Connect with us

Македонија

Приведени седум дилери, запленето оружје, хероин и марихуана од источна Македонија, меѓу нив има и струмичанец

Александар | Media Press

Published

on

Министерството за внатрешни работи во рамките на засилените активности и мерки во борбата против недозволена трговија со дрога и оружје, вчера заплени осум парчиња оружје, како и лабараторија за дрога, хероин и марихуана и притоа приведе седум лица.

Полициски службеници од Одделот за Криминалистичка полиција Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на 07.10.2020 во координација со СВР Куманово СВР Штип, СВР Велес и ОВР Кратово, а по претходно обезбедени наредби за претрес од Основен суд Куманово и Основен суд Штип извршија претрес во домови и помошни простории  во с. Којково- кратовско и во с. Злетово и ги приведоа Д.М. (25), З.М. (44), М.М., и Љ.М..

При претресите пронајдени се осум парчиња оружје без документација (три карабини, четири ловечки пушки, една малокалибарска пушка). Во близина на куќата на Љ.М. во с. Којково откриен е насад засаден со марихуана, а при претресите се пронајдени и лабараторија за преработка, стебла марихуана засадена во пластеници (високи од околу 2 м), 10 тегли со екстракт од марихуана, поголема количина семки од марихуана, платформи за сушење на марихуана со поголема количина на марихуана во процес на сушење, сад во кој се вари марихуана, остатоци во кесиња од цедена марихуана. Во моментот кога полициските службеници почнале со претреси, во лабароторијата се одвивал процес на обработка на марихуаната.

Во дополнителна акција, полициски службеници извршиле претреси во дом на Т.Ј. (26) од Велес и при тоа се пронајдени два килограма марихуана и други предмети.

Во дополнителна акција на СВР Струмица и СВР Велес приведен е Х.Б. (44), дилер на хероин од Велес. На 07.10.2020 Одделението за криминалистичка полиција при СВР Струмица презеде мерки и активности и кај С.И. од Струмица пронајде 50 грама хероин во моментот додека го купувал од други лица. Лицата се дале во бегство со возило бмв, но по преземани мерки тие се фатени во Неготино. Приведени се Х.Б. од Велес  и М.О. (34) од с.Бузалково.

Против приведените ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежното обвинителство. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога и оружје и другите видови криминал. 


Македонија

РСБСП: Потребни се засилени контроли за поголема безбедност во сообраќајот

Александар | Media Press

Published

on

Засилените сообраќајни контроли од страна на сообраќајната полиција  во изминатите неколку  месеци  покажуваат дека дисциплината и одговорноста кај учесниците во сообраќајот се уште не се на потребното ниво. Управување на моторно возило под дејство на алкохол, управување на моторно возило без соодветна возачка дозвола, непочитување на правилата за ограничување на брзината, не правилно престигнување, управување на нерегистрирани и технички неисправни возила и голем број на други прекршоци  во сообраќајот со кои директно се загрозува животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот се дел од прекршоците кои полициските службеници ги регистрираат секојдневно.

Во делот на превенцијата, РСБСП потенцира дека  културата и навиките во сообраќајот се учат од најмали нозе и токму затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата посебно внимание во својата работа посветува на најмалите. 

Што се однесува до возрасните, важно е да се каже дека процесот на промена на навиките и културата  во сообраќајот е бавен и тежок процес и за таа цел  РСБСП реализира континуирани и силни кампањи,  а ефектите од кампањите  може да се почувствуваат единствено на подолг рок.

„РСБСП го поддржува процесот на засилени сообраќајни контроли  и истиот треба да биде континуиран и силен. Најважно е граѓаните  да знаат дека репресивните мерки се спроведуваат со цел заштита на нивниот живот и нивното здравје и истите имаат за цел да ги одвратат сторителите на сообраќајните прекршоци  од повторување на сообраќајниот прекршок.“ – стои во соопштението на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Continue Reading

Македонија

МВР: 879 прекршители на мерката за носење лична заштита на лице

Александар | Media Press

Published

on

Министерството за внатрешни работи известува дека за последните 24 часа на целата територија на државата се регистрирани 879 прекршувања на мерката за носење лична заштита на лице.

Од Министерството упатуваат апел до сите граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.

Continue Reading

Македонија

Бројот на нови случаи со Ковид -19 во државата, секојдневно расте, расте бројот и во Југоистокот

Виолета | Media Press

Published

on

Нови рекордни 870 случаи на ковид-19 беа регистрирани вчера, додека Собранието доцна синоќа го донесе Законот за заштита на населението од заразни болести, со кој стапуваат во сила мерките на Владата за носење маска на отворено и за групирање на отворен простор, како и за задолжителна самоизолација во период на тестирање.

Според информациите од Министерството за здравство, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 28.697, од кои оздравени се 19.771, починати 963, а бројот на активни случаи изнесува 7.963.

Речиси половина – 48 проценти од сите активни случаи се во Скопје – 3.828, потоа следува Струмица – 458 која е општина со најголем број на активни случаи во Југоистокот.  Потоа следува  Гевгелија  со 86, Радовиш со 79,  Богданци – 52, Валандово – 33 и Дојран 18 активни случаи со Ковид -19.

Во последните 24 часа оздравени се 292 пациенити и починати се 14 лица, од кои тројца пациенти на 51, 60 и 83-годишна возраст од Скопје, тројца на возраст од 53, 65 и 71 година од Куманово, еден 80-годишен пациент од Дебар, двајца на возраст од 55 и 56 годни од Прилеп, еден 63-годишен од Тетово, еден 65-годишен од Велес, еден 68-годишен од Струмица, еден 72-годишен од Радовиш и еден 75-годишен пациент од Кратово. Сите се починати во болнички услови.

Continue Reading