Connect with us

Свет

Доналд Трамп и неговата сопруга позитивни на Ковид-19

Media Press

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека тој и сопругата Меланија се позитивни на Ковид-19. Како што наведе, двајцата одат веднаш во карантин.

„Вечерва, првата дама и јас бевме тестирани и сме позитивни на Ковид -19. Веднаш ќе започнеме процес на карантин и закрепнување. Заедно ќе го поминием ова“, објави Трамп на Твитер.

Тој претходно соопшти дека неговата блиска соработничка, Хоуп Хикс (31) е позитивна на Ковид-19. Хикс е најблискиот соработник на Трамп, а според Би-Би-Си, таа патувала со авион со него на дебата со Џо Бајден во Охајо и била снимена како излегува од авионот без маска.

 Инаку Трамп има 74 години и повторно се кандидра за претседател на претстојните претседателски избори во САД, кои ќе се одржат на 3 декември.

прикажи повеќе
Advertisement

Свет

Џо Бајден го прекина процесот на излегување на САД од СЗО

Media Press

Published

on

Новиот американски претседател Џо Бајден веднаш по влегувањето во Белата куќа потпишал серија од 17 најавени извршни наредби/декрети и почнал да поништува некои одлуки на Трамп, јавуваат странските медиуми. Џо Бајден е 46-от претседател на САД кој вчера влезе во Белата куќа.

Една од првите наредби што ги потпишал е повторното ангажирање на САД во Парискиот договор за климата.

Што се однесува до пандемијата, 46-от претседател на САД го прекинал процесот на излегување на САД од Светската здравствена организација и издаде наредба со која се воведува задолжително носење маска во просториите и областите што зависат од сојузните држави, како и при патување меѓу државите во САД, постапка што Доналд Трамп секогаш одбиваше да ја направи.

Една од наредбите се однесува на укинувањето на забраната за влез во САД за државјани на повеќе земји, претежно со муслиманско мнозинство.

Бајден, исто така, го потпишал и стопирањето на изградбата на ѕидот на границата меѓу САД и Мексико.

Continue Reading

Свет

Потребна е поголема заштита и подобри услови за луѓето што работат од дома

Media Press

Published

on

Многукратното зголемување на бројот на работниците кои работат од дома како последица од пандемијата од Ковид-19 ги потенцираше лошите работни услови и недоволната заштита. Според податоците на Меѓународната организација на трудот, пред почетокот на кризата од дома работеле околу 260 милиони луѓе.

Меѓународната организација на трудот во извештајот потенцира дека е потребна подобра заштита за оние кои работат од дома. Во извештајот пишува дека честопати е „невидлива“ работата од дома затоа што овој принцип на работа се случува во приватниот сектор. Како пример се земаат земјите со низок и среден приход, во кои работниците што работат од дома работат неформално.

Лугето што работат од дома дополнително се соочуваат со поголеми безбедносни и здравствени ризици, имаат помал пристап до обука отколку работниците кои работат надвор од дома, што може да има огромно влијание на нивните за успеси во кариерата.

Работењето од дома во многу случаи не е доволно регулирано, а усогласеноста со постојните закони и понатаму претставува предизвик. Дополнително на тоа, голем број случаи, работниците од дома се класифицираат како независни изведувачи и следствено се исклучени од опфатот на трудовото законодавство.

„Само 10 земји членки на Меѓународната организација на трудот ја имаат ратификувано Конвенцијата бр. 177, која промовира еднаквост на третманот помеѓу домашните и другите платари, а малкумина имаат сеопфатна политика за домашните задачи. ” вели Џанин Берг, виша економистка на МОТ и една од авторите на извештајот.

Continue Reading

Свет

Од денеска е дозволен влез во Црна Гора без потреба од ПЦР тест

Media Press

Published

on

Министерка Боровиниќ-Бојовиќ на денешната прес-конференцијата изјави дека благодарејќи на однесувањето на граѓаните со тоа што ги почитувале мерките за заштита од Ковид-19 вирусот, епидемиолошката состојба во Црна Гора е подобра денес и дека во овој момент 57,3% од болничкиот капацитет е исполнет со ковид-пациенти, а дека тој процент порано бил 67 отсто.

Дополнително на тоа, Министерството за здравство на Црна Гора донесе одлука да се дозволи влез во Црна Гора од денес без задолжително тестирање на коронавирус.

Точниот датум кога ќе пристигнат вакцините неможе да се утврти, изјави министерката напоменувајќи дека очекуваат подетални информации од 10 до 15 дена. Вакцините се очекува да пристигнат во Црна Гора кон крајот на Јануари.

Боровиниќ-Боровиќ истакна дека сакаат прво вакцини со европски сертификат и дека преговараат со „Фајзер“ и со „Астра зенека“.

Continue Reading