Македонија
Најголем број на забилени токму од семејните собири, се забранува групирање на прослави

Published
4 months agoon
By
Media Press
Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција потенцираше дека согласно актуелната епидемиолошка слика и анализите на Институтот за јавно здравје, на состанокот на Комисијата за заразни болести донесена е одлука за препорака на нови мерки со цел спречување на понатамошно ширење на КОВИД-19 вирусот.
„Се забранува групирање на граѓаните во домовите на семејни прослави, слави и други собири во групи. Во едно живеалиште (стан или куќа) сопствениците дозволено е да примат најмногу четири лица. Односно, на семеен настан може да бидат сите кои се со живеалиште на таа адреса плус најмногу четворица други. Анализите покажуваат дека сериозен процент на ново заразени се токму заразени на ваков тип на настани и ова мора да го превенираме. Со оваа нова мерки дополнително ќе се избегне забавите од кафулиња и барови да се префрлат во домашни услови. Се забранува групирање на јавен простор после 22:00 часот на повеќе од 4 лица. Од истите причини, забрануваме групирање по паркови, бензински пумпи или било каде на отворено на поголема група граѓани“, истакна министерот Филипче.
Поврзани содржини
Македонија
Ординацијата во домот д-р Асани била нерегистрирана, ДСЗИ издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност

Published
12 hours agoon
January 26, 2021By
Media Press
Врз основа на наодите од вонредниот инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), во врска со случајот за директорот на струшката болница,д-р Мухамед Асани, кабинетот на заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, е во постојна комуникација со инспекторатот за сите преземени активности. ДСЗИ ги презема сите мерки во рамки на законските надлежност за постапување со конкретниот случај.
ДСЗИ во ординацијата која се наоѓа во домот на д-р Асани, веќе изврши вонреден инспекциски надзор со полициска асистенција, како што налагаат правилата за надзор во објект каде нема обележано дека постои приватна здравствена устанува.
При надзорот, е констатирано комплетно опремена гинеколошка ординација, нерегистрирана, односно за којашто нема никаков документ, како што се потребните дозволи за работа и за основање на фирма.
Во меѓувреме, до ДСЗИ се пристигнати четири нотарски заверени изјави од пациентки, кои потврдуваат дека докторот во ординацијата сместена во неговиот дом им вршел прегледи по 15 часот. Една од пациентките во изјавата посочува дека во истата ординација, докторот ја контролирал нејзината бременост уште пред 8 години. Во текот на вчерашниот ден ДСЗИ на д-р Мухамед Асани му издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност во ординацијата која се наоѓа во неговиот дом.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат, ќе постапи согласно надлежностите и ќе ги извести сите надлежни институции за констатираната состојба во ординацијата сместена во домот на д-р Асани . Владата ќе продолжи да работи на механизми и системски мерки за расчистување на сите случаи и сузбивање на истите.
Македонија
Македонија преговара со Кинеската амбасада во земјава за набавка на кинеските вакцини

Published
12 hours agoon
January 26, 2021By
Media Press
Министерот за здравство Венко Филипче вели дека нема сомеж во квалитетот на кинеските вакцини, кои веќе беа најавени од премиерот како една од опциите.Станува збор за кинеските вакцини „Синовак“ и „Синофарм“.
„Остануваме посветени на реализација на набавките за вакцините преку механизмот Ковакс и во директните набавки од компанијата Фајзер. Но, факт е дека компаниите се соочуваат со проблеми во испораката и доцнење на вакцините во целиот свет и во Европа. Во моментов ја разгледуваме и можноста за набавка на вакцини од Кина и чекаме детали во однос на цената и испораката. До крајот на неделата верувам дека сите овие информации ќе ги имаме. Мораме да работиме на сите полиња за да обезбедиме интегрален процес, без пауза од моментот кога ќе почне имунизацијата“, вели Филипче.
Македонија
Министерството за образование и наука има законска обврска да ја организира матурата за учениците

Published
13 hours agoon
January 26, 2021By
Media Press
Стартот на второто полугодие и полагањето на матурските испити беше тема на разговор на Министерката за образование и наука Мила Царовска со директорите на средните училишта на онлајн состанокот што се одржа вчера.
На состанокот е донесен заклучок дека, Министерството за образование и наука има законска обврска да ја организира матурата за учениците коишто планираат да го продолжат образованието, а е услов за запишување на факултетите во државата и во странство. Според податоците на училиштата полагање на матура имаат пријавено над 14.000 матуранти, а испитите ќе се одржат според концепцијата утврдена уште на почетокот на оваа учебна година.
Матурата, којашто е право на избор и на учениците кои избраа да полагаат и ги пријавија испитите ќе им биде овозможено да полагаат. На состанокот беше посочено дека уште во текот на првото полугодие, целосно почитувајќи го демократското право на изразување на учениците, од страна на МОН беа прифатени сите забелешки за олеснување во делот на испитните матурски програми по сите предмети.
„Државниот испитен центар, МОН и средношколците заеднички ќе работат на целосно нова концепција за полагање на државна матура која ќе се применува од идната учебна година, за што во тек е формирање на работна група во која ќе бидат вклучени и средношколците.
Средното образование е задолжително, државната матура е избор и е потребна на учениците коишто планираат да го продолжат образованието на факултетите. Во концептот за матура предвидена е и училишна матура, која е избор на учениците што нема да полагаат државна матура. Таа опфаќа избор само на два предмета (задолжителен и изборен) и проектна задача. Исто така, матурантите од средните стручни училишта имаат можност да изберат и завршен испит, со истиот концепт од два предмета, задолжителен и изборен и проектна задача“, соопштуваат од МОН.
Министерството за образование апелира до матурантите и средношколците да продолжат со наставата по веќе воспоставниот комбиниран модел, затоа што тоа е во најдобар интерес на сите ученици, но во интерес на заштитата на јавното здравје.

Боров Дол отпочнува со подготовка за тестирање на новоизградената техничка опрема

Ординацијата во домот д-р Асани била нерегистрирана, ДСЗИ издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност

Македонија преговара со Кинеската амбасада во земјава за набавка на кинеските вакцини

Доделени 13 таблет компјутери на ОУ “Никола Карев” во Радовиш
