Македонија

Бесими: 70 милиони евра за финансиска поддршка за исплата на плати, аплицирањето по ребалансот


„Со ребалансот на буџетот ќе се обезбедат 70 милиони евра за финансиска поддршка за исплата на плати на вработените за фирмите кои бележат пад на приходите како резултат на кризата и тоа надоместок во интервалот од 14,500 до 21,776 денари, согласно падот на приходите на фирмите. По усвојување на реабалансот фирмите ќе можат да аплицираат за мерката“, рече министерот за финанси Фатмир Бесими на вечерашното гостување на Топ Тема.

„Штом помине ребалансот, средствата ќе бидат обезбедени и тогаш ќе може да се спроведе постапката, затоа што официјално со закон без да ги имаш обезбедено средствата не можеш да објавиш оглас за било што, било тоа да се работи за јавна набавка, било да се работи за субвенции во конкретниот случај или трансфер“, рече министерот за финанси.

Тој посочи дека оваа мерка ќе функционира во следните три месеци и ќе биде насочена кон внесување на ликвидноста во стопанството и кон зачувување на работните места.

Во претходниот период со оваа мерка беа поддржани во просек 19.322 фирми и 116 илјади работни места.  

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago