4, Свети Николе-11, Кичево-3, Неготино-1. Во болнички услови починати се тројца пациенти од кои еден од Охрид (73 г.), еден од Гостивар (62 г.) и еден од Радовиш (72 г.).

Институтот за јавно здравје регистрира 106 оздравени пациенти од: Скопје-35, Куманово-12, Дебар-2, Штип-3, Прилеп-16, Тетово-6, Струга-3, Велес-4, Битола-4, Охрид-4, Кавадарци-1, Гостивар-1, Гевгелија-1, Струмица-4, Крива Паланка-3, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Свети Николе-2, Кичево-1, Ресен-1, соопшти Министерството за здравство.

Вкупната бројка Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 19.777, бројката на оздравени пациенти е 15.855, на починати е 775, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.147. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 7.908, активни 1315

• Куманово 1.836, активни 167

• Дебар 291, активни 34

• Штип 1.319, активни 88

• Прилеп 754, активни 134

• Тетово 1.536, активни 181

• Струга 700, активни 46

• Велес 352, активни 36

• Битола 354, активни 84

• Охрид 447, активни 35

• Кавадарци 260, активни 44

• Гостивар 963, активни 70

• Гевгелија 160, активни 61 (11 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 23 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 350, активни 203

• Крива Паланка 135, активни 40

• Радовиш 118, активни 45

• Крушево 20, активни 1

• Кочани 466, активни 199

• Пробиштип 121, активни 18

• Демир Хисар 62, активни 2

• Македонски Брод 94, активни 1

• Пехчево 46, активни 3

• Берово 132, активни 50

• Валандово 57, активни 42

• Виница 128, активни 38

• Делчево 179, активни 89 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 26, активни 2

• Свети Николе 391, активни 66

• Кичево 343, активни 31

• Ресен 167, активни 8

• Неготино 62, активни 14 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Досега во земјата се направени вкупно 201.512 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се четири пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти од кои на кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се три деца и три мајки позитивни на Ковид-19, а хоспитализирани се две деца и две мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември” примени се тројца пациенти. Вкупно хоспитализирани се 40 пациенти од кои на респиратор се четворица пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 207, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago