Connect with us

Македонија

Претседателот Пендаровски го врачи признанието „Инженерски прстен“ на најдобрите дипломирани инженери

Media Press

Published

on

Претседателот Стево Пендаровски, вчера во „Вила Водно“, го врачи признанието „Инженерски прстен“ на најуспешните дипломирани студенти од областа на инженерските дисциплини во Македонија.

Инженерскиот прстен, чијашто цел е признание, но и афирмација на инженерските професии и поттик за формирање на квалитетен инженерски подмладок, го доделуваат Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, под покровителство на Претседателот на  државата. Годинава добитници на признанието се 8 дипломирани инженери од различни области.

Во своето обраќање, претседателот Пендаровски ја нагласи важноста на инженерството во креирањето на целокупната иднина на секое општество.

Според Претседателот, без разлика дали станува збор за архитекти, машинци, информатичари, технолози, електротехничари, градежни, земјоделски или шумарски инженери,  нивниот професионален предизвик е остварување на личен развој, но и прогрес за пошироката заедница во која живеат.

„Се надевам дека најголем дел од вас ќе продолжат да се надградуваат, да напредуваат и професионално да се остваруваат во својата татковина. За тоа да се случи мора да бидат создадени сите предуслови од релевантните субјекти: државните институции, системот на образованието, бизнис-заедницата, за вашата иднина и професионалниот развој да бидат врзани со матичната земја“, нагласи претседателот Пендаровски, посакувајќи им на младите инженери натамошен успех и да бидат движечка сила која ќе овозможи напредок и општество на благосостојба.

Признанието „Инженерски прстен“ се доделува по 17-ти пат, а досега го добиле 178 дипломирани инженери.

Македонија

Филипче: Не постојат законски пречки за увоз на вакцини против КОВИД-19, интервентен увоз на лекови не е новина во нашата земја

Media Press

Published

on

Интервентниот увоз на лекови не е никаква новина и години наназад постапката се користела за увоз на вакцини и други препарати појасни денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања во врска со увозот на вакцините против КОВИД-19.

Измената во Законот за лекови доаѓа после специфичното барање на компанијата Фајзер, која ја донесоа на глобално ниво, а тоа е за конкретниот продукт – вакцината против КОВИД-19, да немаат обврска да прават никакви договори со локални компании, туку самите да аплицираат, во секоја од државите како претставништво од надвор, од странство за да направат регистрација на продуктот – појасни Филипче.

Не постојат законски пречки вакцините да стигнат во земјава. Што се однесува до договорот кој нашата земја го направи со Република Србија, од каде треба да добиеме 8000 вакцини, се чека Србија да добие дозвола од Фајзер за извозот на вакцините. И вакцините од Србија ќе бидат со интервентен увоз.“ – кажа министерот за здравство Венко Филипче

Не може да има регистрација во ниту една од земјите, затоа што продуктите се нови. Тоа не може да се очекува, ниту пак има потреба бидејќи, документите што се даваат за интервентен увоз се сосем доволни. Со тоа се обезбедуваме дека целата постапка на правење на вакцината, контролите во матичните земји каде се направени, контролите од меѓународните лаборатории, сертификатите за квалитет, со сето тоа се осигуруваме за квалитетот – изјави министерот.

Continue Reading

Македонија

Нафтените деривати се намалуваат за два денари

Media Press

Published

on

Од вечерва цените на нафтените деривати ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 денари за литар.

Регулаторна комисија донесе одлука за промена на цените на нафтените деривати со престанувањето на важност на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба.

Од вечерва ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 денари за литар и со тоа ЕУРОСУПЕР БС-95 од вечерва ќе изнесува 61,00 денар за литат, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 63,00 денари за литар, и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 52,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 13,00 денари за литар и ќе се продава по 41,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС не се променува и останува 30,823 денари за килограм

Continue Reading

Македонија

Во Македонија нема мутација на коронавирус покажуваат анализите

Media Press

Published

on

Резултатите од анализите направени во лабораторијата на МАНУ покажаа дека кај нас нема мутација на коронавирус, слична на таа која се појави во Велика Британија, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој истакна дека кај нас е присутен истиот вирус, но тоа не е сигнал да ги намалиме мерките. „И покрај тоа што опаѓа бројот на новозаразени, се уште треба да бидеме внимателни, бидејќи сега училиштата почнаа повторно да функционираат. Сите мерките за заштита остануваат и натаму. Следната недела ќе ја анализираме состојбата и врз основа на тоа ќе носиме други мерки и препораки“, рече Филипче.

Инаку од вчера угостителите се вратија на работното време до 21 часот, од која одлука не се целосно задоволни, бидејќи тие бараа да работат до 23 часот.

Continue Reading