Радовиш
Со изложба на уметнички дела од академскиот сликар Владимир Темпов, свечено е отворена ликовната колонија „Караманов – 2020“ во Радовиш

Published
4 months agoon
By
Media PressСо изложба на збирка на уметнички дела од познатиот академскиот сликар Владимир Темпов од Кавадарци, денеска во центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, свечено беше отворена традиционалната ликовна колонија „Караманов-2020“.
15 уметници од Македонија во наредните три дена ќе творат на манастирот Свети Ѓеоргиј во Ораовица. Колонијата ја отвори директорката на центарот за култура Изабела Ангелова.
Присутните уметници ги поздрави и градоначалникот Герасим Конзулов, кој им посака на уметниците добредојде во Радовиш и успешна ликовна колонија, која годинава е споена заедно со традиционалната 5-та ликовна колонија „Свети Георгиј“ која вообичаено се одржуваше во јуни, но поради пандемијата беше одложена.
Присутните уметници и гости ги поздрави и претседателот на ДЛУ „Рада“ од Радовиш, Душан Коцев.
Присутнита на настанот на крајот уживаа во прекрасните дела на академскиот сликар Владимир Темпов кои беа изложени во центарот за култура. Двете ликовни колонии ќе бидат одржана на манастирот Свети Ѓеоргиј во Ораовица согласно препораките и протоколите предвидени за организирање на вакви настани во услови на пандемија. Иако се со Меѓународен нема да учествуват уметници од странство. Истите се поддржани од Министерството за култура и Општина Радовиш.

Поврзани содржини
Реализација на неколку капитални проекти ќе ја обележат 2020, за Општина Радовиш
Градежниот бренд Адора и Фондацијата Новак Ѓоковиќ, со партнерска хумана мисија во Србија за подобра иднина на најмладите
Црковниот храм свети Пророк Илија во Радовиш добива сосема нов лик, по реновирањето деновиве започна фрескоживописот на храмот
Новогодишно обраќање на градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов
Асфалтирана новата улица број 2, во Урбан блок 9 во Радовиш, со што завршува градежната програма за оваа година
Рудниците Бучим и Боров дол ќе донираат над 1.000 новогодишни пакетчиња кои ќе бидат подарени на дечињата
Радовиш
Реализација на неколку капитални проекти ќе ја обележат 2020, за Општина Радовиш

Published
2 days agoon
January 21, 2021By
Media Press
Реализација на неколку капитални прокети ја обележаa 2020 година, за Општина Радовиш. Главен проект за општината и за градоначалникот Герасим Конзулов секако е изградбата на нов резервоар за вода, капитален проект со прекугранична соработка со Бугарија, во вредност од 53.306.000 денар, со кој се реши едно клучно прашање, проблемот со водоснабдувањето во високите зони на градот.

Во оваа година ќе остане забележано и реконструкцијата на регионалниот пат од Радовиш кон планината Плачковица во должина од 7 километри со средства обезбедени од Министерството за транспорт и врски во вредност од 35 милиони денари.

Според градоначалникот Конзулов после 40 години за прв пат се реконструира овој пат, со што се подобрија условите за движење на возилата. Исто така беше изграден и патот од Бел камен до месноста Добра, во должина од три километри.
Изградба на коритото на река Сушица од 2,2 километри е еден од проектите кој започна да се реализира во 2020 гоинна. Река Сушица само во последните десетина години се има излеано трипати и претставува потенцијална опасност за поплави. Наскоро речното корито ќе добие сосема нов изглед со кеј и улица покрај раката.

Проектот за енергетска ефикасност на ООУ Орце Николов од Ињево исто така е еден од капиталните проекти со кој беше извршена реконструкција на училиштето по европски стандарди. Средствата во износ од околу 288 илјади евра беа обезбедени од ИПА фондовите на ЕУ за прекугранична соработка.

Во 2020 се реализира и проектот за енергетски ефикасно улично осветлување, преку кој се заменети сите стари, со нови лед, еколошки сијалици. Станува збор за инвестиција во вредност 1,6 милиони евра поддржана од Европската Банка за обнова и развој преку ЕСКО модел на јавно приватно партнерство. Општина Радовуш средствата ќе ги враќа исклучево преку заштеда на енергија, а опремата останува на трајно користење.

Општина Радовиш во 2020, набави камион кипер за потребите на ЈП Плаваја за справување со отпадот и за други потреби, со што го збогати возниот парк, со средства од Светска банка и од општинскиот буџет.

Во 2020 беше извршена и реконструкција на втората коловозна лента на Булеварот Александар Македонски во Радовиш, изградени беа и неколку улици во градот и во населени места со што се подбрени ивфраструктурните услови на граѓаните.
Радовиш
Од денеска започна второто полугодие од оваа учебна година

Published
2 days agoon
January 21, 2021By
Media Press
Во двете ООУ Никола Карев и Крсте Петков Мисирков во Радовиш, наставата започна успешно. Како што велат директорите на овие училишта вообичаено учениците биле пречекани во затоплени простории, подготвени за настава. Во централните училишта учениците од 1 до 3 одделение настава посетуват со физичко присуство а од 4 до 9 оделение онлајн. Во подрачните училишта наставата се одвива со физично присуство за учениците од 1 до 5 одделение.
Матуранти денеска не се вклучија во онлајн-наставата и во почетокот на второто полугодие од учебната година. Организирани од Средношколскиот сојуз, почнаа бојкот зашто бараат да полагаат два наместо четири предмети од државната матура – спротивно на ставот на МОН дека оваа година нема да има измени во бројот на испити, но дека ќе се полага по скратени програми. Тие бараат намалување на бројот на предмети во државна матура и како што најавуваат бојкотот ќе трае една недела.
Радовиш
(Видео) Осветени водите во црковниот храм Свети Пророк Илија во Радовиш на денешниот голем празник Богојавление

Published
4 days agoon
January 19, 2021By
Media Press
Православните верници денеска го одбележаа големиот христијански празник Богојавление – Водици со свети литургии во црквите и нивните дворови. Оваа година поради пандемијата со Ковид – 19 немаше организирање фрлање на светиот крст во вода и скокање по него, за големиот празник Богојавление. Но сепак водата беше осветена во сите црковни храмови.

Во црковниот храм Свети Пророк Илија во Радовиш беа целосно испочитувани препораките и мерките за заштита од Ковид – 19 и во присуство на мал број верници беше осветена водата, по што верниците си понесоа и во своите домови. Претходно во црковниот храм беше одржана света божествена литургија.

Богојавление се празнува уште од вториот век, а е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на Свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.

Филипче: Не постојат законски пречки за увоз на вакцини против КОВИД-19, интервентен увоз на лекови не е новина во нашата земја

УЈП ќе исплаќа ДДВ за последното тримесечје од 2020 година

Нафтените деривати се намалуваат за два денари

Во Македонија нема мутација на коронавирус покажуваат анализите
