Македонија
Задолжително носење на маски или заштитна опрема и на отворено

Published
4 months agoon
By
Media Press
Се воведува и задолжително носење на маски или заштитна опрема во форма на марама, шал или друг вид прекривка на носот и устата, секаде при престој на отворено, на затворено во било кои јавни објекти, на работно место, и во јавен и приватен транспорт, соопшти на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Исклучок од ова правило се прави при спортување на отворен простор и на затворено со почитување на протоколите за заштита (дистанца, дезинфекција и слично), при транспорт во приватно моторно возило ако сите лица во возилото се од едно семејство или живеат во заедничко домаќинство, потоа при седење во угостителски објект со почитување на соодветните протоколи за дистанца и дезинфекција. Понатаму, при престој во службени простории – канцеларија ако лицето е само во просторијата. Исклучок од задолжително носење на маска имаат и децата до 6 години, односно до претшколска возраст.
Овие препораки за нови мерки Комисијата за заразни болести ќе ги достави до штабот и Владата за усвојување.
„Состојбата со вирусот е многу сериозна, токму онака како што со месеци најавувавме дека може да се случи. Европа и светот постепено се затвораат со силни рестриктивни мерки кои е очигледно дека не може да ги избегне ниту една земја. Како ќе се развива состојбата кај нас, во која насока ќе се движиме, колку брзо ќе го стабилизираме и овој удар зависи само од една работа, а тоа е однесувањето на граѓаните и почитувањето на сите мерки и препораки кои се на сила. Потребно е одговорно и совесно однесување за да превенираме пренатрупување на болниците, тоа не смееме да го дозволиме. Потребна е сериозна поддршка од граѓаните. За ова се подготвувавме, за ова информиравме со месеци наназад и сега е време сите максимално сериозно да пристапиме кон претстојниот период. Воопшто не е тешко и комплицирано да се следат основните правила за заштита. Сега веќе не верувам дека има човек којшто точно не знае како да се заштити себе и другите, сега е само прашање на волја и да се придонесе во битката со вирусот, личната заштита и заштита на сите граѓани“, изјави Филипче.
Поврзани содржини
Филипче: Не постојат законски пречки за увоз на вакцини против КОВИД-19, интервентен увоз на лекови не е новина во нашата земја
Филипче: Од извозот на цветот од канабис, економскиот бенефит ќе го почувствуваат и пациентите
Филипче со апел за одговорно празнување на предстојните празници, посебно до младите
Во живо: Прес-конференција премиерот Заев и министерот Филипче, со мерката „празнувај одговорно“ угостителите ќе работат до 18 часот
Филипче: Jaс ќе се вакцинирам, вакцината е безбеда и ќе го подигне имунитетот
Филипче: Успешно извршивме операција врз 34 годишна пациентка
Македонија
Филипче: Не постојат законски пречки за увоз на вакцини против КОВИД-19, интервентен увоз на лекови не е новина во нашата земја

Published
17 hours agoon
January 22, 2021By
Media Press
Интервентниот увоз на лекови не е никаква новина и години наназад постапката се користела за увоз на вакцини и други препарати појасни денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања во врска со увозот на вакцините против КОВИД-19.
Измената во Законот за лекови доаѓа после специфичното барање на компанијата Фајзер, која ја донесоа на глобално ниво, а тоа е за конкретниот продукт – вакцината против КОВИД-19, да немаат обврска да прават никакви договори со локални компании, туку самите да аплицираат, во секоја од државите како претставништво од надвор, од странство за да направат регистрација на продуктот – појасни Филипче.
„Не постојат законски пречки вакцините да стигнат во земјава. Што се однесува до договорот кој нашата земја го направи со Република Србија, од каде треба да добиеме 8000 вакцини, се чека Србија да добие дозвола од Фајзер за извозот на вакцините. И вакцините од Србија ќе бидат со интервентен увоз.“ – кажа министерот за здравство Венко Филипче
Не може да има регистрација во ниту една од земјите, затоа што продуктите се нови. Тоа не може да се очекува, ниту пак има потреба бидејќи, документите што се даваат за интервентен увоз се сосем доволни. Со тоа се обезбедуваме дека целата постапка на правење на вакцината, контролите во матичните земји каде се направени, контролите од меѓународните лаборатории, сертификатите за квалитет, со сето тоа се осигуруваме за квалитетот – изјави министерот.
Македонија
Нафтените деривати се намалуваат за два денари

Published
18 hours agoon
January 22, 2021By
Media Press
Од вечерва цените на нафтените деривати ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 денари за литар.
Регулаторна комисија донесе одлука за промена на цените на нафтените деривати со престанувањето на важност на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба.
Од вечерва ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 денари за литар и со тоа ЕУРОСУПЕР БС-95 од вечерва ќе изнесува 61,00 денар за литат, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 63,00 денари за литар, и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 52,50 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 13,00 денари за литар и ќе се продава по 41,50 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС не се променува и останува 30,823 денари за килограм
Македонија
Во Македонија нема мутација на коронавирус покажуваат анализите

Published
19 hours agoon
January 22, 2021By
Media Press
Резултатите од анализите направени во лабораторијата на МАНУ покажаа дека кај нас нема мутација на коронавирус, слична на таа која се појави во Велика Британија, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Тој истакна дека кај нас е присутен истиот вирус, но тоа не е сигнал да ги намалиме мерките. „И покрај тоа што опаѓа бројот на новозаразени, се уште треба да бидеме внимателни, бидејќи сега училиштата почнаа повторно да функционираат. Сите мерките за заштита остануваат и натаму. Следната недела ќе ја анализираме состојбата и врз основа на тоа ќе носиме други мерки и препораки“, рече Филипче.
Инаку од вчера угостителите се вратија на работното време до 21 часот, од која одлука не се целосно задоволни, бидејќи тие бараа да работат до 23 часот.

Филипче: Не постојат законски пречки за увоз на вакцини против КОВИД-19, интервентен увоз на лекови не е новина во нашата земја

УЈП ќе исплаќа ДДВ за последното тримесечје од 2020 година

Нафтените деривати се намалуваат за два денари

Во Македонија нема мутација на коронавирус покажуваат анализите
