Connect with us

Радовиш

Јана Јованова е финалист на еден од најголемите и најдобро организираните OnLine натпревари во светот

Виолета | Media Press

Published

on

Младата пијанистка Јана Јованова од Радовиш, повторно  изненадува со нејзините извонредни интернационални успеси! Овој пат станува збор за еден од најголемите и најдобро организираните OnLine натпревари во светот.

Со започнувањето на светската пандемија со КОВИД-19 и воведувањето на различни форми на карантин во скоро сите држави во светот, голем дел од пијанистите и педагозите по пијано почнаа да изнаоѓаат начини како да се продолжи со музицирање и со настапи за да се задржи мотивацијата за работа кај младите пијанисти. Така се појавија повеќе OnLine натпревари кои на различни начини го организираа оценувањето на младите пијанисти.

Јана Јованова во претходните месеци учествуваше на повеќе вакви наптревари и секогаш беше помеѓу победниците. Сега таа е повторно помеѓу финалистите на OnLine натпревар и тоа на еден од најдобро организираните натпревари во светот.

#StayHome International Piano Competition најпрво беше организиран само за возрасни пијанисти а по огромниот успех и интерес за овој натпревар, организаторите одлучија да направат и издание за млади пијанисти под името #StayHome Young.

На овој натпревар за учество се пријавија 125 млади пијанисти од 30 различни земји од сите 5 континенти во светот. Радовишанката Јана Јованова е единствената натпреварувачка не само од нашата земја туку и од поширокиот балкански регион, која е избрана да биде помеѓу финалистите на овој натпревар.

Финалето ќе биде одржано „во живо“ на 11 октомври (недела) околу пладне по средноевропско време, преку OnLine streaming на YouTube каналот на натпреварот како и на нивната официјална Facebook страна. Жири комисијата во која се вклучени еминентни пијанисти и професори од различни краеви од светот во исто време ќе бидат вклучени за да во реално време ги слушаат и оценуваат младите пијанисти. Како публика односно гледачи на натпреварот можат да се вклучат сите луѓе од целиот свет и истовремено да го дадат својот глас за нивниот омилен млад пијанист.

„Многу се радувам што повторно сум помеѓу финалистите и се надевам дека и овој пат како и до сега, ќе успеам да се пласирам помеѓу најдобрите. Бидејќи информацијата дека сум влезена во финале ја добив денес на 05 октомври кога е светскиот ден на наставниците, би сакала јавно да ја изразам мојата неизмерна благодарност кон сите мои досегашни наставници. Најпрво на мојата доскорешна наставничка Андријана Јанков на мојата нова наставничка Наташа Калајџиева но и на професорките Марија Максимова, Бисера Иванова и Александра Трајкова од средното музичко училиште во Штип, а секако тука е и нашиот семеен пријател Симон Трпчески. Сите тие си имаат своја заслуга за моите досегашни успеси“ изјави Јана Јованова за Mediapress.mk .

Ние како редакција и посакуваме успешно претставување и висок пласман на овој светски натпревар. Се надеваме дека Јана повторно ќе биде помеѓу победниците!

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Екипа од ТППЕ од Радовиш интервенирала на предизвикан пожар на помошни објекти

Виолета | Media Press

Published

on

„На 19.10.2020 во 02.15 часот во Полициска станица Радовиш било пријавено дека настанал пожар во помошен објект на ул.„Готен“ во Радовиш, при што биле опожарени и соседни помошни објекти, како и едно моторно возило паркирано во помошен објект.

По интервенција на Територијална противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а увид на местото извршиле инспектор од Дирекција за заштита и спасување и екипа на Одеелението за внатрешни работи Радовиш„ стои во известувањето од Полициска станица Радовиш.

Continue Reading

Радовиш

Воиславци и Сулдурци денеска со преќин во водоснабдувањето, соопштува ЈП Плаваја

Виолета | Media Press

Published

on

ЈП Плаваја од Радовиш ги информира жителите на двете населени места Воиславци и Сулдурци, Општина Радовиш, дека денеска ќе има преќин во водоснабдувањето поради замена на опрема во главните шахти кон овие населени места.

„ДЕНЕС ВТОРНИК 20 ОКТОМВРИ 2020 ГОДИНА ЌЕ СЕ ПРОДОЛЖИ СО ЗАМЕНА НА ОПРЕМА ВО ГЛАВНИТЕ ШАХТИ КОН ОВИЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА. ЗА НОРМАЛНА РАБОТА ПОТРЕБНО Е ЦЕЛОСНО ЗАПИРАЊЕ НА ВОДОСНАБДУВАЊЕТО.НАВЕДЕНИТЕ РЕОНИ ЌЕ ИМААТ ПРЕКИН НА ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ОД 9.00 ЧАСОТ ДО ЗАВРШУВАЊЕ НА РАБОТИТЕ“ стои во известувањето од ЈП Плаваја, Радовиш.

Continue Reading

Радовиш

Општина Радовиш го објави конкурсот за стипендирање на ученици, вкупно ќе бидат доделени 29 стипендии

Виолета | Media Press

Published

on


Градоначалникот на општина Радовиш, распиша КОНКУРС за стипендирање на ученици во основните училишта во општина Радовиш и СОУ „Коста Сусинов“- Радовиш, за учебната 2020/2021 година. За оваа учебна година, општина Радовиш ќе додели:

 16 (шеснаесет) стипендии на талентирани ученици од VI до IX одделение – по 4 стипендии пооделно.

Согласно измените на Правилникот, стипендиите нема да се доделуваат по училишта, туку ќе се доделуваат вкупно по 4 стипендии за секое одделение ( по 4 за VI, VII, VIII и IX одделение) по принципот на најдобро рангирани ученици (со најмногу бодови), без разлика од кое основно училиште се учениците.

Стипендијата е во висина од 2 500 денари месечно , а се исплаќа 9 (девет) месеци во годината.

  • 8 (осум) стипендии на талентирани ученици од I-IV година во средно образование од кои: 5 (стипендии во прва година – по една стипендија за ученици од сите 5 општински основни училишта, коишто ќе донесат потврда дека се запишале во прва година во СОУ Коста Сусинов – Радовиш, и по една за II, III и IV  година.

Стипендијата е во висина од 3 000 денари месечно , а се исплаќа 9 (девет) месеци во годината.

Потребни документи за учество на конкурсот

  1. Барање од учениците до општина Радовиш ;
  2. Свидетелства за континуиран одличен успех и примерно поведение ;
  3. Потврда за запишана учебна година (во основно или средно) ;
  4. Диплома за освоени награди на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари организирани единствено преку образовниот систем ;
  5. Препорака од менторот ;
  6. Препорака од наставничкиот совет ;
  7. Есеј на тема „Како би и помогнал на локалната заедница како иден експерт“ ;
  8. Фото копија од лична карта, или пасош и
  9. Трансакциска сметка на име на ученикот што конкурира за стипендија

Во случај на ист број бодови, Комисијата за доделување на ученички стипендии со цел да се додели стипендија на учениците со послаба социјална положба, дополнително ќе побара од старателите на тие ученици :

– Уверение за остварени приходи од УЈП за материјалните примања на семејството на ученикот во текот на минатата година и

– Потврда за плата на родителите, или потврда од Агенцијата за вработување дека се пријавува како невработено лице, за периодот од Јануари заклучно со 30 Септември за тековната година.

Стипендијата ќе биде доделена на кандидатот кој е социјално послабо ситуиран.

Општина Радовиш доделува вкупно 5 (пет) стипендии на ученици во основните училишта и ученици во средното образование од општина Радовиш чиишто семејства се социјално загрозени.

Стипендиите се доделуват на првите пет рангирани кандидати кои конкурирале по овој основ, без разлика дали учениците се од основно или од средно образование.

Право за конкурирање имаат сите ученици од VI, VII, VIII и IX одделение основно образование и учениците од I, II, III и IV година средно образование

Потребни документи за учество на конкурсот покрај горе наведените се:

-Семејно уверение ;

-Уверение за остварени приходи од УЈП, за двајцата родители за 2019 год.;

-Поврда за работен однос на родителите, или старателите со податок за остварен личен доход од 01.01.2020 заклучно со месец Септември 2020 или Потврда од Агенцијата за вработување за невработените членови од семејството на ученикот.

-Потврда од Центарот за социјална работа (доколку се корисници на социјална помош)

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во училиштата во општина Радовиш, Република Македонија, а  ги исполнуваат следните услови :

– Да се жители на општина Радовиш и државјани на Република Македонија

– Да се редовни ученици од основното образование и од средно образование со континуиран скроз одличен успех кои освоиле I, II и III награда на општински, регионален и државни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот, организирани и спроведени ЕДИНСТВЕНО преку образовниот систем.

-Кандидатите се должни во Барањето јасно да означат по кој основ конкурираат, односно дали конкурираат по основ на :

-Талентирани ученици исклучиво по основ на постигнат успех – без социјални критериуми или

-Талентирани ученици по основ на постигнат успех и по основа на социјални критериуми

Ученици без свидетелства со континуиран скроз одличен успех нема да бидат земени во предвид.

-Дипломи добиени од разни други асоцијации, манифестации и здруженија на граѓани нема да бидат бодирани.

Барањата со потребните документи се доставуваат во Архивата на општина Радовиш во затворен плик со назнака: „За конкурс за стипендирање на ученици“

 Рокот за поднесување на документите е 10 работни дена започнувајки од 15.10.2020 год. (Четврток) заклучно со 28.10.2020 година (Среда).

Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.

БАРАЊАТА можат да се набават самите училишта, на WEB страната или директно во општина Радовиш.

Резултатите ќе бидат објавени во рок од 15 дена од завршувањето на конкурсот и ќе бидат истакнати на огласната табла во општина Радовиш и на ВЕБ страната на општина Радовиш.

По објавувањето на резултатите, незадоволните кандидати во рок од 5 (пет) дена, можат да поднесат приговор до Градоначалникот на општина Радовиш.

Комисијата е должна во рок од 5 (пет) дена да одговори на доставениот Приговор.

Continue Reading