Со ликовен хепениг на млади уметници од денеска започна традиционалната ликовна колонија „Караманов- 2020“ во Радовиш
Со ликовен хепениг на талентирани ученици од основните училишта во Општина Радовиш, од денеска започна традиционалната ликовна колонија „Караманов- 2020“ во Радовиш. 17те млади уметници кои твореа во прекрасниот амбиент во дворот на црковниот храм Света Троица, ги посети и градоначалникот Герасим Конзулов заедно со секретарот на општината Драги Стојанов. Делата ќе бидат изложени утре во Центарот за култура „Ацо Караманов“ кога ќе биде и свеченото отварање на ликовната колонија „Караманов -2020“.
Ликовната колонија „Карамнов“ ќе биде одржана на манастирот Свети Ѓеоргиј во Ораовица согласно препораките и протоколите предвидени за органзирање на вакви настани во услови на пандемија.
Според директорката на центарот за култура Изабела Ангелова, како организатори на оваа традиционална ликовна колонија, и годинава уметниците ќе имаат можност да творат иако во вонредна ситуација поради пандемијата, почитувајќи сите мерки и препораки. Се очекува да учествуваат 15 уметници од Македонија.
Иако е со Меѓународен карактер на истата нема да учествуват уметници од странство. Ликовната колонија „Караманов“ се организира во чест на младиот радовишки писател Ацо Караманов, кој покрај со пишување се занимавал и со цртање на карикатури. Истата е во организација на центарот за култура „Ацо Караманов“ а под покровителство на Министерството за култура и Општина Радовиш.