Connect with us

Регион

Казни за околу 100 граѓани од Југоистокот кои неноселе заштитна маска

Media Press

Published

on

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (06.10/07.10.2020), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 95 лица не ја почитувале, од кои 38 во Струмица, 27 во Радовиш, 16 во Гевгелија и 14 во Валандово и ќе следуваат соодветни мерки.

Регион

Пожар во Струмичко – шест пожарникари-спасители учествувале во гаснење на запалена штала

Media Press

Published

on

Од Територијалната Против Пожарна Единица Струмица известуваат дека денес во околу 10:30 часот учествувале во гаснењето на зашалена штала.

Во Интервенцијата учествувале две Против-пожарни возила возила и шест пожарникари спасители.

Пожарот е успешно локализиран и ликвидиран и е спречено негово ширење кон другите објекти во негова близина.

33332 sharesLikeCommentShare

Continue Reading

Македонија

Колку паушал земаат општинските советници

Media Press

Published

on

Според анализата на opendata.mk, висината на општинските советници ја чинат државата околу 3,5 милиони евра годишно. Годишните трошоци за исплата на надоместоците на советниците на локалната самоуправа во земјава изнесуваат над 215 милиони денари, односно над 3,5 милиони евра.

Овие податоци се од анализата за 2019 година, од добиениените податоци од општините, за висината на месечните надоместоци на советниците и бројот на одржани седници. Вкупниот број на советници во сите 80 општини и Градот Скопје достигнува 1.319.

На ниво на државата, најголеми годишни трошоци за советниците од 214 илјади евра одделува Градот Скопје. Следува Куманово со одделени околу 115 илјади евра месечни надоместоци. Понатаму во табелата се наоѓаат Тетово, Битола и Гостивар со годишни трошоци од околу 104 илјади евра од локалната самоуправа. Последни на листата со најниски трошоци за граѓаните се општините Новаци и Конче со по 16 илјади евра, Зрновци со околу 14 илјади евра и Вевчани со близу 9 илјади евра годишни трошоци за советниците.

Општина Радовиш за своите 20 советници годишно одделува околу 3.5 милиони денари или околу 58000 евра од локалната самоуправа. Членовите на советот на општината земаат паушал од околу 14.500 денари додека претседателот на советот добива околу 20.000 денари.

Најмногубрен совет од регионот има Општина Струмица каде брои 23 членови воедно и тие имаат највисоки паушали од околу 17.000 денари и претседател на советот со околу 22.000 денари паушал на месечно ниво.

Најниски паушали од регионот има Општина Конче, каде советниците земаат по околу 9000 денари, а претседателот околу 11.500 денари паушал.

Continue Reading

Македонија

Санкционирани 319 лица за неносење заштитна маска

Media Press

Published

on

Во текот на изминатото деноноќие (11/12.01.2021 година) на територијата на државата по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 319 прекршоци.            Во Југоисточниот регион се забележани само 12 прекршоци, што значи дека граѓаните се навикнаа да носат маски.

 Но и покрај намалениот број на прекршоци во споредба од пред неколку дена, кога беа регистрирани и по 700 до 800 прекршоци за едно деноноќие Министерството за внатрешни работи, сепак апелира до граѓаните  да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Казната за непочитување на оваа мерка е 20 евра во денарска противредност.

Continue Reading