Економија
Независната угостителска комора најави доброволно затварање на објектите во знак на незадовство

Published
4 months agoon
By
Media Press
Независната угостителска комора (НУК) најави дека доброволно ќе ги затвори сите објекти на две недели во знак на незадоволство од најновите протоколи предложени од Комисијата за заразни болести, а донесени од Владата.
Многу побезболно, подобро и поквалитетно решение, потенцираат оттаму, ќе беше Владата наместо да удоволи на Комисијата за заразни болести да излезе во пресрет на барањата на Директорот Стојко Пауновски да се зголемат ингеренциите, , да даде поголеми надлежности и пренесе нови овластувања на Државниот пазарен инспекторат.
„И повторно без никаква дебата или консултација со угостителите, естрадните уметници или коморите и здруженијата, Д-р Караџовски злоупотребувајќи ја Комисијата за заразни болести САМОВОЛНО поради само десетина неодговорни угостители и угостителски објекти одлучи да казни 6500 угостители со 35000 вработени. Наместо да изработат и предложат или ги прифатат нашите предлози за унифицирани препораки на целокупната угостителска индустрија, КЗБ со нови парцијални промени на протоколи за работа само ќе го докомплицира работењето на угостителите и естрадните уметници и ќе предизвика појава на непотребни протести и угостителска криза со Владата“, стои во соопштение од комората.
Поврзани содржини
Рестораните и другите угостителски објекти од утре ќе работат до 21 часот
Продолжен рокот за аплицирање за грантови за туристичките агенции, ресторани за свадба, игротеки и ноќни клубови
Рестораните и кафе баровите од денеска ќе работат до 23 часот
Од денеска кафе баровите и рестораните ги отворија вратите за првите гости
Економија
УЈП ќе исплаќа ДДВ за последното тримесечје од 2020 година

Published
11 hours agoon
January 22, 2021By
Media Press
Управата за јавни приходи известува дека во текот на месец февруари 2021 година ќе се врши исплата на дел од ДДВ на граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата МојДДВ, во четвртото тримесечје од 2020 година односно за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.
Во ова последно тримесечје од 2020 година, граѓаните скенирале 67.272.456 фискални сметки, вкупниот промет е 33,398,562,346 денари, а на граѓаните ќе им се вратат околу 382 милиони денари или околу 6,1 милиони евра
При направената проверка и анализа, Управата за јавни приходи утврди дека 5 506 граѓани во апликацијата МојДДВ имаат внесено погрешна трансакциска сметка, а 334 граѓани немаат одобрен кориснички профил во e-ПДД што е услов за користење на апликацијата МојДДВ.
Заради навремена исплата на средствата за четвртото тримесечје за 2020 година, Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да внесат точна и лична трансакциска сметка, а оние кои немаат одобрен кориснички профил во e-ПДД истото да го сторат односно да појдат до најблиската даночна канцеларија со документ за лична идентификација со цел службено лице на УЈП да го одобри и активира профилот на e-ПДД.

Економија
Владата ги објави нето-платите: Зоран Заев зема највисока, Шаќири зема најниска плата

Published
15 hours agoon
January 22, 2021By
Media Press
Владата на својата официјална веб страница го објави списокот со платите на владините функционери за месец Декември.
Во списокот има податоци за нето-платата, додатокот за минат труд и вкупната нето-плата, како и информација за стажот на функционерите.
Највисока плата зема премиерот Зоран Заев. Неговата плата изнесува вкупно 87 813 денари, од кои 8 973 се за минат труд. Премиерот е и меѓу првите пет со највисок стаж од 22 години.
На второ место на листата е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со вкупна нето плата од 85 113 денари, каде е нагласено дека има покачување на платата од 20%. Спасовски има работен стаж од 18 години.
„Како дел од заложбите на Владата за поголема дигитална транспарентност, на оваа страница можете да ги проверите висините на платите на Претседателот на Владата, Замениците на Претседателот на Владата и на министрите во Владата. Висината на платата на министрите е јавен податок.“ – стои во соопштението на Владата.


Економија
Државен Завод за статистика: Просечната ноемвриска нето плата била 27.588 денари

Published
2 days agoon
January 21, 2021By
Media Press
Според податоците објавени од страна на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, изнесува 107.0.
Ваквото зголемување според ДСЗ се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11.2 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (11.2 %) и Образование (9.5 %).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.1 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (3.6 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.4 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2020 година, изнесува 27 588 денари.

Филипче: Не постојат законски пречки за увоз на вакцини против КОВИД-19, интервентен увоз на лекови не е новина во нашата земја

УЈП ќе исплаќа ДДВ за последното тримесечје од 2020 година

Нафтените деривати се намалуваат за два денари

Во Македонија нема мутација на коронавирус покажуваат анализите
