Регион

Оддржана обука за платформата за директна комуникација помеѓу локалните земјоделци

Во организација на Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии- Гевгелија се одржа обука на тема „Локалните системи на храна, предности и можности“, во рамките на проектот „Избери здраво-купувај локално“, одобрен за реализација од страна на Мрежата за рурален развој, а финансиран од шведската организација „We Effect”. Во рамките на оваа обука беше презентирана и интернет-платформата www.kupuvajlokalno.mk.

– Покрај Гевгелија се опфатени и општините Богданци, Валандово и Дојран. Проектот има за цел директна комуникација преку електронска платформа помеѓу земјоделците од овие општини и заинтересираните купувачи на земјоделски производи. На тој начин очекуваме зголемување на заработувачката на примарните земјоделски производители, но во истовреме и зголемување на довербата и партнерството меѓу производителот и потрошувачот.

„Идејата е да се поврзат луѓето, да се поттикне локалниот развој во руралните средини и да се минимизира бројот на врски (линкови), односно посредници при продажбата за да се направи одржлив систем на храна изграден преку партнерство, што е еден од принципите на ЛЕАДЕР пристапот за рурален развој,“исткана раководителот на ФЛОРИТ, Ристо Атанасовски.

Обуката беше реализирана со почитување на протоколот за организирање настани, за заштита од КОВИД-19.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago