Адора инженеринг и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, со поддршка на образованието
Донација на компјутери и таблети за потребите на училиштата во Општина
Радовиш од компанијата „Адора Инженеринг“ и фондацијата
„Чифлиганец“ денеска беше доставена во СОУ Коста Сусинов во Радовиш, од каде
понатаму
ќе биде распределена во училиштата.
Сопственикот на Адора Инженеринг Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, заедно со
неговата ќерка Драгана Чифлиганец, денеска ја доставија донацијата, која поради
ситуацијата со корна вирусот и
одвивањето на наставата онлајн, им е
потребна на училиштата.
„12 компјутери и 6 таблети не се многу, но се доволен потик и за останатите компании
кои можат да донираат. Да ставиме сите по едно камче во мозаикот наречен
образование“, рече Чифлиганец.
„Оваа година е тешка за сите, се соочуваме со предизвици и затоа треба, секој според можностите, да го поддржиме образовниот процес, бидејќи после здравството, образованието е најважната алка во општеството, тоа се нашите идни генерации”, порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, при предавањето на донацијата во присуство на директорите на училиштата.
За донацијата на проф. д-р Ванчо Чифлиганец
му се заблагодари и пратеникот во Собранието на Република Македонија Коле Чаракчиев.
Директорот на СОУ „Коста Сусонов“ од Радовиш, кој се заблагодари од името
на останатите дирктори, рече дека
најголемиот проблем со кој се соочуваат во онлајн наставата е токму техничката
опрема.
При доставувањето на денешната донација, Чифлиганец изрази надеж дека оваа иницијатива, ќе биде добар пример кој ќе го следат и други компании, органзиации и поединци .