Здружение за истражување и анализи – ЗМАИ oбјавува јавен Повик за учество на бесплатни онлајн обуки за кариерно советување за 30 невработени млади лица до 30 години, во рамките на проектот “Кариерно советување за полесно прилагодување на пазарот на труд во услови на КОВИД-19”.
На онлајн обуките ќе бидат обработени повеќе теми:
– Планирање на кариера и начини на барање на работа
– Хакирање потенцијални работни позиции и усовршување на прелиминарните
елементи за апликација
– Подготовка и учество на интервју за работа и неконвенционални начини за
вработување.
Преку обуките, 30 млади невработени лица до 30 години припадници на ранливите категории на граѓани, ќе имаат можност да ги подобрат сопствените предиспозиции за полесно интегрирање на пазарот на труд, преку усовршување на нивните вештини околу целокупниот процес на вработување.
Проектот е насочен кон намалување на негативните ефекти што пандемијата со COVID-19 ги има на младите.
Линк кон апликацијата за онлајн обуките ОВДЕ
Краен рок за пријавување е 25.10.2020 година (недела), до 17.00 часот. Контакт лице
за дополнителни информации и прашања е Невена Спасовска, на емаил адреса
contact@zmai.mk.
Избраните учесници ќе бидат контактирани за учество на обуката со доставување на
агенда, план за работа и логистички информации околу реализација на обуките. Сите
селектирани учесници задолжително треба активно да се вклучат во обуките и да
присуствуваат на сите модули.