Според информациите кои ги објави Македонската берза за периодот 01.09.-30.09.2020 година вкупниот промет изнесува 408.423.818 денари што означува пораст за 25,08% во однос вкупниот промет на претходниот месец август.
Класичното тргување во изминатиот период изнесува 385.467.468 денари што е пораст од 89.15% од сумата во месец Август која изнесува 203.789.308 денари.
Истргуваните акции во вредност во класичното тргување истргувани се 383.308.997 денари и додека пак за обврзници во вредност сумата достигнува до 2.158.471 денари, додека пак немазабележанотргување со други хартии од вредност.
Блок трансакциите во септември изнесувале 22.956.350 денари и бележат огромен пад од 81,30% во споредба со месец Август во кој блок трансакциите изнесувале 122.747.833 денари.
Бројот на поединечни трансакции во месец Септември изнесувал 1.742, што е зголемување за дури 101,39%. Бројот на трансакции во месец Август изнесувал 865 трансакции односно 877 трансакции помалку од Септември.
Според бројот на трансакции, на врвот на листата повторно се најде Комерцијална банка АД Скопје, со вкупно 619 трансакции, пред акциите на Алкалоид АД Скопје со вкупно 270 трансакции. Трети најтргувани акции по бројот на трансакции беа акциите на Макпетрол АД Скопје со 187 трансакции.
Гледајќи според количината на истргуваните акции во месец Септември, најтргувани се акциите на Гранит АД Скопје со 35.297 истргувани акции. Под Гранит АД Скопје се наоѓаат акциите на Комерцијална банка АД Скопје со 22.531, и акциите на Стопанска банка АД Скопје со 13.052 истргувани акции.
Целосната статистика за септември 2020 година може да се погледне овде.