Connect with us

Валандово

Засилени мерки за справување со Ковид – 19 во општина Валандово откако состојбата станува алармантна

Виолета | Media Press

Published

on

Поради лошата епидемиолошка слика во општината, синоќа повторно заседаваше Општинскиот кризен штаб, каде беа донесени следните заклучоци:

Максимална институционална вклученост на сите чинители во борбата против Covid – 19 и дословно спроведување на пропишаните протоколи и мерки од страна на надлежните институции;

Мапирање на потенцијални кластери за ширење на коронавирусот во општина Валандово;

Зачестени контроли на МВР и надлежните инспекторати низ општината;

Апел до граѓаните за целосно почитување на пропишаните мерки и протоколи од надлежните институции и крајно одговорен пристап со цел заштита на сопственото и здравјето на останатите;

Редовна дезинфекција на детските градинки, училиштата, приватните претпријатија и јавните институции;

ТППЕ Валандово и ЈП Комунален сервис – Валандово да продолжат со редовна дезинфекција на улиците, тротоарите, парковите и останатите јавни површини во општината; информираат од општината.

Валандово

Со јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина, започнува постапката за изградба на експресен пат Струмица – Валандово

Виолета | Media Press

Published

on

Со јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина, која што се одржа деновиве во Валандово, започнува постапката за изградба на експресен пат Струмица – Валандово – спој со автопат Пријателство, во должина од 25 километри.

Јавното претпријатие за државни патишта во Домот на култура “25 Мај” – Валандово, одржа презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за проектот за нов експресен пат во југоистокот.

„На презентацијата и јавната расправа, присуствуваа институции, заинтересирани поединци и претставници на стопански субјекти и беа отворени прашањата за потребата од заштита на животната средина при реализација на проектот, како и значењето на истиот за граѓаните и локалниот бизнис“, информираат од Општина Валандово.

Реализацијата на овој проект е од круцијално значење за општина Валандово, и истиот значително ќе ја подобри компаративната предност на валандовското стопанство и олесни протокот на валандовскиот производ до два гранични премини.

Continue Reading

Валандово

Одржана итна седница на Општинскиот кризен штаб во Валандово

Виолета | Media Press

Published

on

Поради влошената епидемиолошка слика во општинаВаландово Синоќа беше одржана итна седница на Општинскиот кризен штаб, каде беа донесени следните заклучоци:

-Целосна институционална вклученост на сите чинители во борбата против Ковид 19;

-Зачестени контроли на МВР и пазарниот инспекторат низ општината;

-Апел до граѓаните за целосно почитување на пропишаните мерки и протоколи од надлежните институции;

-Редовна дезинфекција на детските градинки, училиштата и останатите институции во општината;

-ТППЕ Валандово и ЈП Комунален сервис – Валандово да вршат редовна и секојдневна дезинфекција на улиците, тротоарите, парковите и останатите јавни површини во општината, информираат од Општина Валандово. Инаку во текот на вчерашниот ден во Валандово беа регистрирани 4 нови случаи  позитивни на Ковид -19.

Continue Reading

Валандово

Се откажува традиционалната „Валандовска ракијада“

Виолета | Media Press

Published

on

Поради состојбата со пандемијата од Covid-19, се откажува овогодинешната “Валандовска ракијада”, која традиционално се организира секоја година во општина Валандово.

„Валандовската ракијада е исклучително важен настан за општина Валандово. Преку истиот, се промовираат дел од културолошките посебности на валандовчани и се истакнуваат автентичните вредности пренесувани со генерации наназад. Се надеваме на подобри времиња и продолжување на традицијата, од наредната година“ велат од општината.

Continue Reading