Connect with us

Гевгелија

Во Гевгелија презентирана интернет-платформата за директна комуникација помеѓу локалните земјоделци

Media Press

Published

на

Земјоделци од Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран, вчера присуствуваа на  обука на тема „Локалните системи на храна, предности и можности“ која што ја одржа ФЛОРИТ.

Истата е во рамките на проектот „Избери здраво-купувај локално“, одобрен за реализација од страна на Мрежата за рурален развој, а финансиран од шведската организација „We Effect”.

 Oбуката се одржа во Малата сала на Народниот театар во Гевгелија, а присуствуваа земјоделци од Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран.

 На земјоделците им беше презентирана интернет-платформата која е креирана за директна комуникација помеѓу земјоделците од овие општини, но и за заинтересираните земјоделски производители. Другата цел на оваа платформа е зголемување на довербата и партнерството меѓу производителот и потрошувачот.

„Идејата е да се поврзат луѓето, да се поттикне локалниот развој во руралните средини и да се минимизира бројот на врски (линкови), односно посредници при продажбата за да се направи одржлив систем на храна изграден преку партнерство, што е еден од принципите на ЛЕАДЕР пристапот за рурален развој, исткана раководителот на ФЛОРИТ, Ристо Атанасовски.

            Ваквиот проект се реализира како резултат на најновите случувања на глобално ниво кои наметнаа потреба за приоритизирање и поддршка на секторите во југоисточниот регион, а се под удар на пандемијата со COVID – 19 вирусот. Бидејќи, земјоделството и производството на храна во овој регион е секторот што со години беше двигател на локалната економија.

прикажи повеќе
Advertisement

Гевгелија

Во Гевгелија, досега се вакцинирани 400 лица над 70 години со првата пратка „Астра Зенека“

Media Press

Published

на

    Во општина Гевгелија, досега, се вакцинирани 400 лица над 70 години со првата пратка „Астра Зенека“ во Општата болница со проширена дејност- Гевгелија. Започнувајќи од денеска, имунизацијата се одвива со аплицирање од 100-те вакцини од втората пратка, истакна одговорната докторка Тодорка Окова. Нагласувајќи дека според динамиката на вакцинирање во пунктот, би требало до 21 април да се потрошат количините на располагање.

         Според бројот на пријавени, директорот на Општа болница, д-р Митко Крџев, истакна дека постои голем интерес на граѓаните за имунизација против КОВИД-19 од старосната група над 70 години. Додека, за одвивањето на понатамошното вакцинирање се чекаат конкретни насоки од Министерството за здравство.

          Што се однесува на здравствениот билтен на Општина Гевгелија, Крџев истакна дека има благо намалување од околу 30% на новорегистрирани случаи, заклучувајќи ја ваквата констататација по бројот на дневни прегледи во КОВИД- модуларната болница. Притоа, нагласувајќи дека ваквата состојба не значи дека треба да им биде мотив на граѓаните за опуштање, напротив да продолжат со почитување на мерките кои се уште се во сила. Бидејќи, и покрај намалениот број на новозаболени, се уште се исполнети капацитетите за хоспитализирање со кои располага Општата болница во Гевгелија. Имено, во КОВИД-болницата се хоспитализирани 26 лица, додека 40 лица се на дневна терапија.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Сеуште трае потрагата по исчезнатиот Илија Минов од Гевгелија кој исчезна пред речиси 20- тина дена

Media Press

Published

на

И, вчерашната потрага по исчезнатиот Илија Минов од Гевгелија, во организација на Општината  и ОВР- Гевгелија без никакви резултати. Имено, по деталното пребарување на двата брега на реката Вардар и ридските предели наоколу, се до грчката граница, во кое беа вклучени вработени од: Општина Гевгелија, ОВР, ДСЗ, ТППЕ, ЦУК, Шумска полиција и шумско стопанство, Водостопанство и членови на двете планинарски друштва „Кожув“ и „Двете Уши“ и риболовното друштво „Акваспорт“, не се пронајдени никакви траги од Минов. Пребарувањето започна во 10:00 часот, а траело до 12:30 часот.

            ОВР- Гевгелија ќе продолжи со потрагата иако, како што истакна началникот Карапеев, од наредниот ден по исчезнувањето на Минов, па досега, се преземени сите мерки и се искористени сите ресурси со кои располага институцијата за пронаоѓање на исчезнатиот.

Изминатите денови, по укажувањата на индициите каде би можел да се пронајде Минов, се пребаруваше речното корито на Вардар со хеликоптер, трагачки кучиња, нуркачка екипа од специјалната единица на МВР, дрон и сл. За случајот, преку Интерпол, известени се грчката полиција и службите на граничните премини.

            Последно, Илија Минов бил виден на 29 март, 2021 година, во 07:30 часот, облечен во зелена јакна, кремаста блуза, сини фармерки, кафеаво шалче со риги и црни кондури.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Гевгеличанка пријавила во полиција дека од вчера околу пладне, исчезнал нејзиниот сопруг

Media Press

Published

на

Гевгеличанка пријавила во полиција дека од вчера околу пладне, нејзиниот сопруг излегол од дома и повеќе на се вратил. Спорд информациите од СВР Струмица станува збор за 59- годишно лице од Гевгелија.

„На 29 март во 12.30 часот во Полициска станица Гевгелија, С.Д.М.(49) од Гевгелија пријавила дека од нивниот дом се оддалечил нејзиниот сопруг И.М.(59). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, стои во соопштението од СВР Струмица.

Прочитај повеќе