Connect with us

Македонија

Корона вирусот се појави и во едно училиште во Општина Радовиш, 10 ученици во изолација

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за образование и наука информира дека од почетокот на учебната година досега во изолација се вкупно 53 ученици и 8 наставници. Во сите училишта каде има позитивни случаи во рамки на наставата со физичко присуство се постапува навремено, согласно протоколите и алгоритмите, со цел да се спречи ширењето на вирусот и да се заштитат останатите ученици и учесници во образовниот процес.

Во овој момент дополнително се истакнува потребата од учење од далечина, односно од комбиниран модел на настава кој се применува во училиштата. Имено, шест од вкупно осум наставници не биле во директен контакт со децата, бидејќи предавањата ги држат онлајн. Дополнително, сите наставници и ученици кои се во изолација преминуваат на учење од далечина, со што се обезбедува континуитет на образовниот процес. МОН потесетува дека паралелно со онлајн наставата, се реализира и емитување на 15 минутни часови на телевизија преку Националната радио телевизија. Исто така се доставуваат печатени материјали до децата и тие се во постојана комуникација со нивните наставници.

Од вчера вечерта во изолација се 10 ученици од второ одделение во ОУ „Кочо Рацин” во с. Подареш, Општина Радовиш, откако нивен соученик е позитивен на Ковид-19. Засега во ова училиште нема наставници кои се заболени или во изолација.

Двајца наставници кои работеле со физичко присуство во ОУ „Гоце Делчев“ и еден ученик се позитивни на вирусот Ковид-19, а 39 деца од истото училиште од вчера се превентивно во изолација. Другите три деца кои се позитивни се индивидуални случаи – едно во тетовското училиште ОУ „Адрија Савески Ќиќиш“, и едно дете во ОУ „Ванчо Прке“ од Штип, и едно во „Кирил и Методиј“ – Кочани. Од центрите за јавно здравје се следат алгоритмите и за нив не се дадени препораки за изолација бидејќи биле почитувани мерките за заштита.

Министерството за образование и наука на дневно ниво ја следи состојбата со Ковид-19 во училиштата и повикува на почитување на заштитните мерки и протоколите. Целта на мерките кои ги носи Владата е да се заштитат сите наставници и ученици и да се овозможи непречен образовен процес. Апелираме до сите наставници максимално сериозно да пристапат кон личната заштита од Ковид-19 во следниот период. Тие носат одговорност за сопственото здравје, но и за задравјето на учениците.

Македонија

Армијата се подмладува – нови питомци на Воената академија, нови офицери во единиците

Александар | Media Press

Published

on

Дваесет и седум потпоручници кои го завршија своето образование на Воената академија од денеска се новите офицери во Армијата на Република Северна Македонија и вооружените сили на Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово. Денеска на Воената академија освен промоцијата на потпоручниците, примени беа и нови 40 питомци, кои со давањето на свечената заклетва го започнаа своето четиригодишно воено образование.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на овие две класи им честиташе што одбрале професија која е високо ценета, угледна и благородна и изрази убеденост дека со својата работа овие сегашни и идни офицери ќе ја заслужат високата доверба која граѓаните ја имаат во Армијата.

„Дваесеттата класа питомци кои денеска го добиваат својот прв офицерски чин покажа колкава е вредноста на Воената академија не само за нас, туку и за нашиот регион, а преку нашиот регион и за НАТО – Алијансата. 30-тина проценти од оваа класа се школувани за потребите на вооружените сили на регионот“, рече министерката. Таа на потпоручниците им порача дека изминатиот период беа направени големи чекори напред и дека во нашата земја во тек се суштински процеси за опремување, трансформација и модернизација. „Ќе продолжиме да работиме, резултатите од вашата работа да бидат по видливи, вашиот стандард повисок, но се ова е возможно со заеднички напор. Дајте сè од себе, помогнете ни да бидеме подобри и поефикасни. Бидете целосно фокусирани, посветени и мотивирани во вашите задачи затоа што само така се достигнува врвот“, рече Шекеринска.

На свеченоста беа наградени тројцата прворангирани потпоручници, Биљана Дуловиќ од Црна Гора и Гоце Софески и Филип Младеновски од Северна Македонија, а плакета им беше доделена и на професорите на Воената академија кои годинава заминуваат во пензија.

Continue Reading

Македонија

Кузеска: Предлог-измените треба да се усвојат во најкус можен рок, болничките капацитети забрзано се исполнуваат

Александар | Media Press

Published

on

Владата на вчерашната седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работното време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен на тие коишто вршат испорака, како и да се ограничи капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% од вкупниот број на патници предвидени во едно возило.

По барање на опозицијата точката за Измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, по скратена постапка, во Собранието, беше одложена.

„Време за одложување нема. Предлог-измените треба да се усвојат во најкус можен рок, бидејќи состојбата со вирусот е сериозна.

Пратениците треба да покажат одговорност и што поскоро едногласно да се изгласаат двата пакети на мерки со кои се штити здравјето на граѓаните.“ изјави портпаролот на СДСМ, Богданка Кузеска.

Continue Reading

Македонија

Заев побара разрешување на Лидија Димова

Виолета | Media Press

Published

on

Директорката Националната агенција за европски образовни програми Лидија Димова ќе биде разрешена заради неетично постапување во извршувањето на нејзината функција.

Претседателот на Владата Зоран Заев на вчерашната седница ја информираше Владата дека го прифатил барањето на неговиот  заменик задолжен за борба против корупцијата и криминалот,  Љупчо Николовски, задолжен и за спроведување на Кодекс за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата и дека ќе му препорача на Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност да ја разреши директорката Лидија Димова заради неетично постапување во извршувањето на нејзината функција, поврзано со индиции за несоодветно финансиско работење и за негрижа за одржувањето на имиџот на институцијата во јавноста.

Прашањето за разрешување на Димова беше покренато  по аферата „фризерница“ и одлуката ЕК и финансиската полиција да отворат случај за начинот на кој се трошат европските пари за образование. Барањето за разрешување гласи:

„Заради неетично постапување во извршувањето на нејзината функција, поврзано со индиции за несоодветно финансиско работење и за негрижа за одржувањето на имиџот на институцијата во јавноста.“ – стои во соопштението на Владата на РМ.

Оваа постапка ја овозможува членот 23 од Етичкиот кодекс, според кој претседателот на Владата може да побара политичка одговорност, односно барање за поднесување на оставка на носителот на извршна функција или предлог за негово разрешување, и да покрене иницијатива за информирање на надлежни институции, при што врз основа на сознанијата и одлуките на Управниот одбор, ќе се запазат сите постапки за гарантирање на принципот за презумпција на невиност, известуваат од владината Прес-служба.

Continue Reading