Connect with us

Македонија

Граѓани на Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина од 12 октомври без ПЦР тест ќе можат да влезат во земјава

Александар | Media Press

Published

on

Врз основа на координацијата со министерствата за здравство од регионот, денеска, на седница на Владата на Република Северна Македонија, донесовме одлука да овозможиме непречен влез на странските државјани од Република Србија, Република Косово, Република Црна Гора и Република Босна и Херцеговина, без приложување медицинска потврда со негативен RT PCR SARS CoV-2 тест.

Во овие земји, за кои нивните граѓани досега имаа обврска при влез/транзит во нашата земја да приложат негативен RT PCR SARS CoV-2 тест, по принципот на реципроцитет е договорено и нашите граѓани да патуваат во овие земји, без обврска да приложат негативен тест.

Оваа одлука е донесена по доставен предлог и позитивно мислење на Комисијата за заразни болести според кое до овој момент нема индикации или висок број на влезени позитивни случаи од странски држави, а со тоа и нема висок ризик по јавното здравје. Одлуката е донесена заради остварувањето на неопходните потреби на граѓаните, при што Владата апелира патувањето да се сведе на минимум и исклучиво за неодложни потреби и со целосно и доследно применување на сите мерки за лична заштита од КОВИД-19.

Одлуката стапува на сила од понеделник, 12 октомври 2020 година.

Македонија

777 прекршоци на територијата на цела Македонија, 77 се во регионов

Александар | Media Press

Published

on

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, според статистиката на МВР по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 777 прекршоци.

На ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 77 лица не ја почитувале, од кои 33 во Струмица,  29 во Радовиш, 8 во Гевгелија и 7 во Валандово.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19. 

Continue Reading

Македонија

Армијата се подмладува – нови питомци на Воената академија, нови офицери во единиците

Александар | Media Press

Published

on

Дваесет и седум потпоручници кои го завршија своето образование на Воената академија од денеска се новите офицери во Армијата на Република Северна Македонија и вооружените сили на Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово. Денеска на Воената академија освен промоцијата на потпоручниците, примени беа и нови 40 питомци, кои со давањето на свечената заклетва го започнаа своето четиригодишно воено образование.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на овие две класи им честиташе што одбрале професија која е високо ценета, угледна и благородна и изрази убеденост дека со својата работа овие сегашни и идни офицери ќе ја заслужат високата доверба која граѓаните ја имаат во Армијата.

„Дваесеттата класа питомци кои денеска го добиваат својот прв офицерски чин покажа колкава е вредноста на Воената академија не само за нас, туку и за нашиот регион, а преку нашиот регион и за НАТО – Алијансата. 30-тина проценти од оваа класа се школувани за потребите на вооружените сили на регионот“, рече министерката. Таа на потпоручниците им порача дека изминатиот период беа направени големи чекори напред и дека во нашата земја во тек се суштински процеси за опремување, трансформација и модернизација. „Ќе продолжиме да работиме, резултатите од вашата работа да бидат по видливи, вашиот стандард повисок, но се ова е возможно со заеднички напор. Дајте сè од себе, помогнете ни да бидеме подобри и поефикасни. Бидете целосно фокусирани, посветени и мотивирани во вашите задачи затоа што само така се достигнува врвот“, рече Шекеринска.

На свеченоста беа наградени тројцата прворангирани потпоручници, Биљана Дуловиќ од Црна Гора и Гоце Софески и Филип Младеновски од Северна Македонија, а плакета им беше доделена и на професорите на Воената академија кои годинава заминуваат во пензија.

Continue Reading

Македонија

Кузеска: Предлог-измените треба да се усвојат во најкус можен рок, болничките капацитети забрзано се исполнуваат

Александар | Media Press

Published

on

Владата на вчерашната седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работното време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен на тие коишто вршат испорака, како и да се ограничи капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% од вкупниот број на патници предвидени во едно возило.

По барање на опозицијата точката за Измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, по скратена постапка, во Собранието, беше одложена.

„Време за одложување нема. Предлог-измените треба да се усвојат во најкус можен рок, бидејќи состојбата со вирусот е сериозна.

Пратениците треба да покажат одговорност и што поскоро едногласно да се изгласаат двата пакети на мерки со кои се штити здравјето на граѓаните.“ изјави портпаролот на СДСМ, Богданка Кузеска.

Continue Reading