Connect with us

Македонија

Стопанската комора и РКЕ заедно ќе работат на предлогот за измени на Законот за градба во делот на греењето

Media Press

Published

on

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги во март годинава покрена иницијатива за измена на законот а градба во делот на Одобрението за градба, за таа цел испрати известување до Министерството за транспорт и врски заедно со предлог текст како да се извршат корекции во Предлог на закон за градење.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски, заедно со комесарот Атанаско Тунески денеска присуствуваа на работен состанок со Здружението на градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали при Стопанската комора на Македонија.

Дополнување на Одобрението за градба со поле во кое задолжително ќе биде наведено точно на што ќе се грее секој нов објект што ќе се гради беше клучната тема на состанокот на кој соговорниците се осврнаа и на посеопфатно решение за предизвикот со затоплување преку мапирањето на градот.

„Неопходно е точно да се знае секој нов објект на што ќе се грее за да се обезбеди предвидливост, сигурност и стабилност во испораката на енергенси. Сите засегнати страни треба да имаат чиста состојба – граѓаните кои што купуваат нов недвижен имот: куќа, стан или деловен објект, но и самите операторите на дистрибутивната мрежа да знаат точно каде да ги зајакнат инвестициите во мрежата за да ги сведат на минимум можните дефекти и да нема испади од системот.

На овој начин ќе имаме однапред мапираните реони каде и на кој енергенс ќе се загреваат домовите и објектите. Во местата каде што има организиран систем на греење, новите градби ќе се приклучат кон овој систем, а доколку инвеститорот покаже дека има поефикасен систем како би го решил проблемот со греење, не е спорно тоа решение да го реализира што го дозволува и Законот за енергетска ефикасност согласно европските директиви.“ – изјави Марко Бислимоски претседател на регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Во изминатиот период РКЕ донесе одлука со која за 37 % се намалува надоместокот за приклучување на системот за дистрибуција на топлинска енергија со цел да се поттикне што поголем број на новоизградени објекти да се приклучуваат кон системот за дистрибуција на топлинска енергија

Македонија

Пензионерите ќе добијат покачување со јануарската пензија, усогласување со трошоците за живот

Media Press

Published

on

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпска во однос на пензискиот систем посочи дека суштината на реформата е обезбедување на негова стабилност,  навремена исплата на пензиите и нивни раст.

„Со јануарската пензија, пензионерите ќе го добијат усогласувањето по Закон, што значи зголемување на минималната пензија за 134 денари, а просечната за 185 денари месечно,на годишно ниво тоа е е околу 2200 денари. Вакво усогласување со трошоците за живот пензионерите ќе добиваат два пати во годината и дополнително со растот на бруто домашниот производ, како трет механизам“, истакна министерката Шахпаска.

„Со законското усогласување пензионерите добиваат плус 185 денари месечно, на годишно ниво е околу 2200 денари, што е многу повеќе од линеарното претходно“, додава Шахпаска.

Во однос на прашањето за докуп на стаж министерката истакна дека тоа е дел од владината програма и останува да биде реализирано до крајот на мандатот на оваа Влада.

За законското решение недела да биде неработен ден министерката Шахпаска истакна подготвената драфт верзија е разгледана и на седница на Економско социјален совет и со писмен допис испратена до сите засегнати страни.
„Суштината на законското решение недела неработен ден е да се овозможи работниците да го користат правото на неделен одмор, да бидат со своите семејства, но мора да се предвидат и исклучоци, кои ќе значат непречено функционирање на општеството. При анализите и споредбите со другите европски земји, заклучивме дека треба да се има предвид за која земја се работи и нејзиниот економскиот потенцијал,“ истакна Шахпаска.

Continue Reading

Македонија

Новиот закон остава можност на жените да заминат во пензија и на 62 години

Media Press

Published

on


Во однос на дилемите во јавноста за задолжителното пензионирање на 64 години возраст и 15 години стаж, Министерството за труд и социјална политика информира дека во согласност со Уставот на Република Македонија правото за пензионирање на мажите и жените во однос на возраста е изедначено и тие се пензионираат на 64 години.

„Но, Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во член 18, им остава можност на жените да заминат во пензија и на 62 години, доколку тие така одлучат.

Предложените измени на Законот за работни односи се однесуваат само на укинување на можноста за продолжување на работниот век до 67 години, но не предвидуваат измени во однос на укинување на можноста жените да се пензионираат на 62 години, но само доколку тие самите така одлучат.

Во спротивно, во согласност со Законот за пензиско и инвалидно осигурување и жените, како и мажите, правото на пензија го остваруваат со навршени 64 години возраст и 15 години стаж“, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика .

Continue Reading

Македонија

Честитка од претседателот Пендаровски по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици

Media Press

Published

on

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан.

Почитуван г.г. Стефан,

Имам особено задоволство и чест Вам лично и на членовите на Светиот архиерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици, и да ви посакам да го поминете во добро здравје, исполнети со радост и со среќа.

Годинава, за жал, Богојавление – Водици го празнуваме во несекојдневни околности предизвикани од пандемијата на Ковид-19, која ги загрози нашите животи, здравје, благосостојба, но и предизвика преиспитување на нашите вредности и уверувања. Сепак, и без масовните собири покрај нашите води, како и со сите останати рестрикции согласно со безбедносните протоколи, повторно ќе ја посведочиме светата тајна на крштевањето. Повторно ќе ги наполниме нашите срца со верба, надеж и со љубов.

Во овие тешки времиња посакувам овој голем празник да ни биде духовна поткрепа за да истраеме во солидарноста, трпението, одговорноста и во грижата за сите наши сограѓани.

Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник!

Бог се јави!“ стои во честитката од претседателот Пендаровски.


Continue Reading