Connect with us

Регион

Сузбиена организирана криминална група за криумчарење мигранти

Media Press

Published

on

На 06.10.2020 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, СВР Струмица и Регионалните центри за гранични работи „Југ“ и „Исток“, во координација со Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, беше спроведена координиранаполициска операција со цел расчистување на кривични дела кои се однесуваат на организирање на група за вршење на кривични дела криумчарење мигранти кои преку јужната граница, остваруваат нелегален влез на територија низ Република Северна Македонија, по што од членовите на криминалната група се прифаќаат и превезуваат до Кумановско-Липковскиот регион.

Криминалистичката истрага над организираната шестчлена криминална група, која делуваше на тeриторија на Република Северна Македонија, се спроведуваше во изминатите 10 месеци, односно од декември 2019 година до сега. Организаторите на криминалната група се Р.В. и неговиот брат Д. В. од Богданци, кои со цел стекнување на противправна имотна и материјална корист, заедно со други лица од Грција  ја организирале криминалната група во Република Северна Македонија.

Врз основа на претходно договорен начин на комуникација и во договор со лица организатори од Р.Грција, мигрантите биле пренесувани преку јужната граница, преку илегални премини во околината на Гевгелија, Струмица и Дојран, од каде потоа со помош на водичи т.н. „качаци“, се доведувале на претходно утврдени и договорени локации.

Од овие локации, илегалните мигранти биле превземани од страна на членовите на групата В. Д., А.А. и И.М., кои ги прифаќале и со моторни возила ги превезувале до договорените локации во Кумановско-Липковскиот регион. Оттаму мигрантите во организација на лице кое нелегално престојува во Кумановско-Липковскиот регион биле времено сместувани и засолнувани во објекти на членови, соработници и помагачи на криминалната група, а потоа криумчарени преку територијата на Р.Србија кон државите на ЕУ. Најголемиот број од мигрантите кои биле криумчарени од страна на оваа криминална група биле по потекло од Авганистан, Пакистан, Ирак и други земји од Блискиот Исток, кои претходно веќе пристигнале и престојувале на територијата на Р.Грција, за паричен надомест од 500 до 700 евра по лице.

При реализацијата на оваа криминалистичка истрага биле извршени претреси кај пет лица, во вкупно шест објекти лоцирани на подрачје на Гевгелија, Струмица и Неготино, а лишени од слобода се четири лица, а еден е на издржување на мерка притвор.

Од засега извршените претреси пронајдени и привремено одземени се патничко возило, мобилни телефони, СИМ картички, пиштол, малокалибарска муниција и други предмети.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК, поднесе кривична пријава против Р.В. (27) за сторени кривични дела „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ по член 418-в став 1 и „Криумчарење на мигранти“ по член 418-б став 3 вв став 2 и став 4, Д.В. (25) за „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ по член 418-в став 2 и „Криумчарење на мигранти“ по член 418-б став 3 вв став 2 и став 4, В.Д. (22) од Струмица за „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“, по член 418-в став 2 и „Криумчарење на мигранти“ по член 418-б став 3 вв став 2 и став 4, А. А. (28) од Струмица за „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ по член 418-в став 2 и „Криумчарење на мигранти“ по член 418-б став 3 вв став 2 и став 4, (пријавениот издржува мерка „притвор“ од 17.05.2020 во затвор Скопје за кривично дело „Криумчарење на мигранти“), потоа И.М. (27) од Струмица, за „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ по член 418-в став 2 и „Криумчарење на мигранти“ по член 418-б став 3 вв став 2 и став 4 и Д. К. (21) од Гевгелија за „Криумчарење на мигранти“ по член 418-б вв чл.24 од КЗ на Република Северна Македонија.

Македонија

Колку паушал земаат општинските советници

Media Press

Published

on

Според анализата на opendata.mk, висината на општинските советници ја чинат државата околу 3,5 милиони евра годишно. Годишните трошоци за исплата на надоместоците на советниците на локалната самоуправа во земјава изнесуваат над 215 милиони денари, односно над 3,5 милиони евра.

Овие податоци се од анализата за 2019 година, од добиениените податоци од општините, за висината на месечните надоместоци на советниците и бројот на одржани седници. Вкупниот број на советници во сите 80 општини и Градот Скопје достигнува 1.319.

На ниво на државата, најголеми годишни трошоци за советниците од 214 илјади евра одделува Градот Скопје. Следува Куманово со одделени околу 115 илјади евра месечни надоместоци. Понатаму во табелата се наоѓаат Тетово, Битола и Гостивар со годишни трошоци од околу 104 илјади евра од локалната самоуправа. Последни на листата со најниски трошоци за граѓаните се општините Новаци и Конче со по 16 илјади евра, Зрновци со околу 14 илјади евра и Вевчани со близу 9 илјади евра годишни трошоци за советниците.

Општина Радовиш за своите 20 советници годишно одделува околу 3.5 милиони денари или околу 58000 евра од локалната самоуправа. Членовите на советот на општината земаат паушал од околу 14.500 денари додека претседателот на советот добива околу 20.000 денари.

Најмногубрен совет од регионот има Општина Струмица каде брои 23 членови воедно и тие имаат највисоки паушали од околу 17.000 денари и претседател на советот со околу 22.000 денари паушал на месечно ниво.

Најниски паушали од регионот има Општина Конче, каде советниците земаат по околу 9000 денари, а претседателот околу 11.500 денари паушал.

Continue Reading

Македонија

Санкционирани 319 лица за неносење заштитна маска

Media Press

Published

on

Во текот на изминатото деноноќие (11/12.01.2021 година) на територијата на државата по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 319 прекршоци.            Во Југоисточниот регион се забележани само 12 прекршоци, што значи дека граѓаните се навикнаа да носат маски.

 Но и покрај намалениот број на прекршоци во споредба од пред неколку дена, кога беа регистрирани и по 700 до 800 прекршоци за едно деноноќие Министерството за внатрешни работи, сепак апелира до граѓаните  да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Казната за непочитување на оваа мерка е 20 евра во денарска противредност.

Continue Reading

Регион

Акциска контрола на СВР Струмица за возење под дејство на алкохол

Media Press

Published

on

Вчера во периодот од 12.00 до 20.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол. Во акциската контрола биле констирани 13 прекршоци, од кои еден по акциската контрола и 12 останати прекршоци, кои се соодветно санкционирани.

Во истиот временски период била спроведена и акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што се констатирани 62 прекршови, од кои 50 по акциската контрола и 12 останати прекршоци, кои се соодветно санкционирани.

Continue Reading