Connect with us

Радовиш

Со пригодна програма за пречек на првачињата денеска започна учебната година во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Срдечно добредојде  на дечињата кои со маски на лицето денеска зачекорија во образовниот процес, им посака директорката на училиштеот Лујза Спасова.   На првачињата и на родителите  им беше прочитан и кодексот на однесување во училиштето во услови на пандемија, согласно протоколот.

На денешниот прв училишен ден од името на општината и градоначалникот Герасим Конзулов, учениците  ги поздрави  секретарот на Општина Радовиш Драги Стојанов.

 Во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ настава со физичко присуство ќе се реализира за учениците од прво до трето одделение, а останатите преку националната платформа.

За потребите на училиштето, Рудникот Бучим донира лаптоп компјутери, за реализирање на онлајн настава.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Поет од Виетнам и поет од Саудиска Арабија годинашни носители на интернационалната награда „АЦО КАРАМАНОВ„

Виолета | Media Press

Published

on

Виетнамскиот поет Мај Ван Фан од Виетнам и арапскиот поет Раед Анис Ал-Јиши од Саудиска Арабија годинашни носители на интернационалната награда „АЦО КАРАМАНОВ„ на 47 Караманови поетски средби, кои се организираат во Радовиш.

Меѓународната поетска манифестација „Караманови средби на поезијата„ на Центар за култура,, Ацо Карамнов” од Радовиш, по втор пат оваа година ја доделуваат интернационалната награда „АЦО КАРАМАНОВ„ за врвни поетски дострели во сферата на поетското творештво, но за прв пат ќе објави книга со избор поезија од наградени автори коишто важат за врвни автори во светски рамки. Минатата година оваа награда ја доби големиот шпански и светски поет Хусто Хорхе Падрон.

По предлог на селекторот за оваа награда – познатиот македонски поет Борче Панов, Управниот одбор на „Караманови средби на поезијата„ помеѓу триесетината автори од цел свет, коишто ќе бидат застапени во антологијата на „Карамановите средби на поезијата„ кои оваа година бележат 53 години од своето постоење, одлучи носители на оваа престижна интернационална петска награда за 2020 г. да бидат познатиот виетнамски поет Мај Ван Фан и еминентниот арапски поет Раед Анис Ал-Јиши од Саудиска Арабија.

„Мај Ван Фан негува еден специфицен лирски израз којшто е длабоко вкоренет со виетнамската духовна традиција. Неговиот поетски израз е во совршена хармонија на поистоветувањето со природата и неговиот ненаметлив тивок пев којшто нè преплавува со контемплативниот филозофски дискур и изненадува со едноставното што одеднаш станува раскошно пресликување на стварноста како во стихот: „Еруптирајќи еден цвет отвора огромни пространства земја„ велат од уд Управниот одбор.

„Од друга страна арапскиот поет Раед Анис Ал-Јиши шокира со жестокоста на својот модерен израз, кој во жижата на својот пев ги изразува сите изми на современиот отуѓен човек за кој задоволствто и тегобноста се двете лица на поетот кој како арлекин жонглира со своите апсурди. За него нема тема која во која не се изразува атмосферата на апсурдот во кој ни животот ни смртта не си се повеќе доволни еден на друг. Сепак, тој не би бил голем поет кога, аспотрофирајќи ја совјата дребност не би бил свесен дека е ништо но и сè, бидејќи само големите и достојните му припаѓаат на слободниот збор“ додаваат од Управниот одбор на „Караманови средби на поезијата„ .

Дел од творештво на овие двајца емиенентни поети „Караманови средби на поезијата„ ќе се објави како прва книга во библиотеката „Шестокрилеста птица„ од едицијата „Караманов„, која постои веќе 25 години.Изборите поезија во оваа заедничка книга на наградените поети ќе ги носат нсловите: МАЈ ВАН ДАН – „НОВОГОДИШНО КАПЕЊЕ„ И РАЕД АНИС АЛ-ЈИШИ „ЗАЧУДЕН БАРУТ„. Составувачи и уредници на оваа книга се писателите Борче Панов и Даниела Андоновска Трајковска, која, воедно, ги препеа изборите од англиски на македонски јазик.

Согласно новите програмски интенции на Карамановите поетски средби, интернационалната книжевната награда „Ацо Караманов„, преставува нова светла точка низ круговите на светските поетски меридијани, којашто преставува нова алка за поврзување на Македонија со културите и книжевните токови во светот со цел ликот и делото на Ацо Караманов да го добијат своето заслуженио место во светот, како и да поттикнат поинтезивна книжевна афирмација и соработка на македонските писатели и меѓусебна книжевна соработка и афирмација.

Инаку Maj Ван Фан (Mai Văn Phấn) е виетнамски поет роден во 1955 во Нин Бин (Ninh Bình), на делтата на Црвената Река во Северен Виетнам. Живее и пишува поезија во Хај Фонг (Hải Phòng). Има добиено неколку национални и интернационални книжевни награди, вклучувајќи ја и наградата од Друштвото на писатели на Виетнам во 2010 год., Книжевната награда Cikada во Шведска во 2017, награда од Српската академија на науките и уметностите во 2019, Нагрaдата од здружението на преведувачи од Црна Гора во 2020. Има објавено 16 книги поезија, една книга со критики и есеи и 21 книги кои се објавени во странство. Поезијата на Мај Ван Фан е преведена на 33 јазици.

Раед Анис Ал-Јиши (Raed Anis Al-JISHI) (поет, преведувач од Катиф, Саудиска Арабија) е дописен соработник на Универзитетот во Ајова, САД (Iowa university-USA), член на одборот за планирање на наставата за образование на наставаници на националниот Шангајски универзитет за образование – Тајван. Toj има пет негови книги преведени на други јазици, а има објавено една новела, како и 9 поетски книги на арапски јазик од кои последната е преведена на француски, и една книга објавена на англиски („Bleeding Gull: Look, Feel, Fly“), а е преведена на српски, виетнамски и италијански (во Италија има добиено повеќе награди за најдобро преведена книга). Неговата поезија е преведена и објавена на многу светски јазици, информираат од Центар за култура,, Ацо Карамнов” од Радовиш

Continue Reading

Радовиш

Започнува изградбата на три нови улици во Јаргулица

Виолета | Media Press

Published

on

Општина Радовиш продолжува да вложува во развојот на инфраструктурата и подобрување на условите на граѓаните и во време на пандемија.

Започнува изградбата на три улици со фекална канализација со вкупна должина од 620 метри во село Јаргулица.

„Воедно, екипите на ЈП Плавај ќе ја променат и трасата на водоводната инсталација во должина од 2 километри“, информира градоначалникот Герасим Конзулов кој денеска беше на терен.

Деновиве започнаа градежните работи за изградба и на улица бр.8 во Урбан блок 9.3 во Радовиш. Улицата ќе биде изградена по сите стандарди и ќе има тротари, фекална и атмосферска канализација.

Пред неколку недели започна изградбата и на улица број 2 во истиот урбан блок.  Како што сознаваме од градоначалникот Герасим Конзулов во овој период во фаза на изградба се уште неколку улици во наслените места. 

Continue Reading

Радовиш

(Видео) Координирана акција на радовишката полиција во сузбивање на дрвокрадството, лишени од слобода три лица

Виолета | Media Press

Published

on

Во координирана акција на Радовишката полиција и ЈП Национални шуми денеска беше откриена  организирана група за нелегална сеча на огревно дрво (дрвокрадство) на планината Плачковица.  Акцијата започнала во утринските часови по добиени сознанија до полицијата дека се врши кражба на дрва, а заврши во текот на денот.

Одземени беа 4 автомобили натоваени со огревно дрво кои беа однесени во кругот на ЈП Национални шуми. Кражбата  ја извршиле 3 полнолетни лица од Радовиш од турска националност, кои од страна на полицијата се лишени од слобода, поради прекршување на законот за бесправна сеча на огревно дрво.

Од ЈП Национални шуми велат дека ове е една од низата акции кои ги спроведува ПС од Радовиш, а ваквите акции ќе продолжат и во иднина. Директорот Димче Анастасов вели дека имаат големи проблеми со дрвокрадствот, но се надева дека со ваквите акции оваа немила појава ќе се стави под контрола.

Тој додава дека тие вршат редовна достава на огревно дрво согласно склучените договори и апелира до граѓаните, дека можат да набават и огревно дрво од втора и трета класа за пониска цена, а сепак тоа да биде законски и да не се изложуваат на ризик, купувајќи дрво нелегално од дрвокрадци. 

Continue Reading