Македонија

Донација од САД за МВР, ДЗС и Црвениот крст за справување со Ковид-19

Денеска во Министерството за внатрешни работи, амбасадорката на САД Н.Е. Кејт Мари Брнз на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Агенцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски и генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Саит Саити им ја предаде донацијата во опрема и средства за справување со КОВИД-19, наменета за Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување и Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Министерот Спасовски и се заблагодари на амбасадорката Брнз за донацијата, но и за постојаната помош од САД во претходниот период, кога во МВР се спроведоа интензивни реформи. Опремата вредна 163.000 американски долари, веднаш ќе биде ставена во функција во соодветните организациони единици во Министерството за внатрешни работи, а се состои од  генератори за струја, цистерни за вода, рефлектори, термометри, дезинфекциони средства, лаптопи и други средства.

„Сакам да изразам искрена благодарност до претставниците на ИЦИТАП програмата при Амбасадата на САД во земјава, кои како наш партнер и силен поддржувач изминативе години несебично ни помагаа во осовременување на капацитетите на Министерството преку бројните донации во разновидна техничка помош, но и во стручна, професионална едукација и обука на полициските службеници од повеќе организациони единици во министерството. Би сакал уште еднаш во свое и во име на Министерството за внатрешни работи да ѝ се заблагодарам лично на амбасадорката Брнз, на нашите докажани пријатели – Владата на САД и Амбасадата на САД во Република Северна Македонија“, рече министерот Спасовски.

„Опремата што ја донираме ќе се користи за справување со кризата со КОВИД-19, но и за други предизвици. САД ќе продолжи да и помага и да биде партнер со Република Северна Македонија “, рече амбасадорката Брнз.

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски потенцираше дека КОВИД-19 пандемијата носи сериозни предизвици и дека помошта од нашите партнери е многу важна.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago