Connect with us

Економија

Месечна статистика на тргувани акции на Македонска берза во Септември

Александар | Media Press

Published

on

Според информациите кои ги објави Македонската берза за периодот 01.09.-30.09.2020 година вкупниот промет изнесува 408.423.818 денари што означува пораст за 25,08% во однос вкупниот промет на претходниот месец август.

Класичното тргување во изминатиот период изнесува 385.467.468 денари што е пораст од 89.15% од сумата во месец Август која изнесува 203.789.308 денари.

Истргуваните акции во вредност во класичното тргување истргувани се 383.308.997 денари и додека пак за обврзници во вредност сумата достигнува до  2.158.471 денари, додека пак немазабележанотргување со други хартии од вредност.

Блок трансакциите во септември изнесувале 22.956.350 денари и бележат огромен пад од 81,30% во споредба со месец Август во кој блок трансакциите изнесувале 122.747.833 денари.

Бројот на поединечни трансакции во месец Септември изнесувал 1.742, што е зголемување за дури 101,39%. Бројот на трансакции во месец Август изнесувал 865 трансакции односно 877 трансакции помалку од Септември.

Според бројот на трансакции, на врвот на листата повторно се најде Комерцијална банка АД Скопје, со вкупно 619 трансакции, пред акциите на Алкалоид АД Скопје со вкупно 270 трансакции. Трети најтргувани акции по бројот на трансакции беа акциите на Макпетрол АД Скопје со 187 трансакции.

Гледајќи според количината на истргуваните акции во месец Септември, најтргувани се акциите на Гранит АД Скопје со 35.297 истргувани акции. Под Гранит АД Скопје се наоѓаат акциите на Комерцијална банка АД Скопје со 22.531, и акциите на Стопанска банка АД Скопје со 13.052 истргувани акции.

Целосната статистика за септември 2020 година може да се погледне овде.

Економија

Утврден Предлог на Законот за исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година

Виолета | Media Press

Published

on

Владата на последната седница го утврди Предлог на Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.

Со овој закон, се уредуваат условите и постапката за добивање на финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, заради исплата на платите на работниците за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.

На предлог на Министерството за финансии, денеска е утврден и предлогот за Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, кој исто така како и Предлог законот за финансиска поддршка на работодавачите е дел од Пакетот 4 за справување со економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19.

Со денот на влегувањето во сила на измените и дополнувањата од Законот за данокот на додадена вредност од 1 јануари ќе се изврши ослободување од данок на додадена вредност за донации дадени кон буџетски корисници за справување со коронавирусот КОВИД-19. Исто така ќе се одложи рокот за плаќање ДДВ заради ликвидносна поддршка на компаниите.

Заради олеснување на процесот на издавање, пренос и прием на фактура, ќе се даде можност за користење на фактура во електронска форма (pdf или друг електронски формат).

Од 01 јануари 2021 година, се пропишува одредба за примена на повластена даночна стапка од 10% за продавањето храна и пијалаци за консумација на лице место и кетеринг услуги, со исклучок на алкохолни пијалаци.

Исто така од 01 јануари 2021 година, се пропишува одредба за примена на повластена даночна стапка од 5% за определени занаетчиски услуги коишто се вршат од страна на занаетчии коишто се запишани во занаетчиски регистар.

Continue Reading

Економија

Рестораните и кафе баровите од денеска ќе работат до 23 часот

Виолета | Media Press

Published

on

Угостителските објекти ќе работат до 23 часот, државната администрација треба да го организира работењето од дома или во смени, а капацитетот на јавниот превоз ќе се ограничи за 50 отсто. Ова се дел од препораките на Комисијата за заразни болести со цел заштита од Ковид-19, кои Владата вчера ги усвои и истите од денеска стапуваат на сила.

Сите угостителски објекти ќе работат до 23 часот, освен оние кои вршат испорака, а целата државна и јавна администрација, општините и судовите треба да ја организираат работата во смени, онлајн од дома или пак редуцирано со систем на ротации.

Овие предлози Владата ги прифати од Комисијата за заразни болести со цел заштита на јавното здравје и намалување на бројот на заболени од Ковид-19

Врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, Владата го одобри Протоколот за постапување при полагање на стручен испит за наставници и стручни соработници во тек на пандемијата со КОВИД-19.

Исто така на владината седица бил утврден и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за градење со кој се предвидува изградба на посебен вид на градби односно модуларни градби за здравствена дејност, чија изградба е финансирана со средства од Буџетот на РС Македонија или со средства од Европската Унија односно друга меѓународна организација, заради зголемување на ефикасноста на здравствениот систем при справувањето со коронавирусот КОВИД-19.

Continue Reading

Економија

СДСМ: 5.726 самохрани родители ќе добијат платежни картички

Александар | Media Press

Published

on

Владата предводена од СДСМ во текот на пандемијата со коронавирусот континуирано им помага на сите, на коишто им е потребна помош на граѓаните и на компаниите за ублажување на негативните последици.

Со ребалансот на Буџетот за 2020 година, се обезбедуваат 470 милиони евра за реализација на мерките од четвртиот пакет за помош и поддршка, кој обезбедува значајни средства за поддршка на економијата, за спас на работни места, за зајакнување на приватната потрошувачка.

Измените и дополнувањата на Буџетот за 2020 година треба да бидат усвоени во Собранието за да можат 283.000 граѓани да добијат домашни платежни картички во вредност од по 6.000 денари.

Домашни платежни картички ќе добијат 5.726 самохрани родители, како поддршка во справувањето со последиците од економската криза. Тоа ќе значи зајакнување на семејните буџети на над 5.700 семејства и поттикнување на приватната потрошувачка.

„Платежни картички ќе добијат и пензионерите со пензии пониски од 15.000 денари, пасивните баратели на работа, самостојни уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници, како и 540 студенти, но и граѓаните кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи.“ – пишува во соопштението од СДСМ

СДСМ како одговорна партија продолжува со креирање и спроведување на мерки и политики за помош и поддршка на погодените со пандемијата, продолжува со вистинска грижа за сите.

Continue Reading