Македонија

Заев: Како да се претворат во инвестиции за економски развој околу 1,5 милијарди евра на граѓаните што ги чуваат дома

„Ние сме уште земја во транзиција и се смета дека кај граѓаните има околу 1,5 милијарди евра кои се надвор од финансиските текови и од финансискиот промет. Подготвени сме да ја отвориме дебатата за тоа кои се најдобрите услови и што треба да направиме за да поттикнеме овие огромни средства да се трансформираат во инвестиции за дополнителен економски развој“, истакна претседателот на Владата Зоран Заев во емисијата „Економски магазин“ .

„Сега имаме стабилен и сигурен амбиент за инвестиции и за економски развој заради нашето членство во НАТО, а еве нé и пред почетокот на отворањето на поглавјата за членство во ЕУ и Брисел нé стави во фокусот со Економско-инвестицискиот пакет на ЕУ за Западен Балкан. Но, да се запрашаме дали ги користиме сите ресурси? Дали ги знаеме сите наши  ресурси? Дали се максимално искористени? Владата отвори дебата со коморите, а отворив дебата и на една од седниците за важни теми кои треба да станат видливи, како што е темата на кој начин да се стават во функција 1,5 милијарди евра на граѓаните“, објасни премиерот Заев.

Заев истакна дека голем потенцијал за инвестиции има во земјоделското земјиште кое што во голема мерка е уште државно.

„Легализиравме одреден процент со мерките за консолидација на земјоделското земјиште, но остануваат уште многу површини. Ако станат сопственици граѓаните, компаниите, ако го купуваат тоа земјиште со парите кои сега не се во промет, тие ќе повлечат повеќе кредити за своите инвестициски активности. Има и други теми. Тука се автомобилите со странски таблички кои средствата за регистрација ги плаќаат во други држави. Зошто да не им дадеме можност да добијат домашни таблички и да се регистрираат кај нас? Потоа тука се угостителите. Зошто е толку мало учеството на угостителството во бруто домашниот производ, а во европските земји тоа учество е многу поголемо? Да ја отвориме таа дебата. Да го слушнеме општеството, да ги пуштиме во оптек сите ресурси затоа што неповторлив е овој период. Од ЕУ,  регионот добива 9 милијарди евра и тоа е секако заслужена поддршка, но да видиме што правиме дома. Како да ги поттикнеме и искористиме сите ресурси затоа што имаме многу можности и предности“, истакна премиерот Заев.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago