Connect with us

Македонија

Се одржа седница на Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во земјата

Александар | Media Press

Published

on

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев вчера претседаваше со седницата на Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во земјата, како прва седница по изборот на новата Влада.

Советот, како тело кое што ја координира безбедносно-разузнавачката заедница во врска со прашања од интерес на националната безбедност, покрај претседателот на Владата, кој претседава со седниците, го сочинуваат и првиот заменик на претседателот на Владата, задолжен за координација на политичките прашања на ресорите и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, министерот за внатрешни работи, министерот за одбрана, министерот за надворешни работи, директорот на Агенцијата за национална безбедност, директорот на Агенцијата за разузнавање и раководителот на надлежната организациска единица за воена безбедност и разузнавање во Министерството за одбрана, како и секретарот на Канцеларијата на Советот.

Македонија

Кузеска: Предлог-измените треба да се усвојат во најкус можен рок, болничките капацитети забрзано се исполнуваат

Александар | Media Press

Published

on

Владата на вчерашната седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работното време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен на тие коишто вршат испорака, како и да се ограничи капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% од вкупниот број на патници предвидени во едно возило.

По барање на опозицијата точката за Измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, по скратена постапка, во Собранието, беше одложена.

„Време за одложување нема. Предлог-измените треба да се усвојат во најкус можен рок, бидејќи состојбата со вирусот е сериозна.

Пратениците треба да покажат одговорност и што поскоро едногласно да се изгласаат двата пакети на мерки со кои се штити здравјето на граѓаните.“ изјави портпаролот на СДСМ, Богданка Кузеска.

Continue Reading

Македонија

Заев побара разрешување на Лидија Димова

Виолета | Media Press

Published

on

Директорката Националната агенција за европски образовни програми Лидија Димова ќе биде разрешена заради неетично постапување во извршувањето на нејзината функција.

Претседателот на Владата Зоран Заев на вчерашната седница ја информираше Владата дека го прифатил барањето на неговиот  заменик задолжен за борба против корупцијата и криминалот,  Љупчо Николовски, задолжен и за спроведување на Кодекс за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата и дека ќе му препорача на Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност да ја разреши директорката Лидија Димова заради неетично постапување во извршувањето на нејзината функција, поврзано со индиции за несоодветно финансиско работење и за негрижа за одржувањето на имиџот на институцијата во јавноста.

Прашањето за разрешување на Димова беше покренато  по аферата „фризерница“ и одлуката ЕК и финансиската полиција да отворат случај за начинот на кој се трошат европските пари за образование. Барањето за разрешување гласи:

„Заради неетично постапување во извршувањето на нејзината функција, поврзано со индиции за несоодветно финансиско работење и за негрижа за одржувањето на имиџот на институцијата во јавноста.“ – стои во соопштението на Владата на РМ.

Оваа постапка ја овозможува членот 23 од Етичкиот кодекс, според кој претседателот на Владата може да побара политичка одговорност, односно барање за поднесување на оставка на носителот на извршна функција или предлог за негово разрешување, и да покрене иницијатива за информирање на надлежни институции, при што врз основа на сознанијата и одлуките на Управниот одбор, ќе се запазат сите постапки за гарантирање на принципот за презумпција на невиност, известуваат од владината Прес-служба.

Continue Reading

Економија

Рестораните и кафе баровите од денеска ќе работат до 23 часот

Виолета | Media Press

Published

on

Угостителските објекти ќе работат до 23 часот, државната администрација треба да го организира работењето од дома или во смени, а капацитетот на јавниот превоз ќе се ограничи за 50 отсто. Ова се дел од препораките на Комисијата за заразни болести со цел заштита од Ковид-19, кои Владата вчера ги усвои и истите од денеска стапуваат на сила.

Сите угостителски објекти ќе работат до 23 часот, освен оние кои вршат испорака, а целата државна и јавна администрација, општините и судовите треба да ја организираат работата во смени, онлајн од дома или пак редуцирано со систем на ротации.

Овие предлози Владата ги прифати од Комисијата за заразни болести со цел заштита на јавното здравје и намалување на бројот на заболени од Ковид-19

Врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, Владата го одобри Протоколот за постапување при полагање на стручен испит за наставници и стручни соработници во тек на пандемијата со КОВИД-19.

Исто така на владината седица бил утврден и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за градење со кој се предвидува изградба на посебен вид на градби односно модуларни градби за здравствена дејност, чија изградба е финансирана со средства од Буџетот на РС Македонија или со средства од Европската Унија односно друга меѓународна организација, заради зголемување на ефикасноста на здравствениот систем при справувањето со коронавирусот КОВИД-19.

Continue Reading