Connect with us

Свет

Според „Passport Index“ Македонскиот пасош повисоко рангиран од Американскиот

Media Press

Published

on

Интернет-страницата „Passport Index“ објави листа на земји со најмоќни пасоши со кои може да се патува слободно без виза.

Македонскиот пасош на оваа листа се рангира на 16-то место со индекс 99,  пред Албанија со индекс 97, Црна Гора со индекс 96. Според оваа листа, Македонскиот пасош е помоќен дури и од Американскиот кој се рангира на 21 место со индекс 92 заедно со пасошот на Малезија.

Најмоќен пасош е оној на Нов Зеланд кој се наоѓа на првото место на оваа листа со индекс 129.

Водејќи се по податоците од „Passport Index“, од регионот, Словенечкиот пасош е на петто место со индекс 125 и може да се патува без визи во 90 земји. Хрватскиот пасош се наоѓа на осмо место со индекс 121 и може да се патува без визи во 86 земји. Романија и Бугарија го делат деветтото место и нив им е дозволено да патуваат 86 земји без виза но индексот на пасошот е понизок односно изнесува 120. Србија е на 14 место, индексот на пасошот изнесува 102 и дозволено е да се патува во 66 земји без виза.

прикажи повеќе
Advertisement

Свет

Потребна е поголема заштита и подобри услови за луѓето што работат од дома

Media Press

Published

on

Многукратното зголемување на бројот на работниците кои работат од дома како последица од пандемијата од Ковид-19 ги потенцираше лошите работни услови и недоволната заштита. Според податоците на Меѓународната организација на трудот, пред почетокот на кризата од дома работеле околу 260 милиони луѓе.

Меѓународната организација на трудот во извештајот потенцира дека е потребна подобра заштита за оние кои работат од дома. Во извештајот пишува дека честопати е „невидлива“ работата од дома затоа што овој принцип на работа се случува во приватниот сектор. Како пример се земаат земјите со низок и среден приход, во кои работниците што работат од дома работат неформално.

Лугето што работат од дома дополнително се соочуваат со поголеми безбедносни и здравствени ризици, имаат помал пристап до обука отколку работниците кои работат надвор од дома, што може да има огромно влијание на нивните за успеси во кариерата.

Работењето од дома во многу случаи не е доволно регулирано, а усогласеноста со постојните закони и понатаму претставува предизвик. Дополнително на тоа, голем број случаи, работниците од дома се класифицираат како независни изведувачи и следствено се исклучени од опфатот на трудовото законодавство.

„Само 10 земји членки на Меѓународната организација на трудот ја имаат ратификувано Конвенцијата бр. 177, која промовира еднаквост на третманот помеѓу домашните и другите платари, а малкумина имаат сеопфатна политика за домашните задачи. ” вели Џанин Берг, виша економистка на МОТ и една од авторите на извештајот.

Continue Reading

Свет

Од денеска е дозволен влез во Црна Гора без потреба од ПЦР тест

Media Press

Published

on

Министерка Боровиниќ-Бојовиќ на денешната прес-конференцијата изјави дека благодарејќи на однесувањето на граѓаните со тоа што ги почитувале мерките за заштита од Ковид-19 вирусот, епидемиолошката состојба во Црна Гора е подобра денес и дека во овој момент 57,3% од болничкиот капацитет е исполнет со ковид-пациенти, а дека тој процент порано бил 67 отсто.

Дополнително на тоа, Министерството за здравство на Црна Гора донесе одлука да се дозволи влез во Црна Гора од денес без задолжително тестирање на коронавирус.

Точниот датум кога ќе пристигнат вакцините неможе да се утврти, изјави министерката напоменувајќи дека очекуваат подетални информации од 10 до 15 дена. Вакцините се очекува да пристигнат во Црна Гора кон крајот на Јануари.

Боровиниќ-Боровиќ истакна дека сакаат прво вакцини со европски сертификат и дека преговараат со „Фајзер“ и со „Астра зенека“.

Continue Reading

Свет

Црна Гора воведува полициски час

Media Press

Published

on

Во Црна Гора  од денска се  донесени нови построги мерки насочени кон сузбивање на пандемијата на Ковид-19. Воведен полициски час со  кој забраната за напуштање на домот ќе трае од 22 до 5 часот наутро, објавуваат тамошните медиуми.

Исто така, забранета е работата на продавниците од 7 до 20 часот, додека угостителските објекти ќе бидат отворени од 7 до 18 часот.

Компаниите кои се занимаваат со трговија на прехранбени производи (пазари, супермаркети, хипермаркети) и компаниите и претприемачите кои се занимаваат со трговија со непрехранбени производи и обезбедување услуги (трговски центри, продавници за чевли и облека, салони за убавина, фризерници) ќе работат од 7 до 20 часот, предвидуваат новите мерки. Забранет е и меѓуградскиот сообраќај од петок во 22 часот до понеделник во 5 часот наутро.

Останатите мерки остануваат на сила како задолжителни:  носење на маска и одржување физичко растојание во затворено и надвор, забранети се масовни / социјални собири, како и собири во станбени згради и забрането да се собираат во група повеќе од четири возрасни лица заедно на отворено.

И Србија во последните седум дена бележи висок степен на инциденца на Ковид -19, со 724 случаи на 100 000 жители.  Додека хрватска  582,  Црна Гора 540, Словенија 497. Во земјите од каде најчесто доагаат ислениците ситуацијата е поповолна. Во  Австрија е  266,5 случаи на 100.000 жители. Во Италија  238,6, во Данска 193, во Германија 156 и во Франција 110,3.

Јавните собири се забранети  и во Холандија, додека Швајцарија треба да спроведе слична забрана, бидејќи ситуацијата со Ковид – 19 е влошена и во двете држави.

Continue Reading