Радовиш
Со ликовен хепениг на млади уметници од денеска започна традиционалната ликовна колонија „Караманов- 2020“ во Радовиш
Објавено на
Од
Media PressСо ликовен хепениг на талентирани ученици од основните училишта во Општина Радовиш, од денеска започна традиционалната ликовна колонија „Караманов- 2020“ во Радовиш. 17те млади уметници кои твореа во прекрасниот амбиент во дворот на црковниот храм Света Троица, ги посети и градоначалникот Герасим Конзулов заедно со секретарот на општината Драги Стојанов. Делата ќе бидат изложени утре во Центарот за култура „Ацо Караманов“ кога ќе биде и свеченото отварање на ликовната колонија „Караманов -2020“.

Ликовната колонија „Карамнов“ ќе биде одржана на манастирот Свети Ѓеоргиј во Ораовица согласно препораките и протоколите предвидени за органзирање на вакви настани во услови на пандемија.
Според директорката на центарот за култура Изабела Ангелова, како организатори на оваа традиционална ликовна колонија, и годинава уметниците ќе имаат можност да творат иако во вонредна ситуација поради пандемијата, почитувајќи сите мерки и препораки. Се очекува да учествуваат 15 уметници од Македонија.
Иако е со Меѓународен карактер на истата нема да учествуват уметници од странство. Ликовната колонија „Караманов“ се организира во чест на младиот радовишки писател Ацо Караманов, кој покрај со пишување се занимавал и со цртање на карикатури. Истата е во организација на центарот за култура „Ацо Караманов“ а под покровителство на Министерството за култура и Општина Радовиш.

Поврзани содржини

Заврши 9 -та Меѓународна радовишка ликовна колонија со изложба на изработените дела и со доделување на сретификати и благодарници

Се одржа „5-та детска ликовна колонија“ во Радовиш на тема „Фолклорот наша вековна инспирација“

Започна 8-та Меѓународна радовишка ликовна колонија во Радовиш

Изложени делата од годинашата Струмичка ликовна колонија во Центарот за култура „Антон Панов“

Заврши Mеѓународната радовишка ликовна колонија „Свети Ѓеоргиј“

Во Радовиш, отворена седмата Меѓународна ликовна колонија Свети Ѓеоргиј -2022
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

