Connect with us

Економија

Заев: Со пакетот 4 економски мерки вреден 470 милиони евра обезбедуваме одржливост на домашните економски дејности

Media Press

Published

on

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во придружба на заменик-претседателите и министрите од економските ресори, одржа прес-конференција на која беше презентиран четвртиот пакет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19, усвоен на денешната седница на Владата.

Уште со појавата на КОВИД-19 во Северна Македонија, освен здравствената стратегијата за справување со вирусот, владата многу брзо ги донесе и спроведе првите три пакет мерки кои беа соодветен одговор на првите бранови од економските штети предизвикани од коронавирусот. – изјави премиерот Зоран Заев

Четвртиот пакет мерки претставува директна помош за економската и социјалната сигурност на нашите сограѓани, како и за поттик на приватната потрошувачка како стимулатор на општествениот раст.

Новост во оваа мерка е што поддршката ќе биде одредена скалесто согласно падот на приходите кај компаниите. Колку е поголем падот на приходите во компаниите опфатени со оваа мерка, толку поголема ќе биде поддршката од државата за исплата на платите и таа ќе се движи од досегашните 14.500 до 21.776 денари. Обезбедуваме повеќе пари за поддршка на вработените, за стабилност на работните места.

Со новата методологија за државна помош за исплата на платите ќе бидат поддржани 83.000 работни места на нашите сограѓани, на месечно ниво, односно вкупно 250.000 плати за последниот квартал

Вредноста на оваа мерка изнесува 70 милиони евра за да се оствари правото на неа, компаниите што ќе аплицираат мора да го задржат бројот на вработени заклучно со 31 јули 2020 година.

Со четвртата мерка од новиот пакет се обезбедени нови 100 милиони евра поволни кредити од Развојната банка на Република Северна Македонија.

Овие поволни кредити од Развојната банка на Република Северна Македонија се обезбедени преку Европската инвестициона банка и ќе бидат пласирани во јануари 2021, преку деловните банки за поддршка на домашните компании, со исклучително ниска камата.

Вредноста на 4-тиот пакет економски мерки изнесува 470 милиони евра и заедно со вкупната вредност на претходните три пакети од 550 милиони евра, тоа значи дека 1 милијарда и 20 милиони евра се насочени повторно кон граѓаните и стопанството за да обезбедиме стабилна одржливост на економијата со потенцијал за ревитализација.

Економија

УЈП ќе исплаќа ДДВ за последното тримесечје од 2020 година

Media Press

Published

on

Управата за јавни приходи известува дека во текот на месец февруари 2021 година ќе се врши исплата на дел од ДДВ на граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата МојДДВ, во четвртото тримесечје од 2020 година односно за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.

Во ова последно тримесечје од 2020 година, граѓаните скенирале 67.272.456 фискални сметки, вкупниот промет е 33,398,562,346 денари, а на граѓаните ќе им се вратат околу 382 милиони денари или околу 6,1 милиони евра

При направената проверка и анализа, Управата за јавни приходи утврди дека 5 506 граѓани во апликацијата МојДДВ имаат внесено погрешна трансакциска сметка, а 334 граѓани немаат одобрен кориснички профил во e-ПДД што е услов за користење на апликацијата МојДДВ.

Заради навремена исплата на средствата за четвртото тримесечје за 2020 година, Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да внесат точна и лична трансакциска сметка, а оние кои немаат одобрен кориснички профил во e-ПДД истото да го сторат односно да појдат до најблиската даночна канцеларија со документ за лична идентификација со цел службено лице на УЈП да го одобри и активира профилот на e-ПДД.

Continue Reading

Економија

Владата ги објави нето-платите: Зоран Заев зема највисока, Шаќири зема најниска плата

Media Press

Published

on

Владата на својата официјална веб страница го објави списокот со платите на владините функционери за месец Декември.

Во списокот има податоци за нето-платата, додатокот за минат труд и вкупната нето-плата, како и информација за стажот на функционерите.

Највисока плата зема премиерот Зоран Заев. Неговата плата изнесува вкупно 87 813 денари, од кои 8 973 се за минат труд. Премиерот е и меѓу првите пет со највисок стаж од 22 години.

На второ место на листата е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со вкупна нето плата од 85 113 денари, каде е нагласено дека има покачување на платата од 20%. Спасовски има работен стаж од 18 години.

„Како дел од заложбите на Владата за поголема дигитална транспарентност, на оваа страница можете да ги проверите висините на платите на Претседателот на Владата, Замениците на Претседателот на Владата и на министрите во Владата. Висината на платата на министрите е јавен податок.“ – стои во соопштението на Владата.

Continue Reading

Економија

Државен Завод за статистика: Просечната ноемвриска нето плата била 27.588 денари

Media Press

Published

on

Според податоците објавени од страна на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, изнесува 107.0.

Ваквото зголемување според ДСЗ се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11.2 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (11.2 %) и Образование (9.5 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.1 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (3.6 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна  (3.4 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2020 година, изнесува 27 588 денари.

Continue Reading